• РАБОТНИТЕ ОДНОСИ Видови на работен однос Надомест на штета од работен однос Коментар, обрасци и практични упатства за современите
  • Коментар, обрасци и практични упатства за современите и успешни кадровски служби Автор: д-р Војо Беловски Лектор: Д-р Толе Белчев
  • Видови на работен однос и тоа
  • Втор дел
  • СОДРЖИНА ПРВ ДЕЛ ВИДОВИ НА РАБОТЕН ОДНОС – ВИДОВИ НА ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊ
  • Волонтерски стаж ; 6 . Договор за вработување со неполно работно време ; 7 .
  • Договор за вработување на куќни помошници СОДРЖИНА ВТОР ДЕЛ
  • 1. Одговорност на работникот за штета причинета на работодавачот; 2. Одговорност на работодавачот за штета причинета на работникот и на трети лице;
  • 3. Прекршочна и кривична одговорност на работодавачот за штета причинета на работникот и на трети лица;
  • Д-р Војо Беловски, професор на Универзитет „Гоце Делчев – Штип, Правен и Економски факултет.

  • Скачать 145.81 Kb.


    Дата19.01.2018
    Размер145.81 Kb.

    Скачать 145.81 Kb.

    Д-р Војо Беловски работните односи видови на работен однос



    Д-р Војо Беловски
    РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

    Видови на работен однос

    Надомест на штета од работен однос

    Коментар, обрасци и практични упатства за современите и успешни кадровски служби


    Скопје, 2015

    Д-р Војо Беловски
    РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

    Видови на работен однос

    Надомест на штета од работен однос

    Коментар, обрасци и практични упатства за современите и успешни кадровски служби

    (Монографија)




    РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

    Видови на работен однос

    Надомест на штета од работен однос

    Коментар, обрасци и практични упатства за современите и успешни кадровски служби
    Автор: д-р Војо Беловски
    Лектор: Д-р Толе Белчев
    Техничко уредување: М-р Јовица Беловски
    Издавач: Компанија Д-р Беловски - Друштво за интелектуални услуги и менаџмент консалтинг ул: Никола Вапцаров бр: 3/1, 1000 Скопје

    тел: 02 3211 901 и 070 370 399

    ЕМБС: 5731402

    e-mail: belovski@workmail.com

    За издавачот: м-р Јовица Беловски

    Печати:

    Европа 92 Кочани

    Тираж: 200

    -CIP - Каталогизација во публикација


    Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје

    349.22(497.7) (035)


    349.233(497.7) (035)

     БЕЛОВСКИ, Војо


       Работните односи : видови на работен однос, надомест на штета од 
    работен однос : коментар, обрасци и практични упатства за современите
    и успешни кадровски служби / Војо Беловски : коментар, обрасци и    
    практични упатства за современите и успешни кадровски. - Скопје :   
    Компанија "Д-р Беловски", 2015. - 136 стр. ; 21 см

    Биографски податоци: стр. [133-136]. - Библиографија: стр. [132]

     ISBN 978-608-65289-4-2

     а) Работни односи - Надомест на штета - Македонија - Прирачници


    COBISS.MK-ID 99492106

     

     



     


    РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

    Видови на работен однос

    Надомест на штета од работен однос

    Коментар, обрасци и практични упатства за современите и успешни кадровски служби

    ПРВО ИЗДАНИЕ




    2015 ГОДИНА


    ПРЕДГОВОР

    Збор на авторот

    Овој труд - монографија, РАБОТНИТЕ ОДНОСИ, е всушност коментар, со обрасци и практични упатства за современите и успешни кадровски служби, кој претставува скромен обид на авторот (кој си дозволува слобода за себе да потенцира дека располага со долгогодишно теоретско и практично искуство од областа на работните односи) да даде свој придонес за поквалитена и поуспешна практична примена на дел од прописите – законските решенија од областа на работните односи. Смислата и целта на овој труд е да се објаснат, за полесна практична употреба, конкретните одреби од Законот за работните односи, за да можат корисниците на едноставен и најсоодветен начин даda ги толкуваат и даda применат дел од законските решенија.

    Предмет на обработка и анализа во овој труд ќе биде:

    Прв дел:

    Во првиот дел од овој труд се анализираат моделите на ангажирање на работниците во работниот процес кај работодавачите преку формите на договорите за вработување и нивната содржина наслвен како: Видови на работен однос и тоа:



    Договор за вработување на неопределено време; 2 Договор за вработување на определено време; 3. Договор за вработување (работен однос) со пробна работа;4 Договор за вработување со приправници (приправнички работен однос); 5 Волонтерски стаж; 6 Договор за вработување со неполно работно време; 7 Двоен работен однос; 8 Дополнително работење; 9 Договор за вработување со вршење на работа дома - работен однос надвор од деловните простории на работодавачо; 10 Договор за вработување на куќни помошници.

    Дадени се примери на образци на наведените договори за вработување како урнек за нивна практична примена.

    За да се отстранат евентуални заблуди, објаснета е разликта помеѓу разните видови на работен однос (договори за вработување), како на пример помеѓу приправничкиот стаж, волонтерскиот стаж и волонтерството и пробната рабтота, двоен работен однос, дополнително работење и други.

    Овој труд е корисен за сите правници на кои ова област им е потесна специјалност, за студентите, а посебно за работодавачите при ангажирањето на нови работници како можност за избор на поквалитетни и постручни кадри, кои се регрутираат преку формите на договорот за вработување на приправници и договорот за пробна работа.

    Стекнатото образование е само предуслов за квалитетно и стручно извршување на работние задачи, а преку приправничкиот стаж се постигнува вистинско оспособување за самостојно извршување на работните задачи за работното место за кое кандидатот се подготвува.

    Таа е неопходна образовна подлога, но знаењето, вештината и способноста за успешно извршување на работата во струката се стекнува со практична работа.

    Предноста на пробната работа е во тоа што, ако работникот не задоволува, работодавачот не е во обврска да склучи договор за вработување и има можност да провери и изврши избор од другу кандидати.

    Работникот условно заснова работен однос. Доколку работникот ги исполнува условите на работата, ќе остане во работен однос.

    Волонтерскиот стаж, како посебен услов за плагање на стручен испит или за самостојно вршење на дејност, во согласност со посебен закон, треба да се врши со склучување на договор за волонтерски стаж, меѓу работодавачот и волонтерот.

    Втор дел:

    Во вториот дел Надомест на штета од работен однос и прекршочна и кривична одговорност на работодавачот за штети причинети на работникот и на трети лица, предмет на обработка и анализа е: одговорност на работникот за штета причинета на работодавачот; одговорност на работодавачот за штета причинета на работникот и на трети лице; прекршочна и кривична одговорност на работодавачот за штета причинета на работникот и на трети лица; одговорност на работодавачот за непочитување на прекршочните одреди од ЗБИЗР.

    Штетата претставува повреда на нечие субјективно право или правен интерес. Штетата спрема работодавачот може да биде предизвикана од еден работник или од повеќе работници. Во случаите кога штетата е предизвикана од еден работник имаме исклучива одговорност од него. Во вториот случај, а имено кога штетата се причинува од повеќе работници, секој меѓу нив е одговорен за оној дел од штетата што ја предизвикал. За да се одговара за причинета штета на работодавачот, законодавецот предвидува истата да биде предизвикана со одреден степен на вина.

    Ако работникот на работа или во врска со работата намерно или со крајно невнимание му предизвика штета на трето лице, работодавачот е должен на тоа лице да му ја надомести штетата, а работникот ќе биде должен да ја надомести штетата на работодавачот.

    Според Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството е регулирано; „со колективен договор на ниво на работодавач, се определуваат случаи на штетни дејствија на работникот за кои се утврдува висината на паушалното обештетување, како и начинот и условите за намалување или простување на плаќањето на обештетувањето“.

    Постојат комплекс на односи кои настануваат помеѓу работникот и работодавачот, а во ситуациите кога на работникот му се причинува штета на работа или во врска со работата. Првото ниво се однесува на штетата што работникот ќе ја претрпи на работа или во врска со работата. Обврска е на работодавачот ова штета да ја надомести според општите правила на одговорност за надомест на штетата.

    Втората димензија, односно второто ниво на одговорност на работодавачот за предизвиканата штета на работникот се однесува на сите оние штети кои работникот може да ги претрпи како последица на повреда на правата од работниот однос. Само како пример, престанувањето на работниот однос. Ако во постапката се утврди дека престанувањето на работниот однос нема законска основа, зборуваме дека имаме незаконски престанок на работен однос. Одговорноста на работодавачот е неспорна.

    Прирачникот за Надомест на штета од работен однос и прекршочна и кривична одговорност на работодавачот за штети причинети на работникот и на трети лица има за цел да го олесни пристапот до бројните законски и подзаконски акти кои ја регулираат оваа проблематика за полесна примена на релевантното законодавство во овој домен. Станува збор за едно систематизирање на оваа проблематика, кое е нужно со оглед на нејзината сложена природа но и поради бројните измени и дополнувања на законската регулатива. Прирачникот темелно го разгледува делот кој се однесува на надоместокот на штета од работен однос.

    Работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата. Во рамките на неговите обврски, работодавачот мора да презема мерки потребни за безбедност и здравје при работа на вработените, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства. Работодавачот има обврска да воведе такви заштитни мерки и да избере такви работни и производствени методи кои ќе го подобрат нивото на безбедноста и здравјето при работа, а ќе се вклучат во сите дејности на работодавачот и на сите нивоа на организацијата.

    Во вториот дел од прирачникот се елаборирани кривичноправните и прекршочните аспекти на односот помеѓу работодавачот во случај кога ќе биде причинета штета на работникот или на трети лица. Заштитата на работникот за време на работа како и за време на дејности проврзани со работниот процес е од круцијално значење за гарантирање на неговиот телесен интегритет, заштитата на неговото здравје и живот.Во оваа смисла, во прирачникот наведени се законските одредби од Кривичниот Законик (глава седумнаесетта Кривични дела против работните односи како и глава дваесет и шеста Кривични дела против општата сигурност на луѓето и имотот) и останатите релевантни Закони и подзаконски акти кои се однесуваат или поблиску го регулираат ова прашање. во Прирачникот се дава соодветно објаснување и интерпретација на релевантните одредби. Заради полесно воочување на законските решенија, овој прирачник има за цел не само да ја теоретски елаборира туку и да ја илустрира оваа проблематика преку решенија од судската пракса за конкретни прашања.

    Прирачникот е наменет за сите физички и правни лица. Посебна правна и практична корист од Прирачникот ќе имаат вработените во судовите, во сите правосудни органи во јавните обвинителства, адвокатите, вработените во државните институции и државни органи како и во сите видови на трговски друштва.

    Во континуитет ќе следуваат и други изданија за суштествената проблематика од работните односи.

    Во овој труд се вградени сите измени и дополнувања на Законот за работните односи, заклучно со денот на издавањето. Бидејки нема совршен труд, за авторот на овој Прирачник ќе биде посебно задоволство да му се укаже со добронамерни конкретни сугестии, предлози и забелешки, а сето тоа, со цел за негово доградување и усовршување при негово (евентуално) наредно продолжено издание.

    Ова обраќање да го завршиме со следната мисла: „ниту едно човечко битие не е доволно само на се беси. Потребата од спротивниот пол и потребата од работа се двете заповеди врз кои се заснова целата човечка цивилизација, затоа што тие ја задолжуваат секоја индивидуа да стапи во врска со другите под покровителство на еден заеднички закон.

    Во најпрецизна смисла на зборот, трудовото право е она кое ги регулира размената на трудот за парите“.

    Со посебна почит кон корисниците на овој труд.




    СОДРЖИНА
    ПРВ ДЕЛ

    ВИДОВИ НА РАБОТЕН ОДНОС ВИДОВИ НА ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
    1. Договор за вработување на неопределено време;

    2. Договор за вработување на определено време;

    3. Договор за вработување (работен однос) со пробна работа;

    4. Договор за вработување со приправници (приправнички работен однос);

    5. Волонтерски стаж;

    6. Договор за вработување со неполно работно време;

    7. Двоен работен однос;

    8. Дополнително работење;

    9. Договор за вработување со вршење на работа дома - работен однос надвор од деловните простории на работодавачот;

    9.1. Лично или семејно извршување на работите

    9.2. Заштита на животната средина

    10. Договор за вработување на куќни помошници
    СОДРЖИНА
    ВТОР ДЕЛ

    НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД РАБОТНЕН ОДНОС И ПРЕКРШОЧНА И КРИВИЧНА ОДГОВОРННОСТ НА РАБОТОДАВАЧОТ ЗА ШТЕТИ ПРИЧИНЕТИ НА РАБОТНИКОТ И НА ТРЕТИ ЛИЦА
    1. Одговорност на работникот за штета причинета на работодавачот;

    2. Одговорност на работодавачот за штета причинета на работникот и на трети лице;

    3. Прекршочна и кривична одговорност на работодавачот за штета причинета на работникот и на трети лица;

    4. Одговорност на работодавачот за непочитување на прекршочните одреди од ЗБИЗР.

    Д-р Војо Беловски, професор на Универзитет „Гоце Делчев – Штип, Правен и Економски факултет.

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Д-р Војо Беловски работните односи видови на работен однос

    Скачать 145.81 Kb.