• ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВИНОТО
  • Дефиниции Член 3
  • Производи од винско грозје
  • Шира во ферментација добиена од суво грозје
  • Шира од свежо грозје со ферментација прекината со додавање на алкохол
  • Пречистена концентрирана шира
  • Концентриран сок од грозје
  • Младо вино во ферментација
  • Газирано полупенливо вино
  • Вински талог, вински камен и семки од грозје
  • Комиње
  • Вино зајакнато за дестилација
  • Вински дестилат
  • Географски ознаки
  • Винска година
  • Земање на мостри Член 32
  • Физичко-хемиска анализа на виното Член 33
  • Решение за ставање на виното во промет Член 35
  • Увоз на вино Член 36-а
  • Надлежност на Државниот инспекторат за земјоделство Член 57

  • Скачать 227.33 Kb.


    Дата22.01.2019
    Размер227.33 Kb.
    ТипРешение

    Скачать 227.33 Kb.

    Решение за промет со вино (член 32, 33 и 35), како и укинување на ставот (6) во членот 36 со кој се овозможува олеснување на постапката за увоз на вино



    ВОВЕД


    1. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВAЊЕ НА ЗАКОНОТ

    Законот за виното („Службен весник на Република Македонија бр. 50/10, 53/11, 6/12, 23/13 и 106/13) е донесен во 2010 година и усогласен со Регулатива на ЕУ бр. 32008R0479. Законот за виното беше изменет и дополнет во 2011 година со цел истиот дополнително да се усогласи со Регулативите на ЕУ бр. 32008R0555и 32009R0607, какоизаради потребите за негово усогласување со новоусвоениот Закон за прекршоците. Во 2012 година, законот беше дополнет со цел да се овозможи винарски визби кои ќе бидат избришани од Регистарот на производители на вино, а имаат залиха на вино, да можат да ја стават во промет залихата на вино при што, финансиските средства остварени од продажбата на виното да ги употребат првенствено за исплата на долгови по основ на купено а неплатено винско грозје. Со измените и дополнувањата на законот во 2013 година, покрај техничките и терминолошките подобрувања, беа доуредени меѓусебните односи на производителите на винското грозје и производителите на вино, се прецизираа одредбите кои се однесуваат на физички лица производители на вино, се уреди и здружувањето на производителите на вино, како и можноста избришаните производители на вино кои ги имаат во целост подмирено своите обврски кон производителите не грозје повторно да бидат впишани во Регистарот на производители во интерес на континуитет на нивната работа и долгорочна стабилизација на пазарот на грозје и вино во Република Македонија.


    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пристапи кон изменување и дополнување на одредени одредби заради и подобрување на функционалноста на законот и забрзување и/или олеснување на одредени постапки уредени со законот. Во текстот на законот се направени измени и дополнувања во делот на одредбите кои се однесуваат на пазарот и прометот со вино и тоа во насока на скусување на роковите во постапката за издавање на решение за промет со вино (член 32, 33 и 35), како и укинување на ставот (6) во членот 36 со кој се овозможува олеснување на постапката за увоз на вино.


    1. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ

    Основна цел за донесување на законот е терминолошки корекциии подобрување на функционалноста на Законот за виното.


    1. ОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ВРЗ БУЏЕТОТ И ДРУГИТЕ ЈАВНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

    За спроведување на овој закон не се потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот на Република Македонија.


    1. ПРОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗКОНОТ И НАЧИН НА НИВНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КАКО И ПОДАТОЦИ ЗА ТОА ДАЛИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ПОВЛЕКУВА МАТЕРИЈАЛНИ ОБВРСКИ ЗА ОДДЕЛНИ СУБЈЕКТИ

    За спроведување на овој закон не се потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот на Република Македонија .
    V. ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

    Со оглед на тоа дека не се работи за обемен и сложен закон, се предлага согласно член 170 од Деловникот на Собранието на Република Македонија да се разгледа Предлогот на закон и да се донесе по скратена постапка.



    ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВИНОТО
    Член 1

    Во Законот за виното („Службен весник на Република Македонија“ број 50/10, 53/11, 6/12, 23/13и 106/13), во членот 3 точка 31 зборот „трпезно“се брише.
    Член 2

    Во членот 32 став (2) зборот „седум“ се заменува со зборот „три“.


    Член 3

    Во членот 33 став (6) зборот „седум“ се заменува со зборот „три“.


    Член 4

    Во членот 35 став (3) точката на крајот од реченицата се заменува со запирка и се додаваат зборовите „освен доколку производителот на вино не побара престанување на важност на решението пред исцрпување на количината.“

    Во ставот (4) бројот „30“ се заменува со бројот „10“.
    Член 5

    Во членот 36-а ставот (6) се брише.


    Член 6

    Во членот 57 став 1 точка 8 по зборовите „производи од вино“ се додаваат зборовите „пуштени во промет спротивно на овој закон“.


    Член 7

    Во членот 59-г став (1) точка 3) точката и запирката на крајот од реченицата се бришат и се заменуваат со зборот „и“.

    По точката 3) се додава нова точка 4) која гласи:

    „4) става во промет вино од увоз за кое не е издадено Уверение за физичко-хемиска анализа на виното (член 36-а, став (1).“


    Член 8

    Започнатите постапки за добивање на решение за промет на вино до отпочнувањето на примената на овој закон ќе се завршат согласно Законот за виното („Службен весник на Република Македонија“ број 50/10, 53/11, 6/12, 23/13и 106/13).

    Започнатите постапки за увоз на вино до отпочнувањето на примената на овој закон ќе се завршат согласно Законот за виното („Службен весник на Република Македонија“ број 50/10, 53/11, 6/12, 23/13и 106/13).
    Член 9

    Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

    ОБРАЗЛОЖЕНИЕ




    1. ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ НА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ

    Предлог законот содржи 9 члена чија основна цел е измена и дополна на Законот за винотово делот на уредување на пуштањето на вино во промет.


    Во тој контекст, членот 1 претставува терминолошко подобрување на текстот на законот, а членовите 2, 3 и 4 претставуваат измена (скусување) на периодот за издавање на решение за промет со вино, со што целокупната постапка се скусува од 30 на 10 дена. Членовите5, 6 и 7 ја уредуваат (олеснуваат) царинската постапка при увоз на вино во Република Македонија, односно ги уредуваат правните и прекршочните мерки при пуштање на вино од увоз во промет за кое не е издадено Уверение за квалитет. Членовите 8 и 9 од предлог законот се преодни и завршни одредби.

    II. МЕЃУСЕБНА ПОВРЗАНОСТ НА РЕШЕНИЈАТА СОДРЖАНИ ВО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ОДРЕДБИ


    Решенијата содржани во предлог на Законот за изменување и дополнување на законот за виното се меѓусебно поврзани и се однесуваат на подобрување на постојни решенија кои се содржани во одредбите од Законот.

    III. ПОСЛЕДИЦИ ШТО ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈА


    Со измените на законот ќе се подобри постапката за издавање на решенија за промет на вино и за увоз на вино во Република Македонија.

    ТЕКСТ НА ОДРЕДБАТА ОД ЗАКОНОТ ЗА ВИНОТО КОЈА СЕ МЕНУВА


    Дефиниции

    Член 3

    Одделни изрази употребени во овој закон го имаатследново значење:

    1. Свежо грозје е плод на винова лоза што се користи за производство на вино, зрело или делумно дехидрирано, коешто може да се гмечи или пресува со вообичаената техника и е подложно на спонтана алкохолна ферментација;

    2. Производи од винско грозје се шира, шира воферментација, шира во фермантација добиена од сувогрозје, шира од свежо грозје во ферментација прекинaта со додавање на алкохол, концентрирана шира, пречистена концентрирана шира, сок од грозје, концентриран сок од грозје, комиње и пике;

    3. Вино е производ добиен исклучиво со целоснаили делумна алкохолна ферментација на свежо грозје, гмечено или негмечено или на шира;

