• СТАТУТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ ЕВРОПСКО ВИНСКО ВИТЕШТВО–МАКЕДОНСКИ ВИНСКИ КОНЗУЛАТ
  • Член 6
  • ЧЛЕНСТВО И ЧИНОВИ Член 8
  • ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО Член 12
  • Лице овластено за застапување на Здружението (Првиот проконзул и Вториот проконзул) Член 14
  • Извршен орган (Совет) Член 15
  • Финансирање на Здружението Член 18
  • ПРЕСТАНОК НА РАБОТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО Член 19
  • ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 20

  • Скачать 166.24 Kb.


    Дата22.01.2019
    Размер166.24 Kb.
    ТипРешение

    Скачать 166.24 Kb.

    Решение на знакот ќе се определи во посебна статутарна одлука. Член 4



    Врз основа на Законот за здруженија и фондации (Службен весник на Република Македонија бр.52/10, бр.135/11 и бр.55/2016), Собранието на основачите и членовите на ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ ЕВРОПСКО ВИНСКО ВИТЕШТВО - МАКЕДОНСКИ ВИНСКИ КОНЗУЛАТ („Здружението”), на седницата на Собранието на Здружението одржана на ден 31ви октомври 2017 го усвои следниов статут:

    СТАТУТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ

    ЕВРОПСКО ВИНСКО ВИТЕШТВО–МАКЕДОНСКИ ВИНСКИ КОНЗУЛАТ

    ОПШТИ ОДРЕДБИ



    Член 1

    Со овој Статут се утврдуваат целите, задачите и дејностите со кои се остваруваат целите на Здружението, називот и седиштето, начинот на одлучување за зачленување, исклучување и престанок на членувањето, правата и обврските на членовите, организација и управување, застапување и претставување, начинот на стекнување, користење и располагање со средствата и сите други прашања предвидени со закон и значајни за работата на Здружението.

    Конзулатот на Винските Витези во Република Македонија претставува

    доброволно, непрофитно и неполитичко здружение на граѓани во Република Македонија кои ги остваруваат своите интереси во делот на негување и ширење на винската култура и традиција.



    Член 2

    Називот на Здружението е:

    ЕВРОПСКО ВИНСКО ВИТЕШТВО - МАКЕДОНСКИ ВИНСКИ КОНЗУЛАТ

    Седиштето на Здружението е во Скопје на ул. Камник б.б., општина Илинден.



    Член 3

    Здружението има својство на правно лице.

    Здружението има свој знак (лого), печат и штембил.

    Формата, обликот и ликовното решение на знакот ќе се определи во посебна статутарна одлука.



    Член 4

    Здружението во својата работа ќе се раководи и своите активности ќе ги спроведува во согласност со Уставот на Република Македонија, Законот за здруженија и фондации, овој Статут и другите општи акти на Здружението како и во согласност со сите други важечки прописи на Република Македонија.

    Здружението членува и во своето работење ги применува принципите на Европското Винско Витештво, чиј сенат е со седиште во Ајзенштад, Република Австрија.

    Член 5

    Членувањето и активноста на Здружението се реализира на територија на целата Република Македонија.

    Работата на Здружението е јавна. За јавноста во работењето се грижи Советот на Здружението.

    Член 6

    Здружението го претставуваат и застапуваат Првиот и Вториот Проконзул или лица овластени од нив.



    ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

    Член 7

    Целта на Здружението е со своите активности да:



    • ја негува традицијата на производство на вино во Република Македонија;

    • се завзема за ширење на лозарството, имплементација на најновите научни сознанија за производство на вино и ширење на винската култура;

    • врши едукација на своето членство и на јавноста во врска со винарството;

    • негува културни традиции и да дава придонес во развивањето на културата воопшто;

    • издава публикации од доменот на винарството поврзано со културата, како и други публикации кои ја промовираат Република Македонија во светот;

    • ги почитува и промовира христијанските вредности и традиции во врска со лозарството и винарството;

    • несебично да ги промовира македонските вина во државата и низ светот;

    • делува на подрачјето на хуманитарните активности; и сл.

    За остварување на горенаведените цели, Здружението има право и обврска да:

    • соработува со други домашни и странски невладини организации и институции во интерес на подршката и активното учество во културните и хуманитарните активности; и

    • придобива нови членови во своите редови, го шири пријателството и соработката во Здружението и надвор од него.

    ЧЛЕНСТВО И ЧИНОВИ

    Член 8

    Член на Здружението може да биде секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, како и полнолетен странски државјанин, доколку е:



    • докажан како љубител на виното и почитувач на винската култура;

    • кој професионално или приватно се занимава со производство на вино и со лозарство; и

    • секој кој со своето однесување на професионален и приватен план дава значаен придонес во ширење на винската култура, во својата средина и пошироко.

    Прием на членови се врши по предлог на постоечки членови (спонзори).

    Предлогот со името на предложениот кандидат и неговите општи податоци се поднесува до Советот, преку секретарот на Здружението. Предлогот се смета за доверлив.

