• ТРЕТМАН Основна постапка (базична постапка) кај сите форми на алергиски ринитис е внимателно отстранување на алергените (миленици, домашна прашина) (ннд -Ц
  • ТЕРАПИЈА СО ЛЕКОВИ Сезонски ринитис
  • НАРЕС ( нон-аллергиц рхинитис њитх еосинопхилиа сѕндроме) - неалергиски ринитис со синдром на еозинофилија)
  • Вазомоторен ринитис Антихолинергикот, ипратропиум ( оџитропиум ) бромид 1
  • ЕБМ Гуиделинес, 17.01.2011, њњњ.ебм-гуиделинес.цом. Упатството треба да се опреснува еднаш на 2 години. Предвидено следно опреснување во 2014г.



  • страница3/24
    Дата14.01.2018
    Размер1.81 Mb.

    Prolongirana kaslica kaj vozrasni


    1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   24


    ЕПИДЕМИОЛОГИЈА

      • Околу 15% од возрасните во Западна Европа имаат атопичен ИгЕ-посредуван ринитис. Кај околу 10% од нив ринитисот е предизвикан од поленска алергија. Додатно, околу 10% од возрасните имаат неалергиски хиперсензитивен ринитис, што значи дека околу 25% од возрасната популација некогаш во животот страдаат од хиперсензитивен ринитис.

    ИСПИТУВАЊА

      • Грижливо земена анамнеза на болеста (прашалник). Рентгенграфија на синуси, особено ако симптомите траат долго (месеци, години).

      • Риноскопија со локална деконгестија на назалната слузница (при првата посета индицирано е ОРЛ испитување).

      • Ако е можно одредување на бројот на еозинофили во назалниот секрет (особено ако симптомите се целогодишни)

      • РАСТ1 и кожни прицк тестови 2, ако се достапни.

    НАТАМОШНИ ИСПИТУВАЊА

      • Неопходно е упатување кај специјалист за алергологија во следните случаи:

      • суспектен професионален ринитис

      • ако се размислува за отпочнување на имунотерапија3

      • ако пациентот има ринитис резистентен на терапија.


    АРИА ВОДИЧИ

      • АРИА (Аллергиц рхинитис анд итс импацт он астхма) водичите, кои се издаваат од СЗО, се водичи за испитување и третман наменети за лекари и специјалисти (хттп://њњњ.њхиар.цом). Се истакнува концептот на едено дишно стебло, една болест. Главната порака на работната група е дека мора да се има на ум поврзаноста и меѓусебниот сооднос на симптомите на астма и ринитис и дека кога тоа е можно треба да се комбинираат испитувањата и третманот. Класификацијата на ринитот според АРИА се дефинира врз основа на времетраењето на симптомите и нивното влијание на квалитетот на живот.

    ТРЕТМАН

      • Основна постапка (базична постапка) кај сите форми на алергиски ринитис е внимателно отстранување на алергените (миленици, домашна прашина) (ннд)

      • Кај атописки ринитис антихистаминиците се ефикасни при кивање и присуство на назални потешкотии (ннд) Додавањето на симпатикомиметици ќе ја намали затнатоста на носот (ннд)

      • Локалните стероиди се ефикасни против сите симптоми на алергиски ринитис и тие се единствените лекови кои сигнификантно го намалуваат растењето на полипите (ннд)

      • Кромоните покажуваат одреден (мал) ефект против сите симптоми на алергискиот ринитис, но нивната ефикасност е евидентно послаба од онаа на кортикостероидите.

      • Во последно време се воведува употреба на антилеукотриени за олеснување на сите симптоми на алергиски ринитис(ннд)

      • Имунотерапијата (хипосензибилизација, десензибилизација)1 се користи најмногу кај алергискиот ринитис (ннд). Специјалист алерголог го одредува текот на терапијата.

    ТЕРАПИЈА СО ЛЕКОВИ

    Сезонски ринитис

      • Сé додека концентрацијата на полен во воздухот е ниска може да биде доволна само употребата на антихистаминици. Тие треба да се користат како додаток на локалната терапија при алергија на полен (локални стероиди) кога е потребно зголемување на истата. Локалните антихистаминици, левокабастин2 и азеластин3 се алтернатива за таблетарна терапија. Антихистаминиците се достапни и како капки за очи.

