страница5/10
Дата22.01.2019
Размер2.02 Mb.

Примена на ензими во винарската индустрија


1   2   3   4   5   6   7   8   9   10


Лушпата (кај сорти со ситни зрна ја има во поголем процент) содржи значително помалку танини отколку петелките. Црвените сорти имаат повеќе од ова соединение (танин) отколку белите, како и антоциани во облик на гукозиди на црвената боја. Во белите сорти присутни се флавони. Во лушпата може да има и етерични масла, виши алдехиди, виши алкохоли, кетони, естери на вишите масни киселини и др.. Сите овие се ароматични материи.

Семките на надворешната површина содржат повеќе танински материи од петелките и лушпата (2 до 4%) кои лесно се екстрахираат и преминуваат во виното. Бидејќи семките содржат и одредено количество масло кое е непожелно во виното, мора да се внимава во текот на дробење на грозјето да не дојде до кршење на семките [52].

Месото е составено од гроздов сок кој е опкружен со тенки пектинско-целулозни обвивки. Од количеството на месо зависи и искористувањето на грозјето. Вообичаено од 100 kg грозје можно е да се добие 60 до 80 литри шира. Ширата содржи речиси еднакви количества гликоза и фруктоза и многу малку сахароза (1 до 3 g/l) и органски киселини (4 до 8 g/l), од кои винска (4 до 6 g/l), јаболкова(1 до 2 g/l) и лимонска ( 0,3 до 0,7 g/l)

1   2   3   4   5   6   7   8   9   10

Коьрта
Контакты

    Главная страница


Примена на ензими во винарската индустрија