• ДРУГИ ТРЕТМАНИ ЗА АСТМА
  • Антибиотици
  • Лекови против кашлица
  • КУРС НА ОРАЛНИ КОРТИКОСТЕРОИДИ
  • Дозирање
  • ИНДИКАЦИИ ЗА КОНСУЛТАЦИЈА СО СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АСТМА
  • СЛЕДЕЊЕ



  • страница9/24
    Дата14.01.2018
    Размер1.81 Mb.

    Prolongirana kaslica kaj vozrasni


    1   ...   5   6   7   8   9   10   11   12   ...   24

    ПОСТЕПЕНО НАМАЛУВАЊЕ НА ДОЗАТА НА ЛЕКОВИТЕ


    • Што се однесува до системските несакани ефекти, дозите на инхалаторни кортикостероиди кои се сметаат за безбедни при терапија на одржување, за возрасни, се 800 г (беклометазон, будезонид) и 400 г (флутиказон).

    • Со повлекувањето на симптомите, лекарствата можат постепено да се намалуваат

    • Ако симптомите се минимални, ако потребата од инхалаторен симпатикомиметик е мала, ако ПЕФ вредностите се нормални, и ако нема дневни варијации ( околу 3 месеци по стабилизирање на болеста), дозата на анти-инфламаторниот лек може да се намалува за по 50-100 г на секои 3 месеци. Треба да се мониторираат ПЕФ вредностите и дневната варијација.

    ДРУГИ ТРЕТМАНИ ЗА АСТМА

    Антихистаминици


      • Антихистаминиците имаат многу ограничена улога во третманот на астмата (ннд -Б). Главно може да се користат за олеснување на другите алергиски симптоми. (Кога постои асоцијација со алергичен рино-конјунктивит, алергија на храна и др.)

    Антибиотици


      • Само јасни знаци за постоење на бактериска инфекција се индикација за антибиотици

      • Инфекциите асоцирани со акутна егзацербација на астма се често со вирусно потекло. Мислете на синузитис, но избегнете го непотребното користење на антибиотици.



    Лекови против кашлица


      • Кашлањето и продукцијата на спутум се обично знаци за лоша контрола на астмата. Интензивирање на третманот или краток курс на орални кортикостероиди би биле поефикасни од лекарства против кашлица.

    КУРС НА ОРАЛНИ КОРТИКОСТЕРОИДИ

    Индикации


      • Влошување на симптомите и пад на вредностите на ПЕФ во неколку последователни денови

      • Времетраењето на ефектот од инхалаторниот бронходилататор се скратува

      • Вредностите на ПЕФ се помали од 70% од најдобрите вредности на болниот (личниот максимум)

      • Нарушување на сонот поради астмата

      • Утринските тегоби перзистираат до пладневните часови

      • Максималната терапија, без орални стероиди, не покажува задоволителен ефект

      • При акутна егзацербација поради која болниот примал бронходилататори со инхалатор или интравенски во оддел за итна помош (ннд -А)

    Дозирање


      • Се дава 30-40 мг преднизолон дневно, се додека не се повлечат симптомите и ПЕФ вредноста се нормализира и уште 3 дена потоа (обично 30-40 мг во тек на 5-10 дена)

      • Лекот обично може да се прекине одеднаш, без постепено намалување на дозата ( ако е даван помалку од 7 дена)

    САМОКОНТРОЛА ПРИ АСТМАТА

      • Болниот треба добро да се обучи како самостојно да ја контролира својата болест

      • Компонентите на успешна само-контрола се:

        • прифаќање и разбирање на астмата и нејзиното лекување

        • ефикасно и редовно користење на лекарствата

        • ПЕФ-мерач и листови за следење во домашни услови

        • напишани упатства за разни проблеми поврзани со болеста

      • Како дел од добро водена само-контрола, на болниот може да му се дадат листови за следење на ПЕФ, со индивидуално определени граници за аларм (семафорски или зонски систем), со следните упатства (ннд -Б):

        • ако утринските вредности на ПЕФ се 75-85% од поранешната оптимална вредност на болниот (личен максимум), дозата на инхалаторниот кортикостероид може дупло да се зголеми во тек на две недели

        • ако утринските вредности на ПЕФ се помали од 50-70%од оптималната вредност, болниот почнува со орален преднизолон 40 мг на ден во тек на 1 недела и треба да се јави по телефон кај докторот или сестрата кои се задолжени за третман на неговата болест

        • Ако утринските вредности на ПЕФ се помали од 50% од оптималната вредност болниот треба да се јави на лекар за понатамошен третман.

    ИНДИКАЦИИ ЗА КОНСУЛТАЦИЈА СО СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АСТМА


      • Индикациите за консултација се релативни и тие зависат од достапните служби и искуството на матичниот доктор на болниот за третман на астма.

        • новодијагностицирана болест

        • сомнение за професионална астма

        • повторувачки егзацербации (нестабилна астма)

        • процена на работоспособност

        • при средно тешка и тешка астма

        • тешка егзацербација

        • симптомите перзистираат и покрај високи дози на инхалаторни кортикостероиди

        • ако се размислува за препишување на инхалатор за домашно лекување

        • бремена жена со симптоми кои се влошуваат

        • кога астмата интерферира со начинот на живот на болниот (на пр. спортски активности, итн.)

        • во случај кога астмата е комплицирана со други состојби (синузит, миокардиопатија, гастроезофагеален рефлукс, бронхиектазии и сл.)

        • проценка за хипосензибилизација

    СЛЕДЕЊЕ


      • Поради тоа што астмата е честа болест, главно треба да се третира и следи од страна на општ доктор

      • Болен кој е поставен на редовна терапија би требало редовно да се контролира кај матичниот доктор

      • Кај лесна астма, една контрола годишно е доволна, но со влошување на астмата потребни се почести контроли.

      • Освен анамнеза за симптомите и аускултација на бели дробови, регистрирање на вредности на ПЕФ во домашни услови еднаш неделно обично е доволно за следење, евентуално надополнето со едноставна спирометрија.

    КЛАСИФИКАЦИЈА НА ТЕЖИНАТА НА АСТМАТА

      • Тежината на астмата ќе го одреди потребниот третман (Табела 3)

      • Кога болниот е веќе поставен на терапија, класификацијата на тежината треба да се заснова на клиничките карактеристики на степенот на дневниот режим на лекарства кои болниот ги прима во моментот на процена.


    Табела 3. Класификација на тежината на астмата пред третманот. 1





    Симптоми/ден

    Симптоми/ноќ

    ПЕФ или ФЕВ1 предвиден

    ПЕФ или ФЕВ1 варијабилност

    Чекор 1

    Интермитентна



    < 1 неделно
    Кратки егзацербации

     2 пати месечно

     80%

    < 20%

    Чекор 2

    Лесна перзистентна



    >1 неделно, но < 1

    на ден
    Нападите може да влијаат на активноста и спиењето



    > 2 пати месечно

     80%

    20-30%

    Чекор 3

    Средно тешка перзистентна



    Секојдневни
    Нападите може да влијаат на активноста и спиењето

    Дневно користење на краткоделувачки ß2 -агонисти



    > 1 неделно

    60-80%

    > 30%

    Чекор 4

    Тешка перзистентна



    Континуирани
    Чести егзацербации Ограничена физичка активност

    Чести

     60%

    > 30%
    1   ...   5   6   7   8   9   10   11   12   ...   24

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Prolongirana kaslica kaj vozrasni