• ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ
  • Нееозинофилен (вазомоторен)



  • страница2/24
    Дата14.01.2018
    Размер1.81 Mb.

    Prolongirana kaslica kaj vozrasni


    1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   24

    РЕФЕРЕНЦИ


    1. Маллинг ХЈ. Иммунотхерапѕ ас ан еффецтиве тоол ин аллергѕ треатмент. Аллергѕ 1998;53:461-472

    2. Тхе Датабасе оф Абстрацтс оф Ревиењс оф Еффецтивенесс (Университѕ оф Ѕорк), Датабасе но.: ДАРЕ-981030. Ин: Тхе Цоцхране Либрарѕ, Иссуе 2, 2000. Оџфорд: Упдате Софтњаре

    3. Абрамсон МЈ, Пуѕ РМ, Њеинер ЈМ. Аллерген иммунотхерапѕ фор астхма. Тхе Цоцхране Датабасе оф Сѕстематиц Ревиењс, Цоцхране Либрарѕ нумбер: ЦД001186. Ин: Тхе Цоцхране Либрарѕ, Иссуе 2, 2002. Оџфорд: Упдате Софтњаре. Упдатед фрељуентлѕ.

    4. Алварез-Цуеста Е, Боусљует Ј, Цаноница ГЊ, Дурхам СР, Маллинг ХЈ, Валовирта Е, ЕААЦИ, Иммунотхерапѕ Таск Форце. Стандардс фор працтицал аллерген-специфиц иммунотхерапѕ. Аллергѕ 2006;61 Суппл 82():1-20. ПубМед

    5. Дахл Р, Капп А, Цоломбо Г, де Монцхѕ ЈГ, Рак С, Еммингер Њ, Ривас МФ, Рибел М, Дурхам СР. Еффицацѕ анд сафетѕ оф сублингуал иммунотхерапѕ њитх грасс аллерген таблетс фор сеасонал аллергиц рхиноцонјунцтивитис. Ј Аллергѕ Цлин Иммунол 2006 Ауг;118(2):434-40. ПубМед

    6. Пассалацљуа Г, Дурхам С. Пассалацљуа Г, Дурхам СР, Глобал Аллергѕ анд Астхма Еуропеан Нетњорк. Аллергиц рхинитис анд итс импацт он астхма упдате: аллерген иммунотхерапѕ. Ј Аллергѕ Цлин Иммунол 2007 Апр;119(4):881-91. ПубМед

    7. Рак С, Ѕанг ЊХ, Педерсен МР, Дурхам СР. Онце-даилѕ сублингуал аллерген-специфиц иммунотхерапѕ импровес љуалитѕ оф лифе ин патиентс њитх грасс поллен-индуцед аллергиц рхиноцонјунцтивитис: а доубле-блинд, рандомисед студѕ. Љуал Лифе Рес 2007 Мар;16(2):191-201. ПубМед

    8. Саволаинен Ј, Јацобсен Л, Валовирта Е. Сублингуал иммунотхерапѕ ин цхилдрен модулатес аллерген-индуцед ин витро еџпрессион оф цѕтокине мРНА ин ПБМЦ. Аллергѕ 2006 Оцт;61(10):1184-90. ПубМед

    9. ЕМЕА Гуиделинс он тхе цлиницал девелопмент оф продуцтс фор специфиц иммунотхерапѕ фор тхе треатмент оф аллергиц дисеасес. Доц .Рфе.ЦХМП/ЕЊП/18504/2006, Лондон 2008

    10. Алварез-Цуеста Е, Боусљует Ј, Цаноница ГЊ, Дурхам СР, Маллинг ХЈ, Валовирта Е, ЕААЦИ, Иммунотхерапѕ Таск Форце. Стандардс фор працтицал аллерген-специфиц иммунотхерапѕ. Аллергѕ 2006;61 Суппл 82():1-20. ПубМед

    11. Цаноница ГЊ, Баена-Цагнани ЦЕ, Боусљует Ј, Боусљует ПЈ, Лоцкеѕ РФ, Маллинг ХЈ, Пассалацљуа Г, Поттер П, Валовирта Е. Рецоммендатионс фор стандардизатион оф цлиницал триалс њитх Аллерген Специфиц Иммунотхерапѕ фор респираторѕ аллергѕ. А статемент оф а Њорлд Аллергѕ Организатион (ЊАО) таскфорце. Аллергѕ 2007 Мар;62(3):317-24. ПубМед

