• O Г Л А С за запишување ученици во учебната 2017/2018 година во Средно училиште на Град Скопје гимназија „НИКОЛА КАРЕВ“ - Скопје
  • БРОЈ НА УЧЕНИЦИ
  • Гимназиско образование - 272 ученици, 8 паралелки минимум 60 поени
  • ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
  • КОНКУРСНИ РОКОВИ
  • Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 28 и 29 јуни 2017 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2017 година.
  • Второто пријавување
  • КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

  • Скачать 37.25 Kb.


    Дата25.05.2017
    Размер37.25 Kb.
    ТипЗакон

    Скачать 37.25 Kb.

    Средно училиште на град скопје гимназијА



    СУГС гимназија „Никола Карев“logo novo - sugs gimnazija nikola karev v7


    Врз основа на член 42 од Законот за средното образование (Сл.весник бр. 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 06/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14 10/15, 98/15,145/15 и 30/16), член 44, 45 и 146 од Статутот на Средното училиште на Град Скопје гимназија „Никола Карев“ – Скопје, Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година, објавен од страна на МОН на 31.03.2017 год, Училишната комисија за упис на ученици во прва година на ден 13.04.2017 година, донесе

    O Г Л А С

    за запишување ученици во учебната 2017/2018 година во

    Средно училиште на Град Скопје

    гимназија „НИКОЛА КАРЕВ“ - Скопје


    1. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

    Во прва година ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски наставен јазик според наставните планови и програми за:

    Гимназиско образование - 272 ученици, 8 паралелки

    минимум 60 поени
    При пријавување за гимназиско образование потребно е учениците уште при самиот упис да се определат согласно своите афинитети, за соодветното подрачје и комбинација (А или Б) што ќе ја изучуваат во текот на нивното образование:

    • природно – математичко подрачје (комбинација А) - се бодираат предметите математика и физика

    • природно – математичко подрачје (комбинација Б) - се бодираат предметите математика и биологија, 

    • општествено - хуманистичко подрачје (комбинација А) - се бодираат предметите математика и историја, 

    • општествено - хуманистичко подрачје (комбинација Б) - се бодираат предметите математика и историја, 

    • јазично – уметничко подрачје (комбинација А) - се бодираат предметите математика и историја,

    • јазично – уметничко подрачје (комбинација Б) - се бодираат предметите математика и историја.



    1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

    При пријавувањето,учениците треба да ги поднесат следните документи:

    • пријава за запишување се подигнува од училиштето и истата е бесплатна;

    • оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

    • додаток на свидетелство за IX одд. со резултати од екестерно проверување;

    • извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).



    1. КОНКУРСНИ РОКОВИ

    Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно во августовскиот рок.

    Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 28 и 29 јуни 2017 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2017 година.

    Второто пријавување од јунскиот уписок рок и запишување на учениците ќе се врши на 5 јули 2017, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули 2017 година.

    Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август во училиштата во кои има непополнети места, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2017 год.





    1. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

    Критериуми за избор на учениците се:

    • среден успех на ученикот од VI - IX одделение;

    • среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик, математика и историја/физика/биологија);

    • дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);

    • средна вредност од поени добиени за поведение;

    • среден успех од резултатите од екстерното проверување на постигањето на успехот на ученикот за IX одделение.

    од Комисијата за упис,

    Претседател, м-р Елизабета Марковска Ставревска

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Средно училиште на град скопје гимназијА

    Скачать 37.25 Kb.