    Советот ќе горазгледа предлогот и во рок од 15(петнаесет) дена од поднесувањето на предлогот ќе утврди дали предложениот ги исполнува критериумите дадени во Статутот или во било кои правила на Здружението, ќе донесе одлука по предлогот со тајно гласање.

    Одлуката за прием во членство на Здружението се донесува со мнозинството од сите членови на Советот.

    Доколку oдлуката на Советот е позитивна, Советот ќе го извести предлагачот за својата одлука. Предлагачот ќе го извести идниот член за целите на Здружението и за одговорностите од членувањето воКлубот, по што идниот член ќе треба да потпише формулар со барање за членство во Здружението. Со потпишувањето на формуларот се смета дека кандидатот ги прифаќа oдредбите на овој Статут и на правилата на Здружението.

    По прием на потпишаниот формулар, Советот ги информира членовите на Здружението за предложениот кандидат. Доколку во рок од седум(7) дена од денот на објавувањето на името на кандидатот до Советот не биде поднесен формален приговор од било кој член на Здружението во писмена форма и сообјаснување на причините, а по плаќањето на приемната такса пропишана од Здружението, идниот член ќе се смета за избран член во Клубот.

    Новиот член ќе биде претставен на првиот нареден редовен состанок наЗдружението.

    Здружението води евиденција и список на членство кој се ажурира најмалку еднаш годишно.



    Член 9

    Членовите на Здружението имаат Чинови. Соприем во Здружението членот се стекнува со чинот Хоспес.

    Напредувањето во хиерархијата на витештвото се уредува со посебен Правилник.

    Членовите во Здружението напредуваат според следниот хиерархиски редослед, наведени по хиерархија:



    Hospes / Гостин, Consilliarius / Вински Советник, Iudex / Вински Судија, Eques de Vino / Вински Витез, Wine Dame / Винска Дама.

    Напредувањето се врши по предлог на Советот, а чиновите се доделуваат од сенатот на Европското Винско Витештвово Ајзенстад, Р. Австрија.

    По исклучок, член на Здружението може да биде унапреден за два или три чина.

    Здружението може да има почесни членови.

    Почесните членови се бираат од редот на угледни јавни личности, кои со својот авторитет и работа придонесуваат за афирмација на Здружението и на Република Македонија. Приемот на почесни членови се врши по иста постапка како и за редовните членови. Почесните членови се ослободени од плаќање на годишната членарина.

    Член 10

    Права на членовите на Здружението се:



    • да бираат и да бидат избирани во органите на Здружението;

    • да бидат запознаени со програмата за работа, како и со материјално-финансиското работење на Здружението;

    • да учествуваат и гласаат на Собранието на Здружението;

    • да учествуваат во активностите на Здружението;

    • да предлагаат нови членови; и

    • да ги остваруваат своите лични и професионални интереси преку дружење со другите членови и преку активностите на Здружението.

    Обврски на членовите се:

    • да го почитуваат статутот и одлуките на Здружението;

    • да го чуваат и негуваат авторитетот на Здружението;

    • редовно да присуствуваат на состаноците на Здружението и на истите да ги носат обележјата на Здружението;

    • со својата работа да придонесуваат за остварување на целите и мисијата на Здружението;

    • редовно да ја плаќаат годишната членарина; и

    • да го пренесуваат своето знаење и искуство од областа на винската култура во средината во која живеат и работат, а и пошироко.

    Член 11

    Членството во Здружението престанува со:



    Доброволното истапување се врши по пат на писмено барање поднесено од страна на членот.

    Член на Здружението може да биде исклучен од членство доколку, и покрај писмената опомена, не ги извршува своите обврски предвидени со овој Статути/или го нарушува угледот на Здружението. Одлука за исклучување донесува Советот на Здружението.

    Членството во Здружението престанува по сила на овој Статут за член кој без оправдани причини не ја исполнува обврската заплаќање на годишната членарина подолго од 24 (дваесетичетири) последователни месеци. Во таков случај, Советот го констатира престанокот и го брише тој член од членство без понатамошна постапка. За автоматскиот престанок Советот поднесува информација на првиот нареден состанок на Собранието на Здружението.

    Членовите кои доброволно истапиле или за кои бола донесена одлука за исклучување или на кои членството им престанало врз основа на овој Статут не можат да бидат предлагани и повторно примени во Здружението, и се должни да ги вратат обележјата на Здружението.



    ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

    Член 12

    Органи на Здружението се:



    1. Собрание на Здружението;

    2. Совет на Здружението.

    Собрание на Здружението

    Член 13

    Собранието е највисок орган на Здружението и го сочинуваат сите негови членови.

    Седниците на Собранието ги свикуваат првиот или вториот проконзул или Советот на Здружението, најмалку еднаш годишно. Редовната годишна седница на Собранието по правило се свикува во месец Мај.

    Редовна или вонредна седница на собранието може да се свика и по предлог на 1/5 од вкупниот број на членовите на Здружението.

    Седниците на Собранието по правило се одржуваат во седиштето на Здружението. Со одлука на Советот Собранието може да се одржии вон седиштето на Здружението.

    Членовите на Здружението за седниците на Собранието се известуваат во писмена форма или по електронски пат, најмалку 15 дена пред денот на одржување на Собранието.

