• Програма на патување: 30 април (четврток) СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА
  • 01 мај ( петок) ВЕНЕЦИЈА
  • 02 мај (сабота) ВЕНЕЦИЈА - ФИРЕНЦА
  • 03 мај ( недела ) ВЕНЕЦИЈА - ВЕРОНА - ЛАГО ДИ ГАРДА
  • 1 45 € / 8.990 мкд
  • Oпштите услови за патување на АСА ТУР и СКТМ се составен дел од овој аранжман Во цената е вклучено
  • Во цената не е вклучено
  • Забелешки: Организатор на ова патување е AСА Тур
  • Бул. Јане Сандански, ТЦ 13 Ноември Лок. Бр. 4 ; 1000 Скопје, Македонија

  • Скачать 52.38 Kb.


    Дата29.10.2017
    Размер52.38 Kb.
    ТипПрограма

    Скачать 52.38 Kb.

    Програма на патување: 0 април (четврток) скопје венеција состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот "Holiday Inn" во 2



    aurora-tours-logo-belo-sml\'\'\'

    ВЕНЕЦИЈА

    Верона, Лаго ди Гарда, Фиренца

    30 апр – 03 мај 2015 (2 ноќи/ 4 дена/ автобус)

    1392575_428165717338689_8667973035606721839_n




    За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната и како “Огледало на душата“, “Кралица на Јадранот“, “Градот на вода“, “Градот на мостовите и каналите“... Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Изградена врз дрвени столбови, нејзината архитектура е како да лебди над вода. Заради нејзината уникатност Венеција е заштитена од УНЕСКО. Во 1980 година, Карневалот во Венеција го оживеа градот и стана еден од главните центри зa меѓународни конференции и фестивали, како што e престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, филмски, уметнички и музички продукции.
    Програма на патување:

    30 април (четврток) СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА

    Состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 12:30 часот. Поаѓање за Венеција во 13:00 часот. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
    01 мај (петок) ВЕНЕЦИЈА

    Пристигнување на пристаништето Пунта Сабиони во Лидо Ди Јесоло, во предпладневните часови. Превоз со бродвапоретодо центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање со бродот до Пунта Сабиони и трансфер до Лидо Ди Јесоло. Сместување во хотел. Вечерта можност за индивидуална прошетка низ Лидо ди Јесоло или посета на Венеција и возење на прекрасните гондоли. Ноќевање.

    02 мај (сабота) ВЕНЕЦИЈА - ФИРЕНЦА

    Појадок. Слободно време за индивидуални активности, или факултативна целодневна посета на Фиренца - еден од најсликовитите Италијански градови, познат и како Бисерот на ренесансата. Панорамско разгледување на градот во кој твореле големите уметници на 14 и 15 тиот век: Базиликата на Св. Крст ( Santa Croce)- Фиорентинскиот Пантеон со гробовите на великаните ( Макијавели, Росини, Данте, Галилеј), палатата Гонди во која Леонардо ја наслика Мона Лиза, плоштадот Сињори (своевиден музеј на отворено со бројни скулптури, ремек дела на ренесансата, стариот мост Понте Векио и истоимената палата, Базиликата Сан Лоренцо со капелата на Медичи, крстилницата Сан Џовани... Враќање во хотелот во доцните вечерни часови. Ноќевање.


    03 мај (недела) ВЕНЕЦИЈА - ВЕРОНА - ЛАГО ДИ ГАРДА

    Појадок. Организирана посета на Верона - градот на Ромео и Јулија/ езерото Лаго ди Гарда: започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки. Патувањето продолжува кон Езерото Гарда. Разглед на живописниот град Sirmione кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото. Градот го карактеризира старата тврдина од XIII век Scaligera, како и тесните улици, новиот дел на градот е права оаза од преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина.Поаѓање за Скопје, со попатна посета на Палма Нова ( добро познат шопинг центар) каде ќе направиме пауза за шопинг, по што се продолжува патувањето кон Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје на 14 Април во раните утрински часови.


    ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во 1/2 соба

    (Резервации до и заклучно со 10 Март)

    145 € / 8.990 мкд




    ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 45 ПАТНИЦИ

    Плаќањето ќе се врши исклучиво во денари по курс од 62мкд за 1
    Oпштите услови за патување на АСА ТУР и СКТМ се составен дел од овој аранжман

    Во цената е вклучено :
    Превоз со туристички автобус на наведената релација

    • Сместување во хотел ***, 2 ноќевања со појадок

    • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

    • Организирана посета на Венеција и Верона со Лаго ди Гарда и Сирмионе


    Во цената не е вклучено :


    • Превоз со брод “Вапорето” од Пунта Сабиони - Венеција (10 €)

    • Туристичка такса од ноќевање (се плаќа во хотелите во Италија)

    • Факултативна посета на Фиренца со вклучен трансфер и локален водич ( 45€)

    • Влезници за музеите и културно - историските споменици

    • Патничко осигурување


    Забелешки:

    • Организатор на ова патување е AСА Тур

    • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот

    • Целосна уплата, десет дена пред реализација на аранжманот

    • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на

    цената на превозот (зголемена цена на гориво), да ја промени и цената на аранжманот.

    • Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.

    • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
      и и


    Бул. Јане Сандански, ТЦ 13 Ноември Лок. Бр. 4; 1000 Скопје, Македонија

    Тел. / Факс (+389 2) 2464 440, 2463 838; 2400 520; www.aurora.com.mk aurora@aurora.com.mk




    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Програма на патување: 0 април (четврток) скопје венеција состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот "Holiday Inn" во 2

    Скачать 52.38 Kb.