• Д Н Е В Е Н Р Е Д 1.Предлог – Одлука
  • Предлог – Одлука

  • Скачать 40.52 Kb.


    Дата10.11.2018
    Размер40.52 Kb.

    Скачать 40.52 Kb.

    З а п и с н и к од 54- та редовна седница на Советот на општина Василево



    З А П И С Н И К
    Од 54- та редовна седница на Советот на општина Василево

    Советот на општина Василево ја одржа 54-та редовна седница на ден 11 .05.2017 година (Четврток) со пoчеток во 14,00 часот во просториите на Домот на културата во Василево.

    Седницата ја свика и ја водеше Драги Митев претседател на Советотна општина Василево,

    На седницата од оправдани причини не присуствуваа советниците: Сашко Димитриев, Верица Ичева, Гонце Ангелова, Јован Пелтековски и Сашко Георгиев.

    На седницата присуствуваше Ванчо Стојанов градоначалник на општина Василево, Славе Андонов извршител во одделението за нормативно правни работи и средствата за јавно информирање.

    Претседателот на Советот на општина Василево Драги Митев пред да го предложи дневниот ред за работа на педесет и четвртата седница на Совет го стави на гласење Записникот од 53-та седница на Совет на општина Василево одржана на ден 27.04.2017 година од 10 присутни советници Советот на општина Василево го усвои со 10 гласа „за“, „против“ и „воздржани“ нема.

    За работа на 54- та седница на Советот на општина Василево беше предложен следниот дневен ред:

    Д Н Е В Е Н Р Е Д


    1.Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Василево за 2017 година

    2.Барање за одобрување на просторија на користење во Задружен Дом Илинден Василево поднесено од Ловно Друштво Фазан Василево.


    Немаше друг пријавено за збор дневниот ред за работа на 54 –та седница на Совет на општина Василев, беше ставено на гласење од 10 присутни советници Советот на општина Василево го усвои со 10 гласа „за“, „против“ и „воздржани“ нема.
    1.
    По отворената расправа по првата точка: Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Василево за 2017 година за збор се јави Душко Атанасов член на Советот на општина Василево побара образложение од градоначалникот како предлагач на точката да даде подетално образложение.

    Ванчо Стојанов градоначалник на општина Василево во врска точката што е на дневен ред рече дека Проширувањето на Буџетот е заради потребите на корисникот единка, детската градинка „Прва радост“ од Василево каде е направено проширување односно зголемување на средствата за износ од 720.600 денари во ставката привремени вработувања. Образложение за овој предлог даде и директорката на градинката „Прва радост“, од Василево г-ѓа Даниела Трајкова која воедно е и член на општинскиот совет рече дека  „Средствата во висина од 720.600 денари се во расходно конто 427 110. Оваа потреба се јави  поради тоа што двајца извршители на неопределено време по своја волја го напуштија работниот однос. Заради нормално и непречено функционирање и заради зголемениот број на деца во градинката смета дека Советот треба да ја усвои оваа одлука за проширување на средствата за привремено вработување.

    Немаше друг пријавено за збор точката: Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Василево за 2017 година, беше ставена на гласење од 10 присутни советници Советот на општина Василево ја усвои со 7 гласа „за“, „против“3 и „воздржани“ нема.

    2.

    По отворената расправа по Барањето поднесено од ЛД „Фазан“ од Василево, за одобрување на просторија во Задружниот дом Илинден во Василево, за користење заради потребите на ловечкото друштво, за збор се јави Душко Атанасов член на Советот на општина Василево рече дека од неколку претседатели на Советот на општина Василево советниците барале просторија за кординација иако од претседателот на советот имаше обеќано тоа досега не им било овозмозено на советниците од опозицијата лично тој е против доделувањето просторија за состаноци на ловното друштво,, Фазан“ од Василево. Минатиот мандат 2011 /2012 година Советот на општина Василево донесе Одлука да се додели просторија на влезот во Домот лево првата врата но не им се допаднала просторијата. Според него подобро би било да се додели просторија на Младинскиот совет или некој агенции што ке биде од корис за граѓаните да не одат во Струмица, рече дека лично тој е против да се додели просторија, доколку Советот одлучи да се додели просторија има во домот во Ангелци каде што е под надлежност на општината со делбениот биланс од 1998 година припаѓа на општина Василево нека им се овозможи таму да оддржува состаноци ловното друштво фазан од Василево, апелира Советот да ги согледа работите да не го прифати Барањето на ловното друштво фазан од Василево.


    Немаше друг пријавено за збор точката Барањето поднесено од ЛД „Фаза“ од Василево, за одобрување на просторија во Задружниот дом Илинден во Василево, за користење заради потребите на ловечкото друштво,беше ставена на гласење од 10 присутни советници гласааа ,,за“ нема“, „против“8 и „воздржани“ 2 при што Советот на општина Василево не го усвои Барањето поднесено од ЛД „Фаза“ од Василево, за одобрување на просторија во Задружниот дом Илинден во Василево,

    По исцрпениот дневен ред претседателот на Советотот на општина Василево Драги Митев ја затвори 54-та седница на Советот на општина Василево.


    Записничар:

    Зора