    Собранието одлучува на седници.

    Со Седниците на Собранието раководи претседавач, кој се избира од редот на присатните членови.

    Собранието може полноправно да одлучува доколку постои кворум за работа на Собранието. Се смета дека Собранието има кворум за работа и може да одлучува доколку на него присуствуваат повеќе од половина од вкупниот број членови. Доколку на закажаното Собрание нема кворум за работа, во рок од најмногу 30 дена може да се свика повторно Собрание со истиот дневен ред. На повтореното собрание ќе се гласаат и усвојуваат одлуки, со што одлуките ќе бидат валидни доколку за нив гласале повеќе од половина од присутните членови.

    Надлежности на Собранието се:


    • ја утврдува генералната политика на Здружението;

    • донесува и менува Статут;

    • избира и разрешува претседавач на Собранието;

    • избира и разрешува Прв Проконзул и Втор Проконзул;

    • избира и разрешува други членови на Советот;

    • врши надзор врз работењето на Советот и другите органи на Здружението;

    • утврдува годишни и периодични планови за работа;

    • одлучува за престанок на Здружението со 2/3 мнозинство;

    • одлучува за здружување или разделување од друго здружение, зачленување во сојузи и меѓународни организации;

    • одлучува за основање сопствени трговски друштва; и

    • усвојува завршна сметка и финансиски извештаи на Здружението.

    Лице овластено за застапување на Здружението

    (Првиот проконзул и Вториот проконзул)

    Член 14

    Првиот Проконзул и Вториот Проконзул го претставуваат и застапуваат Здружението.

    Са својата работа Првиот Проконзул и Вториот Проконзул се грижат за законитоста во работењето на Здружението.

    За Прв Проконзул и Втор Проконзул можат да бидат избрани само членови со чин Вински Витез.



    Извршен орган (Совет)

    Член 15

    Советот на Здружението е извршен орган на Здружението и е составен од седумчлена, со мандат од две години. Првиот Проконзул и Вториот Проконзул се членови на Советот по функција.

    Од редот на своите членови, Советот избира:


    • секретар;

    • раководител на финансии;

    • маршал, одговорен за спроведување на официјални настани по витешки протокол;

    • програмски менаџер;

    • менаџер на членство.

    Советот одлучува на состаноци, со мнозинство од присутните членови, освен кога одлучува за исклучување од членство, кога е потребно мнозинство од 2/3 од сите членови на Советот. За кворум за работа на Советот потребно е на состанокот да се присутни најмалку 4 члена.

    Надлежности на Советот се:



    • подготвување и свикување на седниците на Собранието;

    • подготвување на предлог годишна програма за работа на Здружението;

    • подготвување на предлог финансиски извештаи за работењето на Здружението;

    • водење евиденција за членовите;

    • одредување на висината на годишната членарина;

    • предлагање начленовите во повисоки чинови;

    • предлагање почесни членови;

    • опоменување и/или исклучување на членови кои не го почитуваат статутот и не ги исполнуваат обврските кои произлегуваат од него;

    • подготвување одлуки што треба да ги донесе Собранието;

    • спроведување на политиката, заклуцоците и одлуките донесени од Собранието;

    • спроведување на секојдневното и тековното работење на Здружението;

    • подготвување годишен или периодичен извештај за својата работа; и

    • други работи поврзани со активностите на Здружението.

    Советот за своето работење одговара пред Собранието.

    Состаноците на Советот ги свикува Првиот Проконзул или Вториот Проконзул, по свое наоѓање или на барање на два члена на Советот.



    Финансирање на Здружението

    Член 18

    Здружението се финансира со:



    • годишна членарина која ја утврдува Советот;

    • наменски средства од државниили меѓународни институции кои финансираат активности, работни програми или проекти на здруженија на граѓани;

    • соработка или учество во програми финансирани од невладини организации од Република Македонија;

    • приходи од организација на стручни собири, конференции, советувања, симпозиуми и сл.;

    • приходи остварениод зависни трговски друштва;

    • приходи од давање на интелектуални или стручни услуги од областа на винарството;

    • донации и спонзорства; и

    • донации од членовите на Здружението.

    ПРЕСТАНОК НА РАБОТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

    Член 19

    Здружението престанува:



    • со одлука на престанок, донесена со 2/3 мнозинство од сите членови на Здружението;

    • истек на двојно повеќе време од времето предвидено за одржување на седница на Собранието утврдено со овој Статут, а таа не е одржана;

    • во две последователни години не е поднесена завршна сметка во согласност со закон;

    • статусна измена која предвидува престанок на постоењето;

    • донесена одлука на надлежен суд;

    • стечај; и

    • спроведена ликвидација.

    Во случај на престанок на Здружението по било кој основ, преостанатиот имот на Здружението ќе му припадне на Домот за деца без родители во Скопје.

    ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

    Член 20

    Овој Статут е усвоен на седницата на членството на Конзулатот на Вински Витези одржана на ден 31ви октомври 2017 година и стапува во сила со денот на неговото донесување.




    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Решение на знакот ќе се определи во посебна статутарна одлука. Член 4

    Скачать 166.24 Kb.