• Дијагностички пристап
  • Следење на ПЕФ во домашни услови
  • Радиолошко испитување



  • страница4/24
    Дата14.01.2018
    Размер1.81 Mb.

    Prolongirana kaslica kaj vozrasni


    1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   24

    АСТМА : СИМПТОМИ И ДИЈАГНОЗА


    МЗД Упатства

    30. 09.2011




    • Основни податоци

    • Епидемиологија

    • Симптоми

    • Дијагностички пристап

    • Аускултација на белите дробови

    • ПЕФ мерења

    • Спирометрија

    • Следење на ПЕФ во домашни услови

    • Тест со физички напор

    • Лабораториски тестови

    • Радиолошко испитување

    • Кожни “прик” тестови

    • Тестови на провокација со алергени

    • Референци

    ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ


      • Астмата е хронична, инфламаторна болест на дишните патишта

      • Луѓето подложни за добивање на астма, развиваат симптоми асоцирани со инфламацијата. Симптомите обично вклучуваат варијабилен степен на опструкција на дишните патишта, која се повлекува спонтано или под терапија.

      • Воспалението ја зголемува осетливоста на дишните патишта на многу иританси.

    ЕПИДЕМИОЛОГИЈА


      • Кумулативната преваленција на астмата во популацијата е 2-6%, но преваленцијата може да се разликува од земја до земја и до 15 пати (33% во Нов Зеланд). Според неколку студии преваленцијата е во пораст, особено меѓу младите.

      • Астмата посебно зафаќа две групи од популацијата: младите деца и оние над 40 години.

      • Годишно околу 20 до 30 од милион индивидуи умираат поради астма. Само 10% од нив се на возраст под 40 години.

      • Општиот доктор со околу 2000 регистрирани пациенти има околу 80 болни со астма. Половина од нив знаат дека имаат астма, а половина од нив го посетуваат нивниот доктор редовно, најмалку еднаш годишно. Останатите 25 болни се лекуваат сами. Повеќето болни со астма имаат лесни симптоми, но еден просечен општ (матичен) доктор забележува една смрт од астма на секои 10 години.

    СИМПТОМИ


      • Симптомите од астма се варијабилни и многу се разликуваат меѓу пациентите. Симптомите можат да варираат од месец во месец и кај еден ист пациент.

      • Вообичаените симптоми на астма вклучуваат:

        • Диспнеа

    • во рани утрински часови

    • по физички напор (особено на ладно време)

    • во асоцијација со инфекции на горниот респираторен тракт

    • во асоцијација со експозиција на алергени како полен и

    • животински влакна

        • Визинг (њхеезинг)

    • симултано со диспнеата

        • Пролонгирана кашлица

    • во раните утрински часови

    • во асоцијација со иританси

    • кај околу 1/3 од болните со перзистентна кашлица астмата се

    дијагностицира подоцна

    • кашлицата може да биде сува, но често се искашлува чист секрет од долниот респираторен тракт.

      • За разликите помеѓу астма и ХОББ види Табела 2.


    Табела 2. Разлики помеѓу астма и ХОББ


    Карактеристики на болеста

    Астма

    ХОББ

    Етиологија

    непозната,атопија

    пушење

    Почеток

    често нагло

    бавно

    Диспнеа

    пароксизмална

    при физички напор

    Обструкција

    варијабилна

    прогресивна, постојана

    Дифузија на респираторни гасови

    нормална

    често нарушена

    Еозинофили во спутум

    често присутни

    ретко присутни

    Одговор на бронходилататори

    висок

    слаб

    Ток на болеста

    варијабилен

    прогресивен



    ДИЈАГНОСТИЧКИ ПРИСТАП


      • Дијагнозата астма може да се постави врз база на анамнеза и аускултација и функционални тестови

      • Опсежноста на потребните испитувања и местото на нивната изведба зависат од случајот и регионалната пракса

      • Ако се земе предвид континуирана медицинска едукација (КМЕ), базичната ситуација треба добро да се иследи и дијагнозата треба да биде сигурна. Ова му овозможува на докторот да го споредува понатамошниот тек на болеста со базичната состојба (што во некои земји е неопходно за пациентот да рефундира средства за лекарствата)

      • Дијагностичките процедури се наведени подолу според степенот на важност. Аускултација на белите дробови и ПЕФ треба секогаш да се направат. Другите испитувања може да бидат потребни кај нејасни случаи, како и кога е потребна поегзактна класификација на болеста (интринзична/екстринзична, предиспонирачки фактори)
    1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   24

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Prolongirana kaslica kaj vozrasni