• Компликации Дијагноза
  • Основни правила при терапијата со лекови



  • страница17/24
    Дата14.01.2018
    Размер1.81 Mb.

    Prolongirana kaslica kaj vozrasni


    1   ...   13   14   15   16   17   18   19   20   ...   24

    МЗД Упатства

    06.09.2011



    • Основни податоци

    • Дефиниција

    • Етиологија

    • Симптоми

    • Знаци

    • Компликации

    • Дијагноза

    • Терапија

    • Кислородна терапија во домашни услови1

    • Поврзани докази

    • Референци

    ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ


    • Земи ја предвид дијагнозата на ХОББ кај секој пушач кој ги има следниве симптоми кашлица, продукција на спутум или диспнеа.

    • Направи рана дијагноза со спирометрија и стимулирај откажување од пушење.

    • При лесна ХОББ ,ФЕВ1/ФВЦ е под 0.7 и ФЕВ1% > 80% од предвидениот (по критериумите на ГОЛД)

    • Обид со стероиди треба да се изведе ако се има цел долготраен кортикостероиден третман.

    • Најголем диференцијално дијагностички проблем е астмата. Исто така, многу астматичари пушат.

    ДЕФИНИЦИЈА


    • Хроничен бронхитис: спутум најмалку три месеи во две последователни години

    • Белодробен емфизем (тоа е патоанатомска дијагноза): воздушните простори проширени и искинати зидови на алвеолите.

    • Хроничната обструктивна белодробна болест (ХОББ) пациентот има хронична,во основа обструкција на дишните патишта без сигнификантен одговор на терапија.

    ЕТИОЛОГИЈА

    • Најголем број на ХОББ пациенти (> 95%) се пушачи. Половина од пушачите имаат симптоми на хроничен бронхитис. Најмалку 15 до 20% од пушачите имаат бавно влошувачка обструкција на дишните патишта.

    • Дефицитот на алфа 1 антитрипсин е ретка причина за емфизем кај млади пациенти.

    СИМПТОМИ


    • Кашлица и спутум екскреција се вообичаени симптоми на хроничниот бронхитис.

    • Пациентите со прогресивна болест патат од бавно растечка диспнеа при напор.

    • Симптомите се влошуваат со респираторна инфекција.

    ЗНАЦИ


    • Најголем број на пациенти бараат помош од доктор касно,кога веќе болеста е средно тешка до тешка. При лесна форма на болеста аускултацијата може да биде нормална и неможат да се слушнат аускултатрни знаци за обструкција.

    • Одсуството на следниве знаци за тешка ХОББ неисклучуваат постоење на лесен облик на ХОББ.

    • Поради обструкцијата на дишните патишта, визингот може да се слушне при крај на форсираниот експириум.

    • Пациентите со напреднат емфизем имаат бачваст граден кош а при аускултација нечујни респираторни звуци а при перкусија хиперсонорен звук.

    • Цијанозата е придружена со хипоксемија.

    КОМПЛИКАЦИИ


    • Акутни

      • Повторувачки и пролонгирани инфекции на долните респираторни патишта

      • Акутна респираторна слабост

      • Пневмоторакс (кинење на емфиземска була)

    • Хронични

      • Кардиопулмонална болест

    ДИЈАГНОЗА


    • Рана дијагноза се поставува со спирометрија комбинирана со активно стимулирање на откажување од пушењето( основно).

    • Тест со бронходилататорен лек:

    • Објективен одговор на бронходилататор1 (пораст повеке од 15% измерен спирометриски при бронходилататорната доза на инхалаторен салбутамол 400 микограма двапати на ден)/ или ПЕФ пратен во тек на две недели.

    • Да се евалуира ефикасноста на антиинфламаторниот третман со стероиден обид.

    • Преднисолон даден преку уста,иницијално 30 до 40 мг на ден/ако има потреба дај улкусни протектори, на пр.. ППИ),или инхалаторни кортикостероиди (на пример буденосиде 800 микограма двапати дневно). При орално давање времетраењето на пробата е 2 недели,а со инхалаторни кортикостероиди е 6 недели.

    • Ако е присутен објективен одговор (ПЕФ или ФЕВ1 пораст повеќе од 15% и најмалку 200 мл),продолжи со инхалаторни стероиди (пациентот може исто така да има астма).

    • Дифузиски капацитет1

    • Намален при ХОББ, нормален при астма.

    • Гасни анализи: во касните стадиуми на ХОББ има пад на парцијалниот притисок на кислородот и пораст на парцијалниот притисок на јацглеродниотдиоксид.

    • Рентгенграфијата е со ограничено значење за дијагноза на ХОББ.

    ТЕРАПИЈА


    Откажување од пушење

    • Најважниот фактор за прогнозата.

    • Не ја нормализира белодробната функција, но го успорува прогресивниот пад на ФЕВ1 доведувајќи го на исто место како и кај непушачи.

    • Според досегашните сознанија, не постои медикаментозна терапија која би го одложила падот на белодробната функција ако пациентот продолжи да пуши. Лековите се корисни само за ослободување од субјективните симптоми и при терапијата на акутните егзацербации.

    Основни правила при терапијата со лекови


    • Пациенти со повремени симптоми (ФЕВ1 повеке од 50% од предвидените вредности)

    • Антихолинергици или краткотрајни бета2 агонисти во зависност од клиничкиот одговор

    • Третман со стероиди ако постои сомнеж за астма.

    • Постојани симптоми (генерално ФЕВ1 помалку од 50% од предвидените вредности)

    • Антихолинергици и краткотрајни бета2агонисти (комбинирано) во зависност од клиничкиот одговор или

    • Долгоделувачки антихолинергици или бета 2 агонисти ,или нивна комбинација.

    • Во селектирани случаји инхалаторни гликокортикоиди ако се работи за фрекфентни егзацербатори.

    • Третман со аминофилин (ннд)

    • Хирургија (булектомија, белодробна трансплантација1, белодробна волумен редукција) може да биде препорачана само на мал број на пациенти по внимателна евалуација.
    1   ...   13   14   15   16   17   18   19   20   ...   24

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Prolongirana kaslica kaj vozrasni