• РЕФЕРЕНЦИ



  • страница12/24
    Дата14.01.2018
    Размер1.81 Mb.

    Prolongirana kaslica kaj vozrasni


    1   ...   8   9   10   11   12   13   14   15   ...   24

    ЕГЗАЦЕРБАЦИЈА НА АСТМА ПОВРЗАНА СО РАБОТА


      • Сите типови на астма можат да егзацербират од прашина и други надразнувачи који се сретнуваат во работната средина .

      • Егзацербацијата поврзана со работа може да биде демонстрирана со употреба на мерења на ПЕФ

      • Пациенти со конвенционална астма можат често да се вратат на работа откако нивното лекување е оптимално.

      • Враќањето на работа треба да биде надгледано од завод за трудова медицина.

    РЕФЕРЕНЦИ


    1. Автор: Хенрик Нордман Артицле ИД: ебм00121 (006.033) 2005 Дуодецим Медицал Публицатионс Лтд




    1. ЕБМ Гуиделинес, 18.10.2004, њњњ.ебм-гуиделинес.цом.

    2. Упатството треба да се опреснува еднаш на 2 години.

    3. Предвидено следно опреснување во 2014г.


    ПРОЛОНГИРАНА КАШЛИЦА КАЈ ВОЗРАСНИ

    МЗД Упатства



    06.08.2010



    • Основни податоци

    • Дефиниција

    • Пролонгирана кашлица која започнува со симптоми на инфекција

    • Пролонгирана кашлица кај пациенти со хипертензија и срцева болест

    • Пролонгирана кашлица кај пациенти со болести на сврзното ткиво

    • Пролонгирана кашлица кај пушачи

    • Пролонгираната кашлица при професии кои се одреден ризик

    • Пролонгирана клашлица и треска,пурулентен спутум

    • Останати причини за пролонгирана кашлица

    • Заклучок

    • Поврзани докази

    • Референци

    ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

    • Да се препознае како причина за пролонгирана кашлица:

      • астма

      • хроничен бронхитис (и ХОББ во развој)

      • хронична белодробна инфекција,особено туберкулоза

      • синуситис(дренирање на муцус по задниот зид на грлото)

      • саркоидоза

      • идиопатска белодробна фиброза(фиброзирачки алвеолитис)

      • кашлица асоцирана со колагенози и нивен третман

      • азбестоза(силикоза)

      • фармерска плуќа

      • несакана реакција на лекови(АЦЕ инхибитори,бетаблокери,нитрофурантион)

      • гастроезофагеална рефлуксна болест

      • тумори на бели дробови

      • плеврален излив

      • срева слабост.

    ДЕФИНИЦИЈА

      • Кашлицата која трае повеќе од 4-8 недели се дефинира како пролонгирана. Кашлицата која трае пократко обично е предизвикана од белодробна инфекција и хипереактивност на дишните патишта како пропратен дел на инфекцијата.

      • Вообичаено е после некои инфекции (на пр.микоплазма или кламидија пнеумоние,пертусис) кашлицата може да трае и по неколку месеци.

    ПРОЛОНГИРАНА КАШЛИЦА КОЈА ЗАПОЧНУВА СО СИМПТОМИ НА ИНФЕКЦИЈА

    • Пролонгирана респираторна инфекција (синуситис) или рана астма се чести причини за пролонгирана кашлица.

    • Примарните тестови вклучуваат белодробен рентген и ехо- или радиографско визуелизирање на синусите.

    • Основни крвни анализи можат да се сметаат за неопходни (ЦРП1, основни крвни параметри и клеточно пребројување).

    • Основна терапија

    • Терапија на синуситис : антибиотици, вазоконстрикторни носни капки,можна и лаважа.

    • Антибиотски третман (амоксицилин,доксицилин) е идицирана за пацинтите со треска или пурулентен спутум. Терапијата на сувата кашица без треска вклучува бронходилататори, можно и во комбинација со антитусици. Потребата за антибиотици треба да се евалуира индивидуално.

    • Ако кашлицата не се подобри во рок од два месеци, или продолжува и покрај антибиотската терапија, можеби има други причини освен коинцидирачката инфекција. Особено во раните стадиуми на астмата, сувата пролонгирана кашлица може да биде единствениот симптом. Поради ова, бронходилататорен тест2 треба да биде направен и мерења на ПЕФ3 да започнат дома (без или со бронходилататор) и спирометријата4 треба да се земе во обзир. Исто така, можно е да се тестира одговорот на терапијата со инхалаторни кортикостероиди (но ова може да ја одложи дијагнозата на астмата ако белодробните функционални тестови не бидат изведени)

      • Ако одговорот е оскуден, кашлицата најверојатно не е причинета од рана астма.

      • Ако одговорот е добар,пациентот може да има лесна астма која има потреба од натамосно испитување.

    ПРОЛОНГИРАНА КАШЛИЦА КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ХИПЕРТЕНЗИЈА И СРЦЕВА БОЛЕСТ

    • Ако пациентот користи АКЕ инхибитор, тоа е најверојатната причина за кашлицата. Терапевтската алтернативе е селекција на друг АКЕ инхибитор, или подобро ангиотензин ИИ рецепторен антагонист (АРБ), кој обично не предизвикува кашлица,Ако пациентот има дијабет, треба да се процени дали штетата предизвикана од сувата кашлица ја надминува користа од АКЕ инхибиторите врз бубрежната функција.

    • Бета блокаторите, дури и оние бета1-селективните,можат исто така да предизвикаат кашлица, особено кај пациентите со атопична конституција или бронхијална хипереактивност.

    • Испитај ги можните знаци за срцева слабост. Првиот знак за лесна слабост често е кашлица навечер. Примарен тест е ртг на бели дробови.

    ПРОЛОНГИРАНА КАШЛИЦА КАЈ ПАЦИЕНТИ СО БОЛЕСТИ НА СВРЗНОТО ТКИВО

    • Интерстицијалните белодробни заболувања (на пр.белодробната фиброза) се една од можните причини за кашлица и диспнеа. Ова може да е поврзано со ревматоидниот артритис или склеродерма, но може да биде и несакан ефект на медикаментозната терапија на болеста (соли на злато, сулфосализин, пенициламин, метотрексат).

    • Примарно испитување е ртг на бели дробови. Белодробната фиброза е типичен наод, но во ран стадиум сликата може да биде нормална,иако дифузискиот капацитет- кој ја рефлетира кислородната размена преку алвеолите- може веќе да биде намалена, и може да има и рестрикција на динамичката спирометрија.

    • Консултирај специјалист по интерна медицина или пулмолог.

    ПРОЛОНГИРАНА КАШЛИЦА КАЈ ПУШАЧИ

    • Наверојатните дијагнози се пролонгиран акутен бронцхитис и хроничен бронхитис.

    • Сети се на можноста за карцином кај пациентите на средна возраст, особено оние над 50 години . Прашај дали пациентот имал некогаш хемоптизии.

    • Да се направи ртг на бели дробови ако пациентот е над 40 години,освен ако истата е направена во последните 6 месеци. Рентген на синуси се прави истовремено ако не е направено испитување со ехо. Ако е најдена пневмонична инфилтрација и кашлицата се третира како пневмонија, направи нова ртг контрола по 5-6 недели.

    • Ако постои сомнеж за ХОББ, направи спирометрија1.

    • Третирај ја пурулентната пролонгирана кашлица со антибиотици.Терапија од прв избор вклучува амоксицилин во комбинација со клавулинска киселина или доксициклин. Хемофилус инфлуенце или грам позитивните коки се често предизвикувачката бактерија.

    ПРОЛОНГИРАНА КАШЛИЦА ПРИ ПРОФЕСИИ ШТО СЕ СО ОДРЕДЕН РИЗИК

    • Најверојатна дијагноза е астма.

    • Симтомите често вклучуваат транзиторна диспнеа и секреција на мукус.

    • Примарни тестови

    • Мерења на ПЕФ дома

    • Спирометрија и бронходилататорен тест2

    • Тест на оптоварување (особено кај млади индивидуи)

    • Тест на бронхијална хипереактивност (провокација со инхалиран хистамине или метахолин) 1 ако се смета за потребно при неразјаснети случаи.

    • Тест на одговор на инхалаторни кортикостероиди.2

    ПРОЛОНГИРАНА КЛАШЛИЦА И ТРЕСКА,ПУРУЛЕНТЕН СПУТУМ

    • Ако пациентот со пневмонија има и многу други болети или е постар оздравувањето може да биде пролонгирано од неколку причини.Посомневај се на туберкулоза; кај пациентите со белодробна болест исто така посомневај се на атипична белодробна инфекција предизвикана од атипични микобактерии или бронхиектазии .Васкулитис

    (на пример полиартеритис нодоза, Вегенерова грануломатоза) или еозинофилна пневмонија можат исто така да почнат со овие симптоми.

    • Примарни тестови

      • Рентген на бели дробови

      • Брис и култура на спутум

      • Број на крвни клетки и седиментација, ЦРП (можат исто така да бидат покачени при васкулитис)

      • Консултирај пневмолог ако симптомите продолжуваат.

    ОСТАНАТИ ПРЧИНИ ЗА ПРОЛОНГИРАНА КАШЛИЦА

    • Хроничната кашлица може да биде единствениот симптом на белодробна саркоидоза

    • Примарни тестови

      • Ртг на бели дробови (хиларна хиперплазија,паренхимски инфилтрати)

      • Серум ангиотензин конвертирачки ензим (може да биде и нормален)

    • Субакутна белодробна реакција на нитрофурантоинот

      • Прашај дали пациентот користи нитрофурантоин за превенција на инфекција на уринарниот тракт

      • При некои субакутни случаји еозинофилијата може да биде отсутна.

    • Кашлицата може да биде единствениот знак за плеврален излив. За да се открие етиологијата, направи

      • општо испитување

      • пункција и биопсија на плевра.

    • Пролонгирана кашлица или бронхијалната иритација можат понекогаш да бидат асоцирани со гастро-езофагеален рефлукс.

    ЗАКЛУЧОК

    • Пролонгирана кашлица не е секогаш секвела на инфекција ,но може да биде знак на астма или на ХОББ во развој или на канцер,особено кај оние кои се пушачи долго време. Ова мора да се исклучи со соодветни испитувања.

    ПОВРЗАНИ ДОКАЗИ

    • Антибиотиците не се од корист во терапијата на пролонгирана кашлица кај возрасни (ннд).
    1   ...   8   9   10   11   12   13   14   15   ...   24

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Prolongirana kaslica kaj vozrasni