• ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ
  • ДЕФИНИЦИЈА
  • ЕТИОЛОГИЈА
  • ПРИНЦИПИ НА ТЕРАПИЈА
  • РЕФЕРЕНЦИ
  • ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ



  • страница1/24
    Дата14.01.2018
    Размер1.81 Mb.

    Prolongirana kaslica kaj vozrasni


      1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   24

    АКУТНА РЕСПИРАТОРНА СЛАБОСТ


    МЗД Упатства

    19.08.2010





    • Основни податоци

    • Дефиниција

    • Етиологија

    • Основни принципи на терапија

    • Поврзани докази

    • Референци

    ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ


      • Да се обезбеди елиминација на ЦО2, соодветна ткивна сатурација со кислород и адекватна вентилација

      • Да се избегне екцесивното давање на кислород кое доведува до понатамошна респираторна депресија кај пациентите со хронични белодробни болести

      • Да се избегне токсичниот ефект на кислородот

    ДЕФИНИЦИЈА


      • Респираторна слабост значи пореметување во размената на гасови помеѓу надворешната средина и артериската крв ( артериски ПаО2<8кПа, артериски ПЦО2>6,7 кПа)

      • Може да се подели во три подгрупи

      • Нарушување во размената на гасови на алвеоларно ниво (хипоксијата е примарен проблем)

      • Нарушена вентилација (хиперкапнијата е примарен проблем

      • Влошување на белодробна болест (обструкцијата е примарен проблем)

    ЕТИОЛОГИЈА


      • Депресија на респираторниот центар

      • Предозирање со дроги (опиоиди), интоксикации

      • Употреба на превисоки дози на кислород кај пациенти со ХОББ

      • Нарушена свест од разни причини

      • Пореметен пренесување на нервните импулси до респираторната мускулатура

      • Повреди на кичмата

      • Неуролошки болести

      • Мускулни дистрофии

      • Црусх повреди на граднот кош

      • Пнеумоторакс, хематоторакс

      • Обструкција на дишни патишта

      • Алвеоларна хиповентилација

      • Тешка пневмонија

      • АРДС

      • Белодробен едем

      • Нарушена белодробна циркулација

      • Белодробна тромбоемболија

      • Намалена сатурација со кислород во крвта

      • Тешка анемија

      • Труења со ЦО

      • Прологирани конвулзии

    ПРИНЦИПИ НА ТЕРАПИЈА


    • Основна цел на терапијата е да се одржи адекватна оксигенација на ткивата.

      • Третман со кислород

      • Со Вентимаск 40%

      • Потребна е особена предпазливост кај пациенти со ХОББ (Вентимаск 28%) бидејќи зголемената концентрација на О2 доведува до депресија на респираторнот центар

      • Оксигенотерапијата не ја подобрува вентилацијата, и мора внимателно да се користи кај пациенти со нарушена вентилација

    • Третман со континуиран позитивен притисок (ЦПАП) (ннд)2

    • Третман со вентилатор 3

    • Во зголемува волуменот на белите дробови, ги отвара колабираните дишни патишта, влиае на респирацијата

    • Кај лесни случаи:

        • Неинвазивната вентилација со позитивен притисок . БиПАП може да се користи при акутна егзацербација на ХОББ која доведува до респираторна слабост, со маска и иницијална притисочна подршка (6 мм Х2О, ИПАП-ЕПАП) (ннд)

        • Користење на Беннет или Бирд вентилатори, 10-15 цм. зголем притисок во тек на 15 минути во интервали од 1-2 часови во полесни случи на 4 часа. 3

        • Кај потешки случи


    Важно

    • 80-100% кислород може да се дава во тек на повеќе часови

    • 50-80% кислород може да се дава во тек на повеќе денови

    • <50% кислород може да се аплицира континуирано

    • Парцијалниот притисок на О2 не смее да надмине 17-18кПа поради ризик од оштетување на очите

    ПОВРЗАНИ ДОКАЗИ

      • Нема доволно докази во прилог на тезата дека високофреквентната вентилација ја намалува смртноста ниту долгорочниот морбидитет кај пациенти со акутна белодробна инсифицинеција и акутен респираторен дистрес синдром. (ннд -Д)

    РЕФЕРЕНЦИ


    1. Балл Ц. Усе оф тхе проне поситион ин тхе манагемент оф ацуте респираторѕ дистресс сѕндроме. Цлиницал Еффецтивенесс ин Нурсинг 1999;3:36-46

