• Анти инфламаторни лекови
  • Терапија на мукозна екскреција
  • Третман на акутна егзацербација
  • Акутни инфекција
  • Подобрување на капацитетот за физички напор
  • КИСЛОРОДНА ТЕРАПИЈА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ 1
  • Критериуми за иницирање на кислородна терапија



  • страница18/24
    Дата14.01.2018
    Размер1.81 Mb.

    Prolongirana kaslica kaj vozrasni


    1   ...   14   15   16   17   18   19   20   21   ...   24

    Бронходилататорни лекови


    • Инхалаторни краткотрајни (ипратропиум(ннд -Б),) или долгоделувачки (тиотропиум(ннд -А)) антихолинергички лекови

      • Инхалаторни бета-симпатикомиметици (салбутамол, тербуталине, фенотерол) (ннд-Б)

      • Може да се комбинираат со антихолинергичен лек

      • Долгоделувачките бета симпатикомиметици (формотерол, салметерол), можат да го подобрат квалитетот на живот и да ги редуцираат симптомите (ннд-Б)

      • Орален долго делувачки теофилин (ннд-А)

      • Несакани ефекти (централен нервен систем, гастроинтерстиналени симптоми) се чести (следи ја серумска концентрација ако е потребно).

      • Аритмијата и конвулзиите се знак на токсичност.

      • Имај на ум за различните интереакции со други лекови (на пример антибиотици)!

    Анти инфламаторни лекови


    • Инхалаторните стероиди се препишуваат само на оние пациенти кои имаат објективно корист од третман со стероиди. Користа по однос на белодробната функција е ограничена. Селектираните пациенти со чести егзацербации можат да имаат корист од инхалаторните кортикостероиди (ннд).

    Терапија на мукозна екскреција


    • Ако продукцијата на мукус е проблем, пациентот може да ги празни белите дробови (ннд -Д) дома

      • со изведување на форсирано издишување со горниот дел на телото исфрлено према доле (на работ од креветот)

      • со употреба на експираторен отпор (ПЕП моутхпиеце),, или со дување на воздух низ цевка во шише полно со вода,комбинирано со ефективно кашлање

    • Муколитици треба да се употребуваат само повремено(ннд-Ц).

    Третман на акутна егзацербација


    • Кислород со назален катетер или преку вентури маска. Претпазливо со дозирањето (ако нема достапни резултати од гасни анализи, концентрацијата на кислородот преку маска не треба да биде повеке од 28%, или назален катетер проток не повеќе од 2 Л/мин кај пациенти над 50 години старост).

    • Неинвазивната вентилација го подобрува опоравувањето кај тешките акутни егзацербации на ХОББ (ннд-А).

    • Инхалаторните симпатикомиметици (салбутамол 2,5 - 5,0 мг или тербуталине 1 5 - 10 мг) со дозиран распршувач или спреј. Инхалаторниот ипратропиум бромиде 0,5 мг може да се додаде.

    • Нема докази за сигнификантна ефективност на инфузија со тхеопхѕллине (ннд-Ц) и неговата употреба не се препорачува. Може само понекогаш да биде употребен со доза од 0,5 мг/кг/х ако одговорот на другата терапија е слаб. Ако постои можност да се следи серумската концентрација на тхеопхѕллине 2.

    • Метхѕл преднисолоне 0,5 мг/кг секој 6 часа е веројатно користен. Исто така оралните кортикостероиди (преднисолоне 30 до 40 мг/ден) се употребуваат врз основа на искуство 7 до 14 дена(ннд-А).

    Акутни инфекција


    • Антимикробниот третман при акутна егзацербација на ХОББ е контроверзен (ннд-Б). Факторите кои иницираат започнување на антимикробниот третман вклучуваат:

      • зголемена диспнеа

      • зголемена спутум продукција

      • пурулентен спутум.

    • Ако пациентот има два од наведените три симптоми предходно изложени,постои индикација за антимикробен лек (ннд -А).

    • Алтернативи на антимикробниот третман се:

      • Амоџициллин 500 мг + клавулонска киселина трипати на ден во тек на 10 дена

      • Доџѕцѕцлине 150 мг еднаш на ден во тек на 10 дена

    • Сулпха-триметхоприм, дозата на триметхоприм 160 мг два пати на ден во тек на 10 дена

    • Антибиотиците немаат место во основната терапија за одржување на ХОББ.

    Подобрување на капацитетот за физички напор


    • Долготрајни,регуларни и лесни вежби (ннд -А).

    Вакцинација


    • Секоја година треба да добијат вакцина против инфлуенца сите пациенти со јасно намалена вентилационата функција (ннд -Б).

    • Се препорачува пнеумококна вакцинација(ннд -Д).

    • Од корист може да биде и хемофилус инфлуенца вакцина3.

    КИСЛОРОДНА ТЕРАПИЈА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ1


    Основа

    • Кислородната терапија во домашни услови може да се употреби за превенирање на елевацијата на артерискиот пулмонален притисок при напредната ХОББ и за продолжување на животот на пациентот(ннд -Б).

    • Ефектот на кислородната терапија на симптомите (на пример недостаток на здивот) е доста лимитиран(ннд -Ц).

    Оксигената терапија во домашни услови е наменета само за пациенти со хронична хипооксија,т.е. артериска десатурација.

    • Одлуката за овој третман треба да биде донесена после критичко размислување.

    • Кога се иницира кислородната терапија дома, соодветно следење на третманот мора да биде обезбедено. Одлуките за оваа терапија и примената на третманот треба да биде одговорност на локалната клиника за белодробни заболувања.

    Критериуми за иницирање на кислородна терапија


    • Хронична напредната белодробна болест (ФЕВ1 < 1,5Л)

    • Парцијалниот притисок на кислородот во артериската крв, измерен кај пациентото во стабилна фаза на болеста дишејки воздух од самата соба да е < 7,3 кПа одредено во два примерока земени во интервал од најмалку три недели.

    • Парцијалниот притисок на кислородот може исто така да биде 7,3 до 6,0 кПа ако се постојат некои од следниве критериуми :

      • знаци за покачен артериски пулмонален притисок (на пример едем)

      • секундарна полицитемија (хематокрит > 55)

      • сигнификантна ноќна хипоксемија утврдена со оксиметар и реверзибилна на кислородна терапија и непредизвикана со придружен синдром на слееп апнеа

      • сигнификантни неврофизиолошки симптоми реверзибилни на оксигенска терапија.

        • Кислородната терапија дава посакуван одговор (ПаО2>8,0кПа) без несакан пораст на парцијалниот притисок на јаглеродниот диоксид во артериската крв.

        • Пациентот непуши и доволно соработува.
    1   ...   14   15   16   17   18   19   20   21   ...   24

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Prolongirana kaslica kaj vozrasni