• Член 5 Претседател на Управниот одбор ќе биде министерот надлежен за информатичкото општество. Член 6
  • Член 7 Координатор ќе биде раководен работник од областа на информатичкото општество на предлог на министерот за информатичко општество. Член 8
  • Член 10
  • НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА М-р Никола Груевски

  • Скачать 33.42 Kb.


    Дата02.10.2017
    Размер33.42 Kb.
    ТипЗакон

    Скачать 33.42 Kb.

    Врз основа на член 6 став од Законот за Владата на Република Македонија “Службен весник на Република Македонија “ бр



    Врз основа на член 36 став 3 од Законот за Владата на Република Македонија ( “Службен весник на Република Македонија “ бр.59/2000, бр.12/2003, 55/2005, 37/2006, 115/2007, 19/08 и 82/08), Владата на Република Македонија на ________, ја донесе следната:

    О Д Л У К А
    за формирање Управен одбор за воспоставување на информациско-комуникациски систем за интегрирано гранично управување и за интегрално компјутерско поврзување на граничните премини и нивно поврзување со Брисел

    Член 1
    Со оваа Одлука се формира Управен одбор за воспоставување на информациско-комуникациски систем за интегрирано гранично управување и за интегрално компјутерско поврзување на граничните премини и нивно поврзување со Брисел ( во натамошниот текст: Управен одбор) и се уредуваат неговите надлежности и составот.

    Член 2
    Управниот одбор е контролен тим кој треба да оствари координација, следење и воспоставување на информациско-комуникациски систем за интегрирано гранично управување и за интегрално компјутерско поврзување на граничните премини и нивно поврзување со Брисел.
    Член 3
    Управниот одбор ќе донесе Деловник за работа во кој ќе се дефинира правилата и процедурите за работа на Управниот одбор.

    Деловникот за работа од став 1 на овој член ќе се донесе со двотретинско мнозинство од членовите на Управниот одбор, а по претходно прибавено мислење од Националната комисија за интегрирано гранично управување и Националниот координативен центар за гранично управување.

    Со актот од став 1 на овој член ќе се дефинираат сите работни процеси и начинот на функционирање и комуникацијата на Управниот одбор со Националната комисија за интегрирано гранично управување и Националниот координативен центар за гранично управување.

    Управниот одбор ќе донесе План и Елаборат за воспоставување на информациско-комуникациски систем за интегрирано гранично управување и за интегрално компјутерско поврзување на граничните премини и нивно поврзување со Брисел. По предлог-Планот и Предлог-Елаборатот за воспоставување на информациско-комуникациски систем за интегрирано гранично управување и за интегрално компјутерско поврзување на граничните премини и нивно поврзување со Брисел мислење даваат Националната комисија за интегрирано гранично управување и Националниот координативен центар за гранично управување.

    Стручно административните работи на Управниот одбор ќе ги врши Националниот координативен центар за гранично управување подржано и од министерството за информатичко општество.
    Член 4
    Управниот одбор се состои од 19 членови и тоа:


    • претседател

    • заменик на претседателот

    • координатор

    • 16 членови


    Член 5
    Претседател на Управниот одбор ќе биде министерот надлежен за информатичкото општество.
    Член 6
    Заменик на претседателот на Управниот одбор ќе биде Координаторот на Националниот координативен центар за гранично управување.
    Член 7
    Координатор ќе биде раководен работник од областа на информатичкото општество на предлог на министерот за информатичко општество.
    Член 8
    Останатите членови на Управниот одбор го сочинуваат:

    • претседателот на Националната комисија за интегрирано гранично управување

    • по еден член од министерствата и институциите кои имаат надлежности во воспоставувањето на интегрираното гранично управување од областа на информатичкото општество

    • претставник од Дирекцијата за класифицирани податоци

    • претставник од Дирекцијата за заштита за лични податоци

    • два претставника од бизнис секторот на Република Македонија, по еден претставник од Сојузот на стопански комори и Стопанска комора на Република Македонија.


    Член 9
    Управниот одбор најмалку на секој два месеци до Владата на Република Македонија доставува извештај за својата работа. Извештајот на Управниот одбор претходно се доставува на мислење до Националната комисија за интегрирано гранично управување и Националниот координативен центар за гранично управување.
    Член 10

    Оваа Одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”



    ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА

    НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    М-р Никола Груевски

    Бр. __________


    _____ 2008 година

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Врз основа на член 6 став од Законот за Владата на Република Македонија “Службен весник на Република Македонија “ бр

    Скачать 33.42 Kb.