    2. Тхе Датабасе оф Абстрацтс оф Ревиењс оф Еффецтивенесс (Университѕ оф Ѕорк), Датабасе но.: ДАРЕ-999301. Ин: Тхе Цоцхране Либрарѕ, Иссуе 1, 2001. Оџфорд: Упдате Софтњаре

    3. Кеенан СП, Кернерман ПД, Цоок ДЈ, Мартин ЦМ, МцЦормацк Д, Сиббалд ЊЈ. Еффецт оф нонинвасиве поситиве прессуре вентилатион он морталитѕ ин патиентс адмиттед њитх ацуте респираторѕ фаилуре: а мета-аналѕсис. Црит Царе Мед 1997;25:1685-1692

    4. Тхе Датабасе оф Абстрацтс оф Ревиењс оф Еффецтивенесс (Университѕ оф Ѕорк), Датабасе но.: ДАРЕ-971294. Ин: Тхе Цоцхране Либрарѕ, Иссуе 4, 1999. Оџфорд: Упдате Софтњаре

    5. Нава С, Хилл Н. Нон-инвасиве вентилатион ин ацуте респираторѕ фаилуре. Ланцет 2009 Јул 18;374(9685):250-9. ПубМед

    6. Њхеелер АП, Бернард ГР. Ацуте лунг инјурѕ анд тхе ацуте респираторѕ дистресс сѕндроме: а цлиницал ревиењ. Ланцет 2007 Маѕ 5;369(9572):1553-64. ПубМед

    7. Дрисцолл БР, Хоњард ЛС, Дависон АГ. О'Дрисцолл БР, Хоњард ЛС, Дависон АГ, Бритисх Тхорациц Социетѕ. БТС гуиделине фор емергенцѕ оџѕген усе ин адулт патиентс. Тхораџ 2008 Оцт;63 Суппл 6():ви1-68. ПубМед

    8. Цлиницал индицатионс фор нонинвасиве поситиве прессуре вентилатион ин цхрониц респираторѕ фаилуре дуе то рестрицтиве лунг дисеасе, ЦОПД, анд ноцтурнал хѕповентилатион--а цонсенсус цонференце репорт. Цхест 1999 Ауг;116(2):521-34. ПубМед




    1. ЕБМ Гуиделинес, 19.08.2010 , њњњ.ебм-гуиделинес.цом.

    2. Упатството треба да се опреснува еднаш на 3 години.

    3. Предвидено следно опреснување во 2015 год.



    АЛЕРГЕН-СПЕЦИФИЧНА ИМУНОТЕРАПИЈА

    МЗД Упатства



    17.06.2010



    • Основни податоци

    • Општо

    • Услови кои треба да се исполнат пред да се започне со алерген специфична имунотерапија

    • Индикации

    • Контраиндикации

    • Практични аспекти

    • Претпазливост

    • Реакции поврзани со третманот

    • Следење на третманот

    ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

        • Ефектот на алерген специфична имунотерапија е добар кај алергискиот ринитис и кај алергија на веноми од Хименоптера.

    • Алерген-специфичната имунотерапија исто така се користи кај алергиска астма како дел од анти-инфламаторната терапија.

    ОПШТО

        • Алерген-специфична имунотерапија е етиолошка терапија кај ИгЕ посредувани:

    • Алергиски ринитис и коњуктивитис

    • Алергиска астма и

    • Алергија на отров од оса или пчела (Хименоптера)

        • Во тек на спроведување на алерген-специфичната имунотерапија алергиската инфламација во таргет органите исчезнува.

        • Кај алергија на отров од Хименоптера, алерген-специфичната имунотерапија го намалува бројот на анафилактичните реакции кои го загрозуваат животот на пациентите.

        • Третманот обично трае 3 -5 години.

        • Третманот има ефект кај 80-90% од пациентите и ефектот трае неколку години (10 години според најновите студии) по прекинот на третманот.

        • Одлука за започнување на третманот ја донесува специјалист, пожелно специјалист алерголог.

    УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ ПРЕД ДА СЕ ЗАПОЧНЕ СО АЛЕРГЕН СПЕЦИФИЧНАТА ИМУНОТЕРАПИЈА

    • Пациентот да има потврдена ИгЕ посредувана алергија (алергиски рино-конјунктивитис) која ги предизвикува симптомите.

    • Со елиминација и избегнување на алергените и третманот со лекови не е постигнато отстранување на симптомите.