    12. Халкен С, Лау С, Валовирта Е. Нењ висионс ин специфиц иммунотхерапѕ ин цхилдрен: ан иПАЦ суммарѕ анд футуре трендс. Педиатр Аллергѕ Иммунол 2008 Ауг;19 Суппл 19():60-70. ПубМед

    13. ван Њијк РГ. Њхен то инитиате иммунотхерапѕ ин цхилдрен њитх аллергиц дисеасе? Лессонс фром тхе паедиатриц студиес. Цурр Опин Аллергѕ Цлин Иммунол 2008 Дец;8(6):565-70. ПубМед

    14. Јацобсен Л, Ниггеманн Б, Дреборг С, Фердоуси ХА, Халкен С, Хøст А, Коивикко А, Норберг ЛА, Валовирта Е, Њахн У, Мöллер Ц, (Тхе ПАТ инвестигатор гроуп). Специфиц иммунотхерапѕ хас лонг-терм превентиве еффецт оф сеасонал анд перенниал астхма: 10-ѕеар фоллоњ-уп он тхе ПАТ студѕ. Аллергѕ 2007 Ауг;62(8):943-8. ПубМед

    15. Берто П, Фрати Ф, Инцорваиа Ц. Ецономиц студиес оф иммунотхерапѕ: а ревиењ. Цурр Опин Аллергѕ Цлин Иммунол 2008 Дец;8(6):585-9. ПубМед




    1. ЕБМ Гуиделинес, 17.6.2010, њњњ.ебм-гуиделинес.цом.

    2. Упатството треба да се опреснува еднаш на 2 години.

    3. Предвидено следно опреснување во 2014г.


    АЛЕРГИСКИ АЛВЕОЛИТИС (ФАРМЕРСКИ БЕЛИ ДРОБОВИ ИТН.)

    МЗД Упатства



    10.08.2010



    • Основни податоци

    • Етиологија

    • Симптоми

    • Знаци

    • Ртг на бели дробови

    • Лабораториски испитувања

    • Функционални белодробни тестови

    • Дијагноза

    • Диференцијална дијагноза

    • Третман

    • Прогноза

    • Референци

    ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

      • Распознавање на алергискиот алвеолитис како причина на рекурентна температура и диспнеа кај фармери

    ЕТИОЛОГИЈА

      • Сензибилизација на партикли од мувлосани растенија (сено, слама, ѓубре, медиум за одгледување на печурки (фармерски бели дробови-фармерс’ лунг) или излачевини од птици (бирд бреедерс’с лунг)

    СИМПТОМИ

    • Симптомите на алергискиот алвеолитис настануваат околу 4-8 часа после експозицијата на алергенот:

    • Диспнеа при напор, тежина во градите и кашлица

    • Покачена температура, грозница, болка во мускули и зглобови, главоболка

    • Често гадење, повраќање, потење, губење н а тежина и апетит

    • Симптомите најчесто настануваат после работен ден или ноќе и се влошуваат во тек на неколку денови. Со повторувачки експозиции нападите се повторуваат и стануват потешки.

    • Во подмолната, субакутна форма (најчеста!) алергискиот алвеолитис може да се манифестира како фебрилна епизода, различен степен на бронхитични симптоми, чувство на малаксалост, губење на апетитот и во тежина и развој на диспнеа при напор. Причината често останува нејасна.

    • Симптомите обично настануваат за време на сезона на хранење на животните.

    ЗНАЦИ

    • Фини испираторни влажни шумови базално обострано

    РТГ НА БЕЛИ ДРОБОВИ

    • Нормален наод или дифузни, микронодуларни (“млечни”) засенчувања

    ЛАБОРАТОРИСКИ ИСПИТУВАЊА

    • Во раната фаза покачена седиментација и леукоцитоза

    • Преципитирачки антитела на спори од мувла. Присуството на антитела индицира експозиција не сигурно болест.1

    • Бронхоалвеоларната лаважа покажува силна акумулација на лимфоцити.2

    ФУНКЦИОНАЛНИ БЕЛОДРОБНИ ТЕСТОВИ

    • Гасни анализи: редуциран парцијалниот притисок на кислородот во артериската крв1

    • Редуциран дифузибилен капацитет

    • Спирометрија:3

    • Рестрикција

    • Некои пациенти исполуваат повторувачки (слични на астма) реверзибилни обструкции

    ДИЈАГНОЗА

    • Се базира на типичната клиничка слика

    • Во суспектни нови случаи потребно е да се контактира со единици за белодробни болести со цел да се направат без задоцнување дијагностички испитувања (спирометрија и мерење на дифизиониот капацитет) додека пациентот сé уште има симптоми (ако се задоцни со анализите после завршеток на тегобите сите наоди може да бидат нормални).

    ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА

    • Инфекции на респираторниот тракт, други типови на алвеолитис, обструктивни белодробни болести

    ТРЕТМАН

    • Експозиона профилакса (да се избегнува експозицијата на алергенот)

    • Пациентот треба да биде на боледување до повлекување на тегобите

    • Повторување на болеста се превенира со употреба на заштитни средства при работа (маска за лице и автоматизирани прочистувачи на воздухот)

    • На фармерите потребно е да се даде финансиска подршка затоа што болеста може да се третира како професионална.

    ПРОГНОЗА

    • Долготрајна и нетретирана болеста може да се развие до белодробна фиброза

    • Генерално белодробната функција помалку или повеќе се нормализира ако дијагнозата се постави брзо.

    РЕФЕРЕНЦИ

    1. Пентти Тукианиен , Артикал ИД : ебм00137 (006.041) 2005 Дуодецим Медицал Публицатионс ЛТД

    2. Мартинез ФЈ, Кеане МП. Упдате ин диффусе паренцхѕмал лунг дисеасес 2005. Ам Ј Респир Црит Царе Мед 2006 Маѕ 15;173(10):1066-71. ПубМед

    3. Сингх Н, Давис ГС. Ревиењ: оццупатионал анд енвиронментал лунг дисеасе. Цурр Опин Пулм Мед 2002 Мар;8(2):117-25. ПубМед




    1. ЕБМ Гуиделинес, 10.08.2010 , њњњ.ебм-гуиделинес.цом.

    2. Упатството треба да се опреснува еднаш на 3 години.

    3. Предвидено следно опреснување во 2015 г.


    АКУТЕН МАКСИЛАРЕН СИНУЗИТИС

    МЗД Упатства



    04.05.2009



      • Основни податоци

      • Дефиниција и епидемиологија

      • Симптоми

      • Причинители

      • Дијагноза

      • Терапија

      • Следење

      • Детекција на предиспонирачки фактори кај рекурентен синуситис

      • Индикации за консултација со специјалист

      • Хируршки третман

      • Поврзани докази

      • Референци
    ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

      • Употреба на антибиотици или дијагностичко снимање на синусите не е индицирано во првите 7 дена кај обичната настинка.

      • Синузитот се дијагностицира со ултразвук на синуси кај возрасни и кај деца постари од 7 години.

      • Антибиотиците се индицирани само кај пациенти со течност во максиларните синуси.

      • Синузитот се препознава како причина за влошување на симптомите од астма

      • Кај рекурентен синузит барај предиспонирачки фактори.

    ДЕФИНИЦИЈА И ЕПИДЕМИОЛОГИЈА

      • Вообичаено максиларниот синузитис претставува синоним за синузитис, иако инфекцијата може исто така да ги зафати и другите синуси. Практично акутен синузит е дијагностициран кога ќе се детектира ретенирана течност во максиларните синуси на симптоматски пациент.

      • На синузитот му претходи вирусна инфекција на горните дишни патишта. Настинката кај помалку од 5% од случаите се комплицира со синузит.

      • Алергиски или вазомоторен ринит и структурни аномалии предиспонираат појава на синузитис. Во патофизиологијата на синузитот како најважни фактори се сметаат опструкција на остиумот и дисфункција на цилиите.

      • Поради развојната анатомија синузитот ретко може да се смета за болест (ентитет) кај деца под 3 годишна возраст.

    СИМПТОМИ

      • Фацијална (лицева) болка над инфицираниот синус

      • Гноен секрет од носот

      • Продолжена кашлица и ринитис

      • Главоболка

      • Ослабен осет за мирис

      • Често без симптоми

    ПРИЧИНИТЕЛИ

    • Хаемопхилус: 30-40%

    • Пнеумоцоцци: околу 20-30%

    • Други: Мораџелла, Стрептоцоцци, вируси, анаероби, други бактерии.

    ДИЈАГНОЗА

      • Ултразвукот на синуси е доволно сигурен кај возрасни и деца над 7 годишна возраст, но изведувањето на истиот бара искуство 1 (ннд -Б). Точноста во детектирањето на акутна ретенција на течност е во најдобар случај од 80-95%. Рутинското изведување на ултразвук на синуси пред одлуката за третман со антибиотици го намалува бројот на непотребни антибиотски третмани. Ако кај пациенти кои имаат симптоми на синузитис не се пронајде течност во синусите, да не се препишуваат антибиотици и да се замоли пациентот да дојде на контрола по неколку дена, ако симптомите сé уште се присутни.

      • Во проблематичните случаи треба да се направи ртг на синуси. Присуството или отсуството на ниво на течност се смета како сигурен знак за присуство или отсуство на болест. Отокот на слузницата е чест кај децата и може да ја скрие ретенцијата на течност. Можноста за ретенција на течност е зголемена ако отокот на слузницата стане погуст.

      • Ако овие испитувања не се достапни, кај пациенти со тешки симптоми можат да се препишат антибиотици, или може да се направи и дијагностичка и терапевтска лаважа. Дополнителна доза на антибиотици не се дава без потврда на дијагнозата.


    ТЕРАПИЈА

      • Терпија на избор е антибиотик во траење од 5-7 дена.

      • Ако пациентот има силна болка или чести повторувачки епизоди на синузитис, треба да се направи лаважа на синусите.

      • Преферирани лекови се (ннд):

      • амоџициллин 500-750 мг х 2 за возрасни, 40 мг/кг/ден за деца поделени во две дози, или

      • Алтернативни лекови (од втор ред):

      • доџѕцѕцлине (некои соеви пнеумококи можат да бидат резистентни)

      • макролиди (некои соеви на Хаемопхилус инфлуензае се резистентни)

      • амоксицилин-клавулонска киселина

      • цефалоспорини

      • триметхоприм-сулфометхоџазоле (само скромен ефект против пнеумококи)

      • Конзервативна терапија на функционалните пореметувања (затнат нос) се состои од апликација на локални деконгестиви најмногу 7 дена.

      • Стероидите се корисни кај рекурентен и хроничен синузитис (ннд -Б)

      • Како дополнителна терапија можат да се користат препарати кои содржат псеудоефедрин и антихистаминик

      • Промивка со физиолошки раствор доведува до субјективно подобрување.

      • Пациентите треба да дојдат на контрола ако симптомите се присутни и по антибиотската терапија. Ако тогаш има течност во синусот верифицирана со ултразвук или ртг, треба да се направи лаважа на максиларните синуси.

    ЛАВАЖА НА МАКСИЛАРЕН СИНУС 1

      • За локална анестезија се користи 4% раствор на лидокаин. На секои 5 мл се додаваат 2-3 капки адреналин (1:1000). Анестетикот се инјектира под долната носна школка. Анастезијата е ефикасна 20 минути.

      • Пункцијата се изведува со права игла со мандрен. Местото на пункција е инсерцијата на долната носна школка 2-3 цм од носниот отвор.

      • Физиолошки раствор загреан до висина на телесна температура, внимателно се инјектира во синусот, од каде преку остиумот истекува во носната празнина. Ако е присутен голем отпор при инјектирањето, тогаш тоа може да биде резултат на присуство на вискозен мукус или на опструкција на остиумот. Насилното зголемување на притисокот може да предизвика компликации. Не инјектирајте воздух во синусот.

    СЛЕДЕЊЕ

      • Ако се открие секрет, лаважата може да се повтори по една недела и може да се земе примерок за бактериолошко испитување. Пред пункцијата присуството на течност треба да се потврди со ултразвук.

    ДЕТЕКТИРАЊЕ НА ПРЕДИСПОНИРАЧКИ ФАКТОРИ КАЈ РЕКУРЕНТЕН СИНУЗИТИС

      • Алергиски ринитис (анамнеза, назална еозинофилија)

      • Оток на слузокожата, полипи, девијација на септум (потврдено со предна риноскопија)

      • Состојба на забите (синузит со дентално потекло)

      • Зголемување на аденоидите (крчење, дишење преку уста)

    ИНДИКАЦИИ ЗА СПЕЦИЈАЛИСТИЧКА КОНСУЛТАЦИЈА

      • Ако терапијата не доведе до подобрување за 4-6 недели.

      • Деца со перзистентен синузитис по два антибиотски третмани.

      • Возрасни со повеќе од 3 синузити во тек на 6 месеци или со хроничен синузитис (перзистентна секреција по 5 повторувачки лаважи)

      • Ставање на дрен за лаважа е специјалистичка процедура. Дренот не треба да се држи повеќе од 3 недели. Нов преглед е индициран во случај на перзистентна секреција.

    ХИРУРШКИ ТРЕТМАН

    Индикации

      • Рекурентен акутен синузитис

      • Одлуката за операција се базира на дијагностичка ендоскопија и компјутеризирана томографија на синусите.


    Операција

      • Ендоскопска фенестрација (ФЕСС): Се отстранува воспалената мукоза од предниот етмоидален синус, а природниот отвор на максиларниот синус се проширува.


    Резултати

      • Излекувањето на слузницата ја зголемува цилијарната активност и го прекинува цирцулус вициосус

      • Синузитот може повторно да се појави дури и по ФЕСС.


    Терапија на синузитот по операција

      • Лаважата под долната носна школка обично не е неопходна, но пред операцијата не постои контраиндикација за оваа процедура.

    ПОВРЗАНИ ДОКАЗИ

      • Интраназалните стероиди како монотерапија или адјувантна терапија се ефективни кај акутен синуситис(ннд)Антибиотиците имаат мал терапевтски ефект кај пациенти со некомплициран акутен синуситис во примарна здравствена заштита со времетраење на симптомите повеќе од 7 дена.Кај 80% од пациентите третирани со плацебо истотака се подобруваатз ѕа две недели.

    РЕФЕРЕНЦИ

    1. Автор:Јоуко Суонпää Артицле ИД: ебм00870 (038.031)© 2012 Дуодецим Медицал Публицатионс Лтд


    1. ЕБМ Гуиделинес, 04.05.2009, њњњ.ебм-гуиделинес.цом.

    2. Упатството треба да се опреснува еднаш на 2 години.

    3. Предвидено следно опреснување во 2014г.


    АЛЕРГИСКИ РИНИТИС

    МЗД Упатства

    17.01.2011



      • Основни податоци

      • Епидемиологија

      • Испитувања

      • Понатамошни испитувања

      • АРИА водичи

      • Третман

      • Третман со лекови

      • Поврзани докази

      • Референци

    ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ

      • Идентификација на атописки алергиски ринитис

      • Идентификација и третман на други причини за ринитис освен алергија и агравирачки фактори (полипи, деформација на септумот, аденоиди кај деца и др.).

      • Препораки за пациентите со алергиски ринитис како да го минимизираат изложувањето кон алергени.

      • Идентификација на неспецифични надразнувачи во амбиенталниот воздух (пушење, прашина, чад) во животната околина на пациентот.

      • Евалуација на потребите за специјални испитувања (професионален ринитис, планирање на имунотерапија).

      • Избирање и имплементација на третманот (лекови, имунотерапија).


    Табела 1. Симптоми и знаци кај различни форми на хиперсензитивен ринитис





    Алергиски ринитис

    Неалергиски

    Ринитис







    Еозинофилен

    Нееозинофилен (вазомоторен)


    Генетска

    предиспозиција

    Да

    (тенденција за

    атопија)


    Не

    Не

    Возраст при почетокот на симптомите

    Детство

    Средна возраст

    (30-50 години)



    Средна возраст

    (често > 40 години)



    Појава на симптоми

    Сезонски, но може и

    целогодишен



    Целогодишни

    Целогодишни

    Астма

    Кај околу 20%

    30-40%

    Ретко

    Полипи

    Понекогаш

    Често

    Ретко

    Прицк/РАСТ тест позитивен

    Да

    Не

    Не

    Секреторна еозинофилија

    Често

    Кај сите пациенти во одреден степен (дијагностички критериум)

    Не
    1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   24

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Prolongirana kaslica kaj vozrasni