• ТИПИЧНИ ПРОФИЛИ



  • страница23/24
    Дата14.01.2018
    Размер1.81 Mb.

    Prolongirana kaslica kaj vozrasni


    1   ...   16   17   18   19   20   21   22   23   24





    БЕЛОДРОБНИ ФУНКЦИОНАЛНИ ТЕСТОВИ 5

    МЗД Упатства

    06.08.2010




      • Врвен експираторен проток (ПЕФ, ПЕФР)

      • Спирометрија

      • Бронходилататорен тест

      • Типични профили

      • Референци

    ВРВЕН ЕКСПИРАТОРЕН ПРОТОК (ПЕФ, ПЕФР)

    Основни правила

      • ПЕФ записот е одраз на протокот во големите дишни патишта. Не е многу сензитивен и специфичен тест но ефтин е и лесен за изведување

      • Снижен ПЕФ може да сугерира хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) кај пушачи.

    Индикации

      • Скрининг на белодробната функција

      • Дијагноза на астма

      • Следење на дневните варијации на опструкција на дишните патишта

      • Следење на одговорот на бронходилататорите во домашни услови

      • Следење на респираторната функција во работни услови

      • Бронхијални провокативни тестови

      • Следење на астмата

      • Сомнеж за ХОББ

      • Диференцијална дијагноза меѓу астма и ХОББ

    Изведување на ПЕФ

      • Пациентот стои

      • Максимална кратка експирација се изведува после максимална инспирација.

      • Пациентот ја затвара неговата/нејзината уста цврсто околу делот за дување

      • Тестот се повторува најмалку три пати, или уште почесто ако разликата помеѓу најдобрите две вредности е повеќе од 20 Л/мин.

      • Најдобрата вредност се запишува.

      • Резултатите се споредуваат со возраста, полот, и на должината прилагодените референтни вредности

    Дијагностичко ПЕФ следење во домашни услови

      • Прва недела

      • ПЕФ се изведува наутро и на пладне/навечер (секогаш во исто време на денот и во тек на епизоди на диспнеа или кашлица.

      • Бронходилататори се употребуваат само ако се неопходни

      • Втора недела

      • ПЕФ се следи наутро и на пладне/навечер пред инхалација на бронходилататор( обично бета симпатомиметик ) и 15 мин потоа

      • Следењето не мора да биде секогаш категорично; Понекогаш со лекови мора да се почне скоро веднаш. ПЕФ записот може да се направи и во друго време доколку постојат симптоми ( експозиција, вежби и др.)

      • Интерпретација

      • Ако разликата меѓу највисоката и најниската вредност земена како средна вредност надминува 20% (и е најмалку 60 Л/мин) силно ја поддржува дијагнозата на астма.

      • Ако остварената вредност е подобрена за 15% или повеќе од основната вредност во најмалку 3 случаи, и е најмалку 60 Л/мин. над основната вредност, подобрувањето е сигнификантно и сугерира астма.

      • Ниски ПЕФ вредности без дневни варијации можат да сугерираат ХОББ, но наодот не е специфичен.

      • Последователните мерења секогаш треба да се направени во исто време од денот. Најголемата разлика во 24-часовни варијации се јавува меѓу дувањата направени рано наутро и доцна навечер.

    СПИРОМЕТРИЈА1

    Базично правило

      • Спирометријата се користи како запис за белодробните волумени (статичка спирометрија) или промените во белодробните волумени во функција на време или проток (динамичка спирометрија).

    Индикации

      • Дијагноза и следење на обструктивните белодробни заболувања (астма и ХОББ)

      • Дијагноза и следење на рестриктивните белодробни заболувања(белодробни интерстицијални заболувања)

      • Проценка на работна способност

      • Проценка на можност за изведување на хируршка процедура

      • Следење на ефектот од радиотерапија, операции или третман со лекови.

    Подготовка за испитување

      • Да не се пуши најмалку 4 часа пред изведување на испитувањето

      • Да не се конзумираат тешки јадења, кафе или газирани пијалоци најмалку 2 часа пред испитувањето

      • Избегнување на физички вежби и вдишување на ладен воздух најмалку 2 часа пред испитувањето

      • Одмор најмалку 15 мин пред испитувањето.

      • Медикаменти треба да се прекинат ако испитувањето е од дијагностички карактер

      • Бета симпатомиметици, антихолинергици, леукотриен рецептор антагонисти во тек на 1-4 дена

      • Теофилин, комбинирани препарати, антитусици во тек на 3 дена

      • Кортикостероиди: ефектот е долготраен и не може да се процени (недели). Редовна кортикостероидна терапија не би требало да се отпочне пред дијагнозата за астма да биде потврдена.

      • Антихистаминици нема потреба да се прекинат пред дијагностичката спирометрија

      • Поради дневните варијации и наредните испитувања би требало да се изведуваат во исто време од денот ако е можно.

    Контраиндикации

      • Акутна респираторна инфекција во последните две недели

      • Тешка исхемична срцева болест

      • Тешки аритмии (кои би можеле да бидат провоцирани од бронходилататорниот тест)

    Апаратура

      • Спирометар за лабораториска употреба и џебен спирометар

      • Опремата би требало да ги исполнува стандардите на ЕРС (Еуропеан Респираторѕ Социетѕ).

      • Да се посвети посебно внимание на контрола на квалитетот

      • Едукација (стручно усовршување) на персоналот

      • Калибрирање на опремата и правилно одржување

      • референтни вредности прилагодена на пол, возраст и тежина

    Методи и параметри

      • Статичка спирометрија

      • Најважен параметар е виталниот капацитет (ВЦ)

      • Првенствено инспираторниот витален капацитет би требало да се запише (максимална спора инспирација после максимална експирација)

      • Најголемите 3 вредности се запишуваат

      • Разликата меѓу две највисоки вредност не би требало да биде поголема од 0.2Л.

      • Динамичка спирометрија (волумен-време запис)

      • Брзо и комплетно издишување после максимално вдишување

      • Параметри

              • Форсиран витален капацитет (ФВЦ)

              • Форсиран експираторен волумен во прва секунфа (ФЕВ1)

              • Процент на ФЕВ1 од ФВЦ (ФЕВ%)

      • Резултатите се прилагодуваат на телесната температура (телесната температура ја стандардизира притисочната сатурација, БТПС) бидејќи издишаниот воздух се лади на пат до спирометарот.

      • Најголемиот и втор по големина ФЕВ1 и ФВЦ не би требало да се разликуваат повеќе од 4 % еден од друг. Нереалните записи не би требало да се печатат.

      • Динамичка спирометрија (проток-волумен запис)

      • Се изведува на ист начин како волумен -време записот

      • Параметри

    • ФВЦ,ФЕВ1 и ФЕВ%

    • Вршен експираторен проток (ПЕФ)

    • Проток на волумени на 75, 50 и 25% од ФВЦ (МЕФ75, МЕФ50 и МЕФ25)

      • ПЕФ и МЕФ75 зависат од калибаропт на големите дишни патишта од мускулната сила употребена за време на експирација и од комплијансата на белите дрообови

      • МЕФ50 и МЕФ25 записите се поврзани со неколку извори на грешка. Дијагнозата на ХОББ и астма се зависни од вредностите на ФЕВ1/ФВЦ и зависат од калибарот на средните и малите дишни патишта, комплијансата и мускулната сила.

      • Записите на неколку респираторни циклуси се запишуваат еден преку друг. Графиконот кој е различен од останатите не се вклучува.

    БРОНХОДИЛАТАТОРЕН ТЕСТ1

    Индикации

      • Детекција на реверзибилноста на обструкција во дијагноза на астма

      • Проценка на адекватноста на фармакотерапијата за астма: пациентот ги употребува неговите вообичаени медикаменти (констатирај ја употребата на лекот и запиши го времето на давање во извештајот).

    Изведување на тестот


      • Спирометријата или ПЕФ се запишуваат пред инхалација на бета симпатомиметици (пр.0.4 мг салбутамол) и по 10 мин.

    Интерпретација

      • ФЕВ1 15% (0.20Л)

      • ВЦ и ФВЦ 15% (0.25Л)

      • ПЕФ 15% (најмалку 60 Л/мин мерено со ПЕФ метар).
    ТИПИЧНИ ПРОФИЛИ

    Астма

      • ФЕВ1, ФЕВ% и ПЕФ ( и исто така МЕФ50 или МЕФ25) се намалени или времено нормални кај лесна или добро контролирана астма.

      • ВЦ и ФВЦ се обично нормални

      • ФВЦ може да биде намален (динамична рестрикција кај тешка астма каде ВЦ може да биде јасно поголем од ФВЦ, и ФЕВ% може да биде нормален.

      • Значаен одговор се забележува кај бронходилататорниот тест

      • МЕФ50 и МЕФ25 се многу сензитивни на техничките варијации при експирацијата. Патолошки резултати во МЕФ50 или МЕФ25 без значајни абнормалности во ФЕВ 1, ФЕВ% и ПЕФ не се дијагностички значајни.

    Хронична обструктивна белодробна болест (ХОББ)

      • ФЕВ1, ФЕВ% или ПЕФ

      • континуирано се намалуваат или се нормални кај лесна ХОББ

      • МЕФ50 и МЕФ25

      • се често намалени во раните стадиуми на болеста, дури и пред клинички симптоми(обструкција на мали дишни патишта)

      • особено кај емфизем МЕФ50 и МЕФ25 можат да бидат многу ниски (колапс)

      • ФВЦ е често намален (динамичка рестрикција)

      • Нема сигнификантен одговор на бронходилататорен тест.

    Рестриктивни белодробни заболувања

      • Причини

      • Белодробни интерстицијални заболувања (алвеолитис, фиброза)

      • Екстрапулмонални причини (задебелување на плеврата, плеврални изливи, деформитети на градниот кош или торакалниот рбет, обезност)

      • ВЦ и ФВЦ се намалени

      • ФЕВ 1 и ПЕФ се намалени (ФЕВ% е нормален)

      • Нема значаен одговор на бронходилататорен тест

    Проценка на состојбата за изведување на хируршка интервенција



      • Општи начела: ФЕВ1 би требало да надмине 1 литар за избраната интервенција

      • Вредностите би требало да бидат компарирани со референтните вредности (на пр. пол и возраст на пациентот)
    1   ...   16   17   18   19   20   21   22   23   24

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Prolongirana kaslica kaj vozrasni