    • Алергиската болест е во рана фаза. (Ризикот за децата кои се алергични на полен кои подоцна би развиле астма се намалува кога доволно рано ќе се започне со алерген-специфична имунотерапија).

    • Нема контраиндикации за третманот.

    • Треба да постои едуциран персонал кој е во состојба да овозможи и потоа и да го следи третманот.

    • Пациентот треба да е информиран за траењето на третманот, ограничувањата и можните несакани ефекти и да сака да го спроведе третманот. Ова ја подобрува соработката со болниот.

    ИНДИКАЦИИ

    • Алергија на отров од Хименоптера

    • Алергиски рино-конјуктивитис предизвикан од:

    • Полен

    • Крлежи на домашна прашина

    • Животни/домашни миленици (кај посебни случаи)

    • Астма (ннд-А)

    • Полен

    • Крлежи на домашна прашина

    • Животни/домашни миленици (кај посебни случаи)

    • Алергија на мувли.

    • Професионални алергии:

    • животни

    • Ефектот е добар кај алергија предизвикана од полен, животни и крлежи на домашна прашина. Кај алергија на отров од Хименоптера инсекти, аллерген-специфична имунотерапија е единствениот ефективен етиолошки третман. Ретко астмата се третира единствено со алерген-специфична имунотерапија.

    КОНТРАИНДИКАЦИИ

    • Други имунолошки или малигни болести

    • Тешки срцеви и респираторни заболувања

    • Континуирана орална кортикостероидна терапија (над 10 мг преднизолон или друг соодветен стероид дневно)

    • Возраст под 5 години

    • Бременост и доење
    ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ

    • Третманот се применува во текот на годината во вид на субкутани инекции на депо-алергенски екстракти врзани на алуминиум хидроксид.1

    • Во тек на зголемување на дозата, инјектираната доза се зголемува на секои 1-2 недели. Третманот продолжува во специјализирани здравствени центри.

    • Во тек на фазата на одржување инекциите обично се даваат на 6 (4-8) недели.

    • Дозата на одржување е индивидуална (најголемата доза што пациентот може да ја толерира) но не повеќе од препорачаната доза од производителот на алергенскиот екстракт (Ако тоа се направи доведува до зголемување на несаканите ефекти, но саканиот ефект не се зголемува).

    • Големината на последователната доза е условена од можната реакција од претходната инекција и симптомите кои пациентот тогаш ги имал.

    • Во тек на поленската сезона, дозата на алергенскиот екстракт зависи од симптомите на пациентот. Прецизни препораки за тоа можат да се добијат од производителот на алергенските екстракти

    ПРЕТПАЗЛИВОСТ

    • Мора да биде достапна опрема за итен третман на можната анафилактична реакција.

    • Инекциите треба да се даваат од страна на едуцирана сестра додека во медицинскиот центар секогаш треба да има присутен доктор.

    • Пред давање на инекцијата, пациентот се распрашува за можните реакции од претходната визита.

    • Пациентот треба да се следи и да биде опсервиран 30 минути по инекцијата.

    • Пациенти под 15 годишна возраст мора да имаат придружба.

    • По инекцијата мора да се избегнува интензивна физичка активност и алкохол.

    РЕАКЦИИ ПОВРЗАНИ СО ТРЕТМАНОТ

    • Како нормални се сметаат појавата на одредени реакции по третманот: локално црвенило и оток.

    • Дозирањето на екстрактот се утврдува секогаш врз основа на реакцијата на отекување (јасен оток кој може да се почуствува и измери со прст а не оток од убодот на кожата).

    • Може да се случат генерализирани реакции (уртикарија, астма , слабост, генерализирана алергиска реакција).

    • На пациентот му се даваат соодветни лекови за справување со реакциите:

    • Антихистаминик

    • Кортикостероиден крем

    • Бронходилататор

    • Кога е можно и адреналин за самостојна апликација

    СЛЕДЕЊЕ НА ТРЕТМАНОТ

    • Докторот кој прв го почнал третманот треба да ја процени ефикасноста на третманот најмалку еднаш годишно.

    • Ова проценка е базирана на присуство на алергиските симптоми и употребата на други лекови.

    • Таканаречената ВАС (висуал аналогуе сцале) процена е нов метод за процена на ефикасноста. Пациентот ја дава неговата процена на ефектот еднаш годишно користејќи го ВАС. Проценката е базирана врз промената на симптомите и употребата на лекови во тек на третманот.
      1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   24

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Prolongirana kaslica kaj vozrasni