• Наташа Димеска Стојаноска

  • Скачать 30.16 Kb.


    Дата02.10.2017
    Размер30.16 Kb.

    Скачать 30.16 Kb.

    Скм-зп-ру-10/02 Посета на 20. Mеѓународен саем за земјоделство, храна и пијалаци




    СКМ-ЗП-РУ-10/02

    Посета на 20. Mеѓународен саем за земјоделство, храна и пијалаци
    (од 28 - 31 мај 2013 година, Техеран, Иран)

    Јубилејно издание - 20 години „Иран АГРО ФУД“, од 28 - 31 мај 2013 година


    Ова јубилејно издание на „Иран АГРО ФУД“ - Сам за земјоделство, храна и пијалаци, ќе се одржи на Меѓународниот саем во Техеран.

    Shahrooz Shahverdi на Palar Samaneh, Техеран и Martin Мaerz на Fairtrade Messe, Германија, се главните организатори/партнери на оваа саемска манифестација.
    Иранскиот пазар на храна е еден од најважните пазари на Блиски Исток и според статистичките податоци, тргува со бизнис во вредност од 1.240 билиони САД долари (2010). Оваа огромна сума е од увоз на храна во вредност од 7.370.000.000 американски долари и извоз во вредност од 5.040.000.000 САД долари. Со обемноста од 12,4 милијарди американски $ (2010) во трговијата со храна, Иран ја истакнува важноста на овој саем.

    Од моментот кога Владата на Иран ги укина увозните ограничувања на прехранбените производи во 2003 година, увозот на храна и пијалаци се зголемува од година во година. Особено производителите на месо и месни преработки, конзервирана храна, чај и кафе, зеленчук, млеко и павлака, риба, безалкохолни пијалаци и овошни и зеленчукови сокови, овошје, житарки, чоколада и слатки, сирење, кајмак и многу други производи бележат огромен поттик на нивните продажни активности во Иран.

    Во рок од 3 години, на пример, меѓу 2007 и 2010 година, за 491% се зголемил увозот на храна, додатоци за храна, сточна храна и пијалаци во Иран.
    20. Меѓународен саем „Иран АГРО ФУД 2013“ има цел оваа година за сите да обезбеди идеална бизнис-платформа за да се исполнат сите ирански и меѓународни топ-нивоа на донесување на одлуки, и оние кои бараат да ги надградат своите производствени капацитети. 20. Меѓународен земјоделски саем е местото каде ќе се видат нови производи и импресивни презентации. Овој саем е водечки саем за земјоделство, прехранбени производи во земјата и индустријата за добиток.
    Увозот на земјоделски производи во Иран е вкупно 2.309 билиони САД долари во 2010 година.
    Според стоковната трговска статистика и база на податоци, Иран увезува животински прехранбени продукти, земјоделски машини и опрема, добиток, ѓубрива и инсектициди во истата вредност.

    Посетителите особено се заинтересирани да дознаат повеќе за иновативните прехранбени производи и идеите во угостителството како нов производ кој може да има големо влијание врз пазарот и конкурентноста. Производите претставени на овие изложби не се дизајнирани само за иранскиот или за пазарите на Блискиот Исток, туку асортиманот на производи е соодветно широк и целосно ги покрива регионалните и меѓународните трендови. Тие вклучуваат првенствено стандарди поврзани со здравјето, целна група специфични производи, концепти за одржливоста и органски производи.

    На оваа саемска манифестација како излагачи во 2012 година учествуваа следниве земји: Австрија, Бразил, Канада, Кина, Данска, Финска, Франција, Германија, Велика Британија, Индија, Иран, Италија, Либан, Мексико, Холандија, Оман, Словенија, Шпанија, Јужна Кореја, Швајцарија, Турција, Тајланд и Обединетите Арапски Емирати.

    Обезбедени се бесплатни влезници за посетителите кои ќе одат организирано преку Комората.

    Посетителот ги покрива патните и трошоците за сместување (дополнително информација за трошоците за пат и сместување), како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице).

    Стопанската комора на Македонија ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 20.3.2013 година.

    За подетални информации за саемските манифестации можете да се информирате на следниве линкови: www.visit.iran-agro.com; www.visit.iran-foodhospitality.com; www.visit.iran-foodbevtec.com

    Во прилог е Пријавниот лист за посета на Саемот.

    Контакт: Наташа Димеска Стојаноска

    Тел: ++ 389 2 3244064

    Моб. 070/295-439

    Факс:++ 389 2 3244088



    E-адреса: natasa@mchamber.mk

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Скм-зп-ру-10/02 Посета на 20. Mеѓународен саем за земјоделство, храна и пијалаци

    Скачать 30.16 Kb.