• .2. Структура на клетката на лушпа од грозје



  • страница6/10
    Дата22.01.2019
    Размер2.02 Mb.

    Примена на ензими во винарската индустрија


    1   2   3   4   5   6   7   8   9   10
    . Трулото грозје содржи значително повеќе лимонска киселина која заедно со глуконската киселина се создаваат со метаболизмот на габата Botrytis cinerea [52].

    2.2. Структура на клетката на лушпа од грозје

    На Сл. 5 е дадена структура на клетката на лушпа од грозје. Клеточните sидови се направени од комплекс полисахариди, наречени пектини и овие соединенија ја обезбедуваат структурата и цврстината на клетките. Во клетката е цитоплазмата која содржи јадро, пластиди и ензимски системи, како и вакуоли во кои има шеќери, киселини, антоциани и танини. Пектините се концентрирани во sидовите на средните ламели меѓу клетките, а полимерите на галактуронските киселини често се високо метилирани. Рамноза, арабиноза, галактани и арабиногалактани може да бидат вклучени во пектинските материи. Клеточните sидови имаат повеќе хемицелулозни и целулозни соединенија. Споредниот клеточен sид е најмногу пектин со нешто лигнин, додека основниот клеточен sид е најмногу застапен со целулозни влакна, наречени микрофибрили, во средина од пектини, хемицелулози и протеини.



    Екстракцијата очигледно бара sидовите на средната ламела да бидат деградирани за да ги ослободат клетките, а клеточните sидови да бидат раскршени за да дозволат содржината во вакуолите да биде екстрахирана, или дифундирана во виното. Ова може да биде постигнато со употреба на механичка мацерација, топлина, хемикалии како SO2, или со употреба на пектинолитички ензими.

    1   2   3   4   5   6   7   8   9   10

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Примена на ензими во винарската индустрија