    4. Производи од вино се младо вино сé уште воферментација, вино погодно за добивање на трпезновино, трпезно вино, регионално вино, вино со контролирано потекло, вино со контролирано и гарантирано потекло,ликерско вино, пенливо вино, газирано пенливо вино,полупенливо вино, газирано полупенливо вино, винскиоцет, вински талог и вински камен, вино зајакнато за дестилација, вински дестилат и вино од презреано грозје;

    5. Шира е течен производ добиен природно или софизички процеси од свежо грозје. Дозволената вистинска јачина на алкохол по волумен на ширата не е повеќе од 1% вол.;

    6. Шира во ферментација е производ добиен одферментација на ширата и со вистинска јачина на алкохол по волумен повеќе од 1% вол., но помалку од трипеттини од нејзината вкупна јачина на алкохол по волумен;

    7. Шира во ферментација добиена од суво грозјее производ добиен од делумна ферментација на ширадобиена од суво грозје, чијашто вкупна содржина нашеќер пред ферментација е најмалку 272 грама по литар и природната и вистинската јачина на алкохол поволумен не смее да биде помалку од 8% вол.;

    8. Шира од свежо грозје со ферментација прекината со додавање на алкохол е производ кој:



      • има вистинска јачина на алкохол по волумен не помала од 12% вол., но помала од 15 % вол. и

      • е добиен со додавање на производ добиен со дестилација на вино на неферментирана шира со природна јачина на алкохол по волумен не помалку од 8,5%вол. и е добиен исклучиво од сорти на грозје класифицирани како винско грозје според членот 28 на овој закон;

    9. Концентрирана шира е некарамелизирана ширакоја:

      • е добиена со делумна дехидрација на шира извршена со метод одобрен во согласност со овој закон, освен со директна топлина, така што рефрактометарот употребен со метод одобрен во согласност со овој закон, на темепратура од 20°С, не покажал помалку од 50,9 %,

      • потекнува исклучиво од сорти на грозје кои се класифицирани како винско грозје според членот 28 наовој закон и

      • е добиена од шира со природна јачина на алкохол од најмалку 9,0% вол.

    Дозволената вистинска јачина на алкохол по волумен на концентрирана шира не е повеќе од 1 % вол.;

    10. Пречистена концентрирана шира е течен некарамелизиран производ кој е добиен со делумна дехидрација на шира извршена со метод одобрен во согласност со овој закон, освен со директна топлина, такашто рефрактометарот употребен со метод одобрен восогласност со овој закон, на темепратура од 20°С, не

    покажал помалку од 61,7% и поминал одобрена обработка за откиселување и елиминација на состојките

    освен шеќерот и ги има следниве својства:



      • не повеќе од 5 рН на 25° Brix,

      • оптичка густина на 425 нм за дебелина од 1 см не повеќе од 0,100 во шира разредена на 25° Brix,

      • содржина на сахароза неоткриена со одреден метод на анализа,

      • индекс на Folin-Cicolteau не повеќе од 6,00 на 25° Brix,

      • титративна киселост не повеќе од 15 милиеквиваленти по килограм на вкупните шеќери,

      • содржина на сулфур диоксид не повеќе од 25 милиграми по килограм на вкупните шеќери,

      • содржина на вкупни катјони не повеќе од 8 милиеквиваленти по килограм на вкупните шеќери,

      • спроводливост на 25° Brix и 20°C не поголема од 120 micro-Siemens/cm,

      • содржина на хидроксиметилфурфулор не повеќе од 25 милиграми по килограм на вкупните шеќери,

      • присуство на мезоинозитол,

      • потекнува исклучиво од сорти на грозје кои се класифицирани како винско грозје според членот 28 наовој закон,

      • е добиен од шира со природна јачина на алкохол од најмалку 9,0% вол. и

      • дозволена вистинска јачина на алкохол по волумен на пречистена концентрирана шира е не повеќе од1% вол.;

    11. Сок од грозје е неферментиран течен производшто може да ферментира добиен со соодветна обработка што го прави погоден за конзумирање и може да седобие:

    а) од свежо грозје или шира или

    б) со додавање вода на:

    - концентрирана шира или

    - концентриран сок од грозје.

