Prolongirana kaslica kaj vozrasni
- Навигация по данной странице:
- Имплементација на долгорочниот менаџмент
- Индикации Дозирање
- Класификација на тежината на астматскиот напад
- ПРИНЦИПИ НА ДОЛГОРОЧЕН ТРЕТМАН
- ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ДОЛГОРОЧНИОТ ТРЕТМАН
ДОЛГОРОЧЕН ТРЕТМАН НА АСТМАМЗД Упатства 04.11.2011 Основни податоциПринципи на долгорочен третманИмплементација на долгорочниот менаџментПостепено намалување на дозата на лековитеДруги третмани за астмаКурс на орални кортикостероидиИндикацииДозирањеИндикации за консултација со специјалист за астмаСледењеКласификација на тежината на астматаСкалест пристап кон долгорочна терапија на астматаКласификација на тежината на астматскиот нападПоврзани доказиРеференциАлгоритамОСНОВНИ ПОДАТОЦИУчете ги пациентите за само-контрола, следење и третман (ннд -А) Матичниот доктор на пациентот треба редовно да ја проверува адекватноста на третманот Минимални симптоми Способност за нормално функционирање Минимална потреба од инхалаторни симпатикомиметици Минимални дневно-ноќни варијации на вредностите на пеф (максимум 10-20%) Без несакани ефекти од лековите Нормална белодробна функција, барем после инхалација на симпатико-миметик Дијагностицирај синуситис како потенцијална причина за егзацербации ПРИНЦИПИ НА ДОЛГОРОЧЕН ТРЕТМАНАнти-инфламаторните лекови (кортикостероиди) се есенцијален дел во третманот (ннд -А) Едукација и мониторинг на техниката на инхалација на лековите е мошне важна Третманот треба да се модифицира за секој пациент посебно, во зависност од тежината на болеста и да се модифицира постепено, чекор по чекор Само-контрола на дозирањето на лекови треба да се охрабрува (само по опсежна и континуирана едукација на болните, поддржана со пишани упатства) Краток курс на орални кортикостероиди е потребен при знаци за акутна егзацербација Сите астматичари треба да избегнуваат контакт со високи концентрации на алергени (ннд -Д) како и професионална експозиција на сензибилизирачки хемиски материи (експозициона профилакса) Аспиринот и другите нестероидни антиреуматици треба да се употребуваат претпазливо поради тоа што 10-20% од астматичарите имаат интолеранција на овие лекарства Неселективните Бета блокатори често ги егзацербираат астматските симптоми Пушењето може да ги поремети резултатите од астматскиот третман Десензибилизацијата може да помогне кај некои болни (ннд -А) ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ДОЛГОРОЧНИОТ ТРЕТМАНБолниот има само повремени симптоми (не секоја недела) и тие не го нарушуваат сонот експозициона профилакса (ннд-Д) (алерголошка контрола на околината) и престанок на пушење инхалаторни кратко-делувачки бета симпатикомиметици по потреба (ннд -Б) (салбутамол, тербуталин 1 или фенотерол2) Ако се потребни инхалаторни симпатикомиметици неколку пати неделно или има нарушување на сонот поради астматски тегоби, индицирана е редовна анти-инфламаторна терапија Инхалаторен (ннд -Б) кортикостероид (беклометазон, будезонид (ннд -А) или флутиказон (ннд -А)) 100-400 г два пати на ден најефикасен анти-инфламаторен лек дозиран аеросол не треба да се користи без волуматик прашковите инхалатори обично добро се толерираат; сепак, болните со ослабена респираторна мускулатура или низок витален капацитет подобро е да користат лекови со дозиран аеросол со волуматик Леукотриенски антагонист (на пр. монтелукаст1 10 мг на ден, или зафирлукаст2 20 мг два пати на ден (ннд -А) може да се препише како алтернатива, но ефектот на вообичаените дози е инфериорен во споредба со инхалаторните кортикостероиди (ннд -А) Инхалаторен кромогликат 5-20 мг 4 пати на ден или недокромил 4 мг 2-4 пати на ден, е можна алтернатива Овие лекови обично не се ефикасни колку кортикостероидите Нема докази дека антилеукотриените би имале ефект на заштеда на кортикостероиди. Нема доволно докази за корисниот ефект од дуплирање на дозата на инхалаторните кортикостероиди (ннд -Ц) Ако симптомите се континуирани и секојдневни, ако потребата од инхалаторни симпатикомиметици е честа и присутна е бронхо-опструкција, документирана со ПЕФ мониторинг: Проверете ја техниката на инхалација, прашајте за можни факти кои би можеле да ја влошуваат астмата и проверете дали болниот се придржува кон терапијата Додајте долго-делувачки инхалаторен симпатикомиметик (ннд -А) (салметерол 50 г два пати на ден, формотерол 12-24 г два пати ден), без да се изостави потребната анти-инфламаторна терапија Ако долгоделувачкиот симпатикомиметик не е ефикасен или лошо се толерира, прекинете го и направете тераписки обид со леукотриенски антагонист (ннд -Б) или теофилин 200-300 мг, навечер. Ако симптомите не се контролираат адекватно со комбинација од 800 г инхалаторен стероид на ден и долго-делувачки симпатикомиметик, заедно со кратко-делувачки симпатикомиметик по потреба, додајте еден или повеќе од следните лекови: Инхалаторен стероид , во дневна доза до 2 мг (2000 г) Леукотриенски антагонист (ннд -Ц), монтелукаст или зафирлукаст Долго-делувачки теофилин 200-300 мг, навечер Раствор на бета симпатикомиметик со небулајзер Инхалаторен антихолинергик(ннд -Ц), ако астмата е комплицирана со симптоми на ХОББ (ипратропиум 40 г или Тиотропиум бромид еднаш на ден) Кромогликат или недокромил (често со ограничен ефект) Следете го ефектот од додадениот лек. Ако не се добие позитивен одговор во тек на 3-4 недели, лекот треба да се прекине. Ако симптомите не се контролираат адекватно со горенаведената терапија да се додаде: Орални кортикостероиди (преднизолон, метил преднизолон). Користете ја најмалата доза која е доволна да ги држи симптомите под контрола. Администрација на оралниот кортикостероид на секој втор ден понекогаш не е доволна за да се контролира тешка астма кај возрасни и треба да се дава секојдневно, во минималната доза која ја контролира астмата, индивидуално одредена за секој понединечен болен. |