• Знаци кои укажуваат на животно-загрозувачки напад
  • Отпуштање од болница по акутна егзацербација на астма
  • ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА АКУТНА ЕГЗАЦЕРБАЦИЈА НА АСТМА
  • ЗНАЦИ КОИ УКАЖУВААТ НА ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКИ НАПАД



  • страница6/24
    Дата14.01.2018
    Размер1.81 Mb.

    Prolongirana kaslica kaj vozrasni


    1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   24

    ТРЕТМАН НА АКУТНА ЕГЗАЦЕРБАЦИЈА НА АСТМА

    МЗД Упатства

    02.09.2011



    • Основни податоци

    • Препознавање на акутна егзацербација на астма

    • Знаци кои укажуваат на животно-загрозувачки напад

    • Итен третман

    • Понатамошен третман

    • Тестови и испитувања

    • Индикации за интензивна нега

    • Отпуштање од болница по акутна егзацербација на астма

    • Поврзани докази

    • Референци

    ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ


      • Болниот, членовите на фамилијата и докторите често ја потценуваат тежината на акутната егзацербација на астмата

      • Целта на третманот е

        • да се превенира смртноста од астма

        • да се обнови состојбата на белодробната функција на болниот до задоволително ниво, што е можно побрзо

        • да се одржи оптимален функционален статус и да се превенира повторувањето на егзацербацијата

    ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА АКУТНА ЕГЗАЦЕРБАЦИЈА НА АСТМА


      • Појава на кој било од следните знаци значи дека нападот е тежок:

        • визингот и диспнеата се интензивирани така што болниот не може да заврши една реченица без да запре за да земе здив, или не може да стане од столица.

        • респираторната фреквенција е постојано над 25/ мин или повеќе.

        • срцевата фреквенција е постојано 110/мин или повеќе (>30 минути по инхалација на салбутамол)

        • ПЕФ е помалку од 60% од личниот максимум на болниот, или под 200 Л/мин, ако не е познат личниот максимум

        • сатурацијата на крвта со кислород е под 92%

        • состојбата на болниот се влошува и покрај применетиот третман

    ЗНАЦИ КОИ УКАЖУВААТ НА ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКИ НАПАД


      • Тивки респираторни звуци при аускултација

      • Цијаноза

      • Брадикардија или хипотензија

      • Истоштеност, конфузија или нарушена свест

      • ПО2 < 8 кПа во артериска крв дури и по инхалирање на чист кислород и артериски ПЦО2 > 6 кПа

      • ПЕФ помал од 30-40% од личен максимум

    ИТЕН ТРЕТМАН


    • Поставете го болниот со удобна седечка позиција, по можност со нозете надолу, така што може да се наведне нанапред ако е потребно и да има потпора за рацете и нозете

    • Дајте кислород (обично концентрација од 35% е доволна; при ресусцитација максимална концентрација и проток)

    • Дајте салбутамол во вид на аеросол а 0.1 мг 4-8 инхалации со волуматик (ннд -Б) , или 2.5-10 мг со небулајзер (или фенотерол 1.25 мг)1, и ипратропиум бромид2 0.5 мг (ннд -А) со небулајзер (пр. Бенет, Бирд, Спирива), со или без кислород. Повторете го третманот на секои 20-30 минуи 2-4 пати , ако е потребно. Теофилинот не се препорачува повеќе за рутинска употреба при третман на егзацербација на астма (ннд -Б) затоа што неговата ефикасност е доведена во прашање и има несакани ефекти. Сепак, при тежок напад, кога е потребна интензивна нега, може да се направи обид со теофилин : 5 мг/кг тежина, интравенски, во тек на 20-30 минути, да се продолжи со инфузија (400 мг теофилин се раствара во 1000 мл 0.9% НаЦЛ или 5% раствор на декстроза; брзината на инфузијата е 0.6 мг/кг/х за болни под 50 годишна возраст и 0.4-0.5 мг/кг/х за болни над 50 години; да се следи теофилинемија на 12 часа и да се одржува ниво на теофилин од 10 до 15 г/мл)3.

    • Дајте висока доза на кортикостероид интравенски или орално (на пример 40-80 мг метилпреднизолон или 125-250 мг хидрокортизон) (ннд -А). Орални кортикостероиди (на пр. 30-40 мг преднизолон) се даваат независно од интравенските стероиди веднаш штом болниот ќе биде во состојба да голта.

    • Продолжете со орални кортикостероиди ( на пример 40-80 мг наутро) во тек на неколку дена. Ако болниот бил претходно поставен на континуирана кортикостероидна терапија дома , може да е потребна повисока доза за купирање на нападот.

    • При животно загрозувачки и тежок напад на астма, кога бронходилататорите не постигнале доволен ефект, земете во предвид давање на магнезиум сулфат 1.2-2 г , во бавна интравенска инфузија, во тек на 20мин. (ннд -Ц)

    • Ако нападот се пролонгира, болниот може да дехидрира поради тоа што диспнеата оневозможува пиење. На болниот може да му се потребни течности 2000-3000мл повеќе од нормалните дневни потреби. Претпазливо кај постари болни и оние со срцеви заболувања.

    НАТАМОШЕН ТРЕТМАН


      • Болниот не треба да се остави сам се додека состојбата не е евидентно подобрена.

      • Продолжете ја оксигенотерапијата по потреба

      • Продолжете со кортикостероидна терапија (на пр. 30-40 мг преднизолон/ден) (ннд -А)

      • Ако состојбата се подобрила, продолжете третман со небулајзер во интервали од 4 часа

      • Ако состојбата не се подобрила, повторете го третманот со небулајзер за 20-30 минути.

      • Седативи не смеат да се користат во третман на егзацербација на астма, освен во единиците за интензивна нега.

      • Антимикробни лекарства не се индицирани ако нема знаци за бактериска инфекција. Физикална терапија со тапкање е контраиндицирана.

    ТЕСТОВИ И ИСПИТУВАЊА


      • ПЕФ на почетокот на третманот и при понатамошно следење

      • Анализи на гасови во артериска крв1 при тешки состојби, се повторуваат според потреба

      • Пулсна оксиметрија 2 (открива хипооксија, но не и хиперкапнија)

      • Срцева фреквенција

      • Концентрација на теофилин при пролонгирана инфузија3

      • Ниво на калиум и глукоза во серум

      • ЕКГ кај постари пациенти

      • РТГ на граден кош кај тешки случаи , кај кои има лош одговор на терапија, за исклучување на пнеумоторакс, пулмонални инфилтрати и пулмонален едем

      • Серумски хематокрит, по потреба, за процена на дехидратација
    1   2   3   4   5   6   7   8   9   ...   24

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Prolongirana kaslica kaj vozrasni