      • Локалните стероиди се најефикасни во намалувањето на назалните симптоми кога третманот започнува пред и продолжува за време на поленската сезона. Пациентите можат да го регулираат дозирањето во зависност од изложеноста (концентрација на полен) и симптомите. Локалните стероиди се препорачува да се користат при средно тешки и тешки интермитентни и при слаби перзистентни симптоми (АРИА класификација).

      • Третманот со кромони исто така започнува пред поленската сезона и појавата на симптомите. Освен назален спреј достапни се и капки за очи. Третманот продолжува и во текот на поленската сезона.

      • Како ветувачки се наведуваат искуствата со антилеукотриени во третманот на алергискиот ринитис.

    Целогодишен ринитис

      • Локалните стероиди можат да се користат или интермитентно или континуирано (на пример кај пациенти со назални полипи). Почетната доза општо земено е 2 прскања дневно (навечер) во двете ноздрви. Дозата на одржување обично е помала, т.е. едно прскање секој ден или секој втор ден во двете ноздрви.

      • Антихистаминиците можат да се користат ако се потребни при кивање или носни потешкотии и заедно со симпатикомиметиците за олеснување на лесно запушување на носот.

      • Кромоните можат да се користат превентивно за ублажување на симптомите предизвикани од домашна прашина, на пример пред чистење на куќата.

    НАРЕС (нон-аллергиц рхинитис њитх еосинопхилиа сѕндроме) - неалергиски ринитис со синдром на еозинофилија)

      • Антихистаминиците, локалните стероиди и другите лекови кои се користат при алергиски ринитис се ефикасни кај овој тип на хиперсензитивен ринитис.

    Вазомоторен ринитис

      • Антихолинергикот, ипратропиум (оџитропиум) бромид1, е ефикасен при назални потешкотии. Антихистаминиците комбинирани со симпатикомиметици можат исто така да ги олеснат симптомите.

    ПОВРЗАНИ ДОКАЗИ

      • Сублингвалната имунотерапија2 е сигурен третман кој сигнификантно ги намалува симптомите и потребата од лекови кај алергискиот ринитис (ннд -А).

      • Мерките за избегнување на крлежот на домашната прашина можат да ја намалат концентрацијата на крлежот на домашната прашина и да имаат ефикасност во контролата на симптомите (ннд -Ц).

      • Оралните антихистаминици се поефикасни од плацебо при симптоми на алергиски ринитис (ннд -А).

    РЕФЕРЕНЦИ

    1. Пиркко Руоппи, Артицле ИД: ебм00864 (038.050)  2005 Дуодецим Медицал Публицатионс Лтд

    2. Едиторс, Артицле ИД: евд 01177 (038.050)  2004 Дуодецим Медицал Публицатионс Лтд

    3. Едиторс, Артицле ИД: евд 04731 2005 Дуодецим Медицал Публицатионс Лтд

    4. Аираксинен Л, Туоми Т, Ванханен М, Воутилаинен Р, Тоскала Е. Усе оф насал провоцатион тест ин тхе диагностицс оф оццупатионал рхинитис. Рхинологѕ 2007 Мар;45(1):40-6. ПубМед

    5. Боусљует Ј, ван Цауњенберге П, Аïт Кхалед Н ет ал. Пхармацологиц анд анти-ИгЕ треатмент оф аллергиц рхинитис АРИА упдате (ин цоллаборатион њитх ГА2ЛЕН). Аллергѕ 2006 Сеп;61(9):1086-96. ПубМед

    6. Боусљует Ј, Кхалтаев Н, Цруз АА ет ал; Њорлд Хеалтх Организатион, ГА(2)ЛЕН, АллерГен. Аллергиц Рхинитис анд итс Импацт он Астхма (АРИА) 2008 упдате (ин цоллаборатион њитх тхе Њорлд Хеалтх Организатион, ГА(2)ЛЕН анд АллерГен). Аллергѕ 2008 Апр;63 Суппл 86():8-160. ПубМед



    1. ЕБМ Гуиделинес, 17.01.2011, њњњ.ебм-гуиделинес.цом.

    2. Упатството треба да се опреснува еднаш на 2 години.

    3. Предвидено следно опреснување во 2014г.


    1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   24

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Prolongirana kaslica kaj vozrasni