    Дозволена вистинска јачина на алкохол по волуменна сокот од грозје не е повеќе од 1% вол.;

    12. Концентриран сок од грозје е некарамелизиран сок од грозје добиен со делумна дехидратација насок од грозје извршена со одобрен метод во согласностсо овој закон, освен со директна топлина, така што рефрактометарот употребен со метод одобрен во согласност со овој закон на темепратура од 20°С не покажалпомалку од 50,9%.

    Дозволената вистинска јачина на алкохол по волумен на концентриран сок од грозје не е повеќе од 1%вол.;

    13. Младо вино во ферментација е вино во кое алкохолната ферментација сè уште не е завршена и кое сéуште не е одвоено од талогот;

    14. Вино погодно за добивање на трпезно вино евино кое:



      • потекнува исклучиво од сорти на грозје коишто се класифицирани како винско грозје според членот 28 на овој закон,

      • е произведено во Република Македонија и

      • има вистинска јачина на алкохол не помала од 9,0 % вол.;

    15. Ликерско вино е вино кое:

    - има вистинска јачина на алкохол по волумен непомала од 15% вол. и не поголема од 22% вол. и вкупна јачина на алкохол по волумен не помала од 17,5%вол. и

    - е добиено од шира во ферментација, или вино, иликомбинација на овие производи, коишто мора да потекнуваат од сорти на грозје класифицирани како погодниза производство на ликерски вина според членот 28 наовој закон и имаат првична природна јачина на алкохолпо волумен не помала од 12% вол. и со додавање:

    а) индивидуално или во комбинација на неутраленалкохол од винова лоза, вклучувајќи алкохол произведен со дестилација на вино од суво грозје со вистинскајачина на алкохол по волумен не помала од 96% вол. ина дестилат од вино или вино од суво грозје со вистинска јачина на алкохол по волумен не помала од 52%вол. и не поголема од 86% вол. и

    б) на еден или повеќе од следниве производи, според потреба:

    - концентрирана шира и

    - комбинација на еден од производите наведени пода) од оваа точка со шира или шира во ферментација;

    16. Пенливо вино е вино кое е добиено со прва иливтора алкохолна ферментација на:

    - производи погодни за добивање на трпезно вино,

    - трпезно вино, вино со контролирано потекловиносо контролирано потекло или вино со контролирано игарантирано потекло од свежо грозје и

    - при отворање на садот, испушта јаглерод диоксиддобиен исклучиво со ферментација и има вишок притисок поради растворениот јаглерод двооксид, не помалку од 3 бара на температура од 20°С во затворени садови;

    17. Газирано пенливо вино е вино кое:

    - е добиено од трпезно вино,

    - при отворање на садот, испушта јаглерод диоксиддобиен целосно или делумно со додавање на тој гас и

    - има вишок притисок, поради растворениот јаглерод диоксид, не помалку од 3 бара на температура од20°C во затворени садови;

    18. Полупенливо вино е производ:

    - добиен од трпезно вино, вино со контролирано потекловино со контролирано потекло или вино со контролирано и гарантирано потекло или од производи погодни за добивање на трпезно вино, вино со контролирано потекловино со контролирано потекло или виносо контролирано и гарантирано потекло,

    - има вишок притисок, поради ендогениот јаглероддвооксид во раствор, не помалку од 1 бар и не повеќеод 2,5 бара на температура од 20°C во затворени садови и

    - ставен во садови со зафатнина до 60 литри;

    19. Газирано полупенливо вино е производ:

    - добиен од трпезно вино, вино со контролирано потекловино со контролирано потекло или вино со контролирано и гарантирано потекло или од производи погодни за добивање на трпезно, вино со контролиранопотекло или вино со контролирано и гарантирано потекло,

    - има вишок притисок не помалку од 1 бар и не повеќе од 2,5 бара на температура од 20°C во затворенисадови поради јаглероден диоксид во раствор кој е целосно или делумно додаден и

    - ставен во садови со зафатнина до 60 литри;

    20. Вински оцет е производ:

    - добиен исклучиво со оцетна ферментација на вино и

    - има вкупна киселост не помала од 60 грама по литар изразена како оцетна киселина;

    21. Вински талог, вински камен и семки од грозје се:

    - остатоците што се собираат во садовите со винопо ферментација и во текот на складирање или пообработка и остатоците добиени со филтрирање илицентрифугирање на овој производ,

    - остатоци што се собираат во садовите со шира вотек на складирање или по обработка и

    - остатоци добиени со филтрирање или центрифугирање на ширата;

    22. Комиње се остатоци од пресување на свежогрозје, ферментирано или неферментирано;

    23. Пике е алкохолно превриен производ добиен:

    - со измивање на непревриено комиње со вода и

    - со измивање на превриено комиње со вода;

    24. Вино зајакнато за дестилација е производшто:

    - има вистинска јачина на алкохол по волумен непомала од 18% вол. и не поголема од 24% вол.,

    - е добиен исклучиво со додавање на вински дестилат со максимум вистинска јачина на алкохол од 86 %вол. и

    - има максимална испарлива киселост од 1,5 грамапо литар, изразена како оцетна киселина;

    25. Вински дестилат е производ добиен со дестилација на вино и производи од вино со минимална јачина на алкохол од 55% вол.;

    26. Вино од презреано грозје е вино кое:

    - е произведено во Република Македонија, без збогатување, од грозје набрано во Република Македонија од сорти на грозје класифицирани како винско грозјеспоред членот 28 на овој закон,

    - има природна јачина на алкохол поголема од 15%вол. и

    - има вкупна јачина на алкохол не помала од 16%вол. и вистинска јачина на алкохол не помала од 12%вол.;

    27. Географски ознаки сe назив и/или обележје наземјата, регионот или местото со кои се означува декапроизводот потекнува од тоа подрачје;

    28. Македонска национална асоцијација на винарии е форма на здружување на производителите на вино.

    29. Јачини на алкохол се:

    - вистинска јачина на алкохол по волумен означуваброј на делови на чист алкохол содржани на температура од 20°С во 100 делови од производот на таа температура,

    - потенцијална јачина на алкохол по волумен означува број на делови на чист алкохол на температура од 20°С коишто можат да се произведат со целосна ферментација на шеќерите содржани во 100 делови од производот на таа температура,

    - вкупна јачина на алкохол по волумен означувазбир на вистинските и потенцијалните јачини на алкохол,

    - природна јачина на алкохол по волумен означува вкупна јачина на алкохол по волумен на производот пред какво било збогатување,

    - вистинска јачина на алкохол по маса означуваброј на килограми на чист алкохол содржан во 100 килограми од производот,

    - потенцијална јачина на алкохол по маса означуваброј на килограми на чист алкохол коишто можат да сепроизведат со целосна ферментација на шеќери содржани во 100 килограми од производот и

    - вкупна јачина на алкохол по маса означува збирна вистинската и потенцијалната јачина на алкохол и

    30. Винска година е производна година за производите на кои се однесува овој закон и која започнува на 1 август тековната година и завршува на 31 јули следната година.

    31. Купажа е енолошка постапка за добивање на трпезно вино со мешање на вина или шира со ист или различен географски назив, квалитет, боја, сорта на грозје или година на берба.
    Земање на мостри

    Член 32

    (1) Пред ставањето во промет производителот на виното е должен да поднесе барање до Министерството заради добивање на Решение за ставање на виното во промет.

    (2) Државниот инспектор за земјоделство е должен во рок од седум работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (1) на овој член да земе мостри и истите да ги достави на физичко-хемиска анализа и органолептичко оценување.

    (3) Државниот инспектор за земјоделство зема една мостра во петпримероци од кои еден примерок останува кај производителот, два примерока се доставуваат за физичко-хемиска анализа, еден примерок се доставува за органолептичко оценување до Државна дегустациона комисија, доколку органолептичкото оценување не го врши производителот на виното и еден примерок останува во Државниот инспекторат за земјоделство и се чува во соодветни услови во период од три месеци.

    (4) Министерот го пропишува начинот и постапката за земање и чување на мостри заради издавање на решение за ставање во промет и за издавање на придружен документ.

    (5) Министерот ја пропишува формата и содржината на образецот на барањето од ставот (1) на овој член.


    Физичко-хемиска анализа на виното

    Член 33

    (1) Физичко-хемиска анализа на виното заради ставање на виното во промет се врши во лаборатории овластени од министерот.

    (2) Лабораториите од ставот (1 ) на овој член, за вршење на физичко-хемиска анализа на вино треба да се акредитирани од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија за соодветните методи за вршење на анализи на вино од членот 27 на овој закон.

    (3) Заради вршење на физичко-хемиска анализа на вино министерот овластува најмалку две лаборатории кои ги исполнуваат условите од ставот (2) на овој член.

    (4) Министерот ги пропишува основните параметри кои се предмет на физичко-хемиска анализа на виното и постапката за издавање на овластувањето за вршење на физичко-хемиска анализа на виното.

    (5) На барање на производителот на вино, лабораторијата од ставот (1) на овој член може да врши анализа и на други параметри различни од оние наведени во ставот (4) на овој член.

    (6) Лабораторијата од ставот (1) на овој член е должна да изврши физичко-хемиска анализа на виното и да ги достави резултатите од анализата до Министерството во рок од седум работни дена од денот на приемот на мострите, односно до Државниот инспекторат за земјоделство и увозникот за виното од увоз.

    (7) Доколку резултатите од физичко-хемиската анализа на виното од увоз не одговараат на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, лабораторијата од став (1) на овој член нема да издаде Уверение за физичко-хемиска анализа на виното.

    (8) Трошоците за вршење на физичко-хемиската анализа се на товар на барателот и се определуваат во зависност од стварно направените трошоци.

    (9) Министерот ја пропишува висината и начинот на наплата на трошоците од ставот (8) на овој член.



    Решение за ставање на виното во промет

    Член 35

    (1) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, врз основа на поднесено барање за ставање на виното во промет, резултатите од физичко-хемиската анализа и органолептичкото оценување на виното и записникот од инспекторот за земање на мостри донесува Решение за ставање на виното во промет.

    (2) Со Решението за ставање на виното во промет се утврдува:


      • името под кое виното се става во промет,

      • категоријата на квалитет,

      • потеклото на виното, во случај на вино со географски назив,

      • годината на берба,

      • количината на вино, и

      • пазарот за кој виното е наменето (за внатрешен пазар или за извоз).

    (3) Решението од ставот (2) на овој член важи до исцрпувањето на количината на која Решението се однесува.

    (4) Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за издавање на решение за ставање на вино во промет, донесува решение, со кое одлучува по барањето за издавање на решение за ставање на вино во промет.

    (5) Доколку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение за ставање на вино во промет, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, за донесување на решение по поднесеното барање.

    (6) Формата и содржината на барањето од ставовите (1) и (5) на овој член ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    (7) Кон барањето за донесување на решението за ставање на вино во промет,подносителот на барањето доставува и копија од барањето од ставот (1) на овој член.

    (8) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е должен во рок од петработни дена од денот на приемот на барањето од ставот (5) на овој член до писарницатана Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да донесе решение сокое барањето за издавање на решение за ставање на вино во промет е уважено илиодбиено. Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство немаписарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Министерството.

    (9) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение во рокот од ставот (8) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена.

    (10) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (9) на овој член да изврши надзор воМинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените активности.

    (11) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласносо закон донесува решение со кое го задолжува министерот за земјоделство, шумарство иводостопанство во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да гоуважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање.

    (12) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи ворокот од ставот (11) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведувањепрекршочна постапка за прекршок утврден со Законот за управната постапка и ќеопредели дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена да го информира подносителот на барањето за преземените активности.

    (13) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (12) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности.

    (14) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (10) на овој член,подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор дописарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот немаписарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управенинспекторат.

    (15) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работнидена да го разгледа приговорот од ставот (14) на овој член и доколку утврди декаинспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (9)и (10) или не поднесе пријава согласно со ставовите (12) и (13) на овој член, директорот наДржавниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапказа прекршок утврден со Законот за управната инспекција против инспекторот и ќеопредели дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор воМинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дали е спроведенапостапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзорда го информира подносителот на барањето за преземените активности.

    (16) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (15) од овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените активности.

    (17) Во случајот од ставот (16) на овој член, директорот на Државниотуправенинспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш.

    (18) Во случаите од ставот (17) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето.

    (19) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (15) од овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена.

    (20) Доколку министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство не одлучи во рокот од ставот (13) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд.


    Увоз на вино

    Член 36-а

    (1) Пред ставањето во промет увозникот на виното е должен да поднесе барање до Државниот инспекторат за земјоделство заради добивање на Уверение за физичко-хемиска анализа на виното.

    (2) Државниот инспектор за земјоделство е должен во рок од седум работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (1) на овој член да земе мостри и истите да ги достави на физичко-хемиска анализа.

    (3) Државниот инспектор за земјоделство зема една мостра во четирипримероци од кои еден примерок останува кај увозникот, два примерока се доставуваат за физичко-хемиска анализа и еден примерок останува во Државниот инспекторат за земјоделство и се чува во соодветни услови во период од три месеци.

    (4) Министерот го пропишува начинот и постапката за земање и чување на мостри заради издавање на уверение за физичко-хемиска анализа на виното.

    (5) Министерот ја пропишува формата и содржината на образецот на барањето од ставот (1) на овој член.

    (6) Царинската Управа е должна да не дозволи увоз на вино за кое не е издадено уверение за физичко хемиски анализа на виното.

    .

    Надлежност на Државниот инспекторат за земјоделство



    Член 57

    Државниот инспектор за земјоделство, покрај овластувањата што ги има согласно Законот за Државниот инспекторат за земјоделство е овластен и за следново:



      1. да врши контрола на лозовите насади,

      2. да врши контрола на објектите и деловните простории во кои се произведува, доработува, преработува, негува и чува вино и други производи од винско грозје;

      3. да врши контрола на деловните книги и документите кај правните и физички лица што се занимаваат со производство, преработка, доработка, нега на вино и други производи од винско грозје;

      4. да забрани производство на вино и други производи од винско грозје, ако производителот не ги исполнува пропишаните услови;

      5. да ја забрани привремено употребата на просториите, садовите, опремата и другите технички уреди до отстранувањето на утврдените недостатоци;

      6. да забрани ставање во промет на вино и други преработки од грозје и вино, како и енолошки средства ако со анализа се утврди дека не ги исполнуваат пропишаните услови и квалитет;

      7. привремено да одзема предмети и производи по утврдените прекршоци од членовите 60 и 61 на овој закон до завршувањето на прекршочната, односно кривичната постапка што се води пред надлежните органи.;

      8. да нареди уништување на вино и други производи од вино и да нареди уништување односно ископачување на лозови насади; и

      9. да зема мостри заради утврдување на квалитетот на виното.

    (2) Инспекторот може привремено да забрани вршење на дејност за прекршоците предвидени во членовите 60 и 61 од овој закон во време на траење од 30 дена, а за прекршокот од членот 60 став 1 точка 9 во време на траење од 60 дена.
    Член 59-г

    (1) Глоба во износ од 10.000 до 15.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко или правно лице за прекршок, ако:

    1) додава сахароза во вино (член 22 став (2));

    2) произведува и става во промет вино без да биде запишан во Регистарот на производители на вино (член 31 став (1));

    3) става во промет вино без решение за ставање на виното во промет (член 32 став (1));

    (2) Глоба во износ од 4.000 до 7.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот (1) на овој член.



    (3) Покрај глобата од ставот (1) на овој член на правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција привремена забрана за вршење на дејност во траење од шест месеци до пет години.

    (4) Покрај глобата од ставот (2) на овој член на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на должност во траење од една до пет години.

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Решение за промет со вино (член 32, 33 и 35), како и укинување на ставот (6) во членот 36 со кој се овозможува олеснување на постапката за увоз на вино

    Скачать 227.33 Kb.