• Злато за виното на „Тиквеш“ на меѓународен натпревар во Франција
  • Радош Вукичевиќ

  • Скачать 106.74 Kb.


    Дата22.01.2019
    Размер106.74 Kb.

    Скачать 106.74 Kb.

    На меѓународен натпревар во Франција Скопје, 1 02. 2013 Уште еден бренд на винарската визба „Тиквеш








    Во друштво на светската винска елита

    Злато за виното на „Тиквеш“ на меѓународен натпревар во Франција
    Скопје, 01.02.2013 – Уште еден бренд на винарската визба „Тиквеш“ се приклучи кон светската винска елита. Виното „Grenache Blanc Special Selection“ на ВВ „Тиквеш“ е добитник на златен медал на меѓународниот натпревар на вина од сортата „гренаш“ („Grenaches du Monde“) кој се одржа во Франција. На листата наградени доминираат вина произведени во некои од најпознатите винарници од Франција, Шпанија и Италија. Виното на ВВ „Тиквеш“ е единственото наградено вино на овој натпревар кое потекнува од Република Македонија, но и пошироко од Централна и Југоисточна Европа. Покрај златен медал, ВВ „Тиквеш“ на овој натпревар освои и две сребрени медали за виното „Бела Вода“ (бело).

    - Иако овој меѓународен вински натпревар се одржува за првпат, наградите што ги добивме се особено важни за нашите брендови, за нашата винарската визба, но и за реномето на квалитетното македонско вино во целина. Да се биде во ист ранг со светската винска елита која ја сочинуваат вината од Франција, Шпанија и Италија е доволен успех сам за себе. Ова значи нов дополнителен поттик за купувачите од најзначајните странски пазари за уште поголем пробив на македонското вино со врвен квалитет, изјави маркетинг директорот на ВВ „Тиквеш“, Радош Вукичевиќ.

    Како што укажува и неговото име, на натпреварот „Grenaches du Monde“ може да учествуваат само вината добиени од сортата грозје „гренаш“, чија бела варијанта во Македонија е позната и под името „белан“. Иако ова винско грозје е најзастапено во одделни региони во Франција, Шпанија, Италија, Грција, Израел, Алжир, Мароко, Аргентина, Јужна Африка, Австралија и САД (Калифорнија), сепак оваа награда е најдобар доказ дека врвно вино од сортата „гренаш“ може да се произведе и во Македонија.

    За повеќе информации посетете ги страниците: www.grenachesdumonde.com и www.tikves.com.mk



    Дополнителни информации: ImagePR, tel. +389 (0)2 3290 486; office@imagepr.com.mk


    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    На меѓународен натпревар во Франција Скопје, 1 02. 2013 Уште еден бренд на винарската визба „Тиквеш

    Скачать 106.74 Kb.