• Програма образование за животни вештини VII (седмо) два Датум
  • ТЕМА бр. 3 ЈАС И ДРУГИТЕ – ОПШТЕСТВЕНИ ОДНОСИ
  • МИО работилница Работилница Не ни требаат баби
  • Тек на часот Воведна активност
  • Главна активност
  • Завршна активност ЗАКЛУЧОК

  • Скачать 48.76 Kb.


    Дата18.10.2017
    Размер48.76 Kb.
    ТипПрограма

    Скачать 48.76 Kb.

    Програма образование за животни вештини VII (седмо) два Датум: 2015



    ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА НАСТАВЕН ЧАС НА ОДДЕЛЕНСКАТА ЗАЕДНИЦА


    Училиште

    ООУ „Климент Охридски“ Прилеп

    Наставен предмет/ програма

    Програма образование за животни вештини

    VII (седмо)

    два

    Датум:

    2.2.2015


    Тематско подрачје


    ТЕМА бр. 3

    ЈАС И ДРУГИТЕ – ОПШТЕСТВЕНИ ОДНОСИ

    Содржина


    Почитување на другите - недискриминација

    МИО работилница

    Работилница

    Не ни требаат баби

    Цели на часот

    Работилницата



    Почитување на другите, недискриминирање. Запознавање со поимите стереотипи, предрасуди. Позитивна и негативна стереотипизација. Запознавање со видовите дискриминација врз основа на стереотипи и предрасуди.



    Знаења

    Знае дека постојат разлики меѓу луѓето (расни, полови, етнички, религиски, политички, социјални, статусни итн.), знае што се стереотипи, знае што се предрасуди, знае за различни можни основи на дискриминација знае за последиците од дискриминацијата врз поединците и заедниците




    Вештини

    Може да препознае присуство на стереотипи и предрасуди, умее активно да се спротивстави на стереотипите и предрасудите во секојдневието, може активно да се спротивстави на различни облици на дискриминација.





    Ставови


    Ја сфати негативноста на стереотипите и предрасудите, сфати какви последици може да има дискриминацијата за остварување на правата на луѓето, одобрува и да прифати активно спротивставување на дискриминацијата.

    Материјали за

    Работа


    Работен лист на наставникот стр.122. Прирачник стр.120. Пет листови хартија.




    Подготовка на

    услови и средства

    за работа

    Наставничката ги припрема листовите кои што им ги дава на групите. Подготвува и прашања за дискусија.




    Методи и форми

    на работа




    -тимска работа

    -ранливи групи

    -секој има свои силни страни

    -соработка и поддршка



    Тек на часот

    Воведна активност
    Наставничката чита листа на тврдења и од учениците бара да покажат колку мислат дека тврдењето е вистинито со кревање на палецот:

    – доколку сметаат дека тврдењето е вистинито, треба да го кренат палецот од едната рака нагоре;

    – доколку не се сигурни дали тврдењето е вистинито, треба да го држат палецот во хоризонтална положба; и доколку сметаат дека тврдењето воопшто не е вистинито, треба да го свртат палецот надолу.

    Примери за тврдења:

    • Девојчињата се слаби кошаркарки.
    • Момчињата по природа се посилни и попаметни од девојчињата.
    • Муслиманите имаат по две и повеќе жени.
    • Ромите се музикални.
    • Македонците се неистрајни.
    • Тетовците се скржави.
    • Албанците имаат по пет-шест деца.
    • Старите луѓе се немоќни.
    • Младите се агресивни.

    По секое тврдење таа ги пребројува гласовите и ги кажува на глас.




    ДИСКУСИЈА 1
    1. Дали овие тврдења се вистинити? За кого од групата се вистинити? Дали тие се однесуваат на сите поединци од опфатената група? Дали знаете девојче што е добро во кошарка? А дали знаете муслиман што има само една жена?
    2. Дали знаете како се викаат ваквите тврдења? Дали знаете што значи зборот стереотип?

    3. За кого постојат стереотипи?

    4. Дали има само негативни или постојат и позитивни стереотипи за некои групи?
    5. Кои стереотипи ги знаете за афроамериканците? А за некои професионални групи,

    на пример за полицајци или стереотипи за наставници?

    6. Кои стереотипи ги знаете за старите лица?
    Главна активност

    Наставничката ја чита приказната од работниот лист за наставничката „Не ни требаат баби“. Потоа ги дели учениците во групи по пет и секоја група треба да смисли продолжение на приказната и откако ќе го извежба, треба да го презентира пред останатите. По секоја презентација останатите со аплауз ја наградуваат групата што презентирала.

    ДИСКУСИЈА 2


    1. Каков стереотип имаше наставничката Соња за старите луѓе?

    2. Поради што таа изградила таков стереотип?

    3. Зошто Едона ја предложила својата баба за планинарење? Зошто Едона немала таков стереотип за старите луѓе

    4. Што мислите за различните краеви на приказната што ги претставивте? Дали во нив имаше коригирање на стереотипот?

    5. Како во реалниот живот би можеле да постапите доколку гледате дека некој има предрасуди кон некого врз база на определен стереотип?

    6. На кои начини би можеле да се бориме против стереотипите?


    Завршна активност
    ЗАКЛУЧОК
    Стереотипите ги градиме под влијание на семејството, училиштето, другарите, медиумите.

    Важно е стереотипите што ги имаме кај себе да ги препознаеме и кон поединци од различни групи да пристапуваме отворено, да ги запознаеме, да се дружиме со нив, а не однапред да формираме мислење за нив врз основа на нивната припадност кон одредена група.

    Сите имаме одговорност да се бориме против стереотипите и предрасудите што ги забележуваме кај себе и кај другите, преку тоа што аргументирано ќе се спротивставиме на стереотипот и ќе се обидеме да ги објасниме карактеристиките на личноста, независно од нејзината припадност на определена група.
    РЕФЛЕКСИЈА

    1. Што правевме?


    2. Како се чувствувавме?
    3. Што научивме?
    4. Како може наученото да го користиме во секојдневниот живот?



    Одделенска раководителка: Јулијана Талеска

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Програма образование за животни вештини VII (седмо) два Датум: 2015

    Скачать 48.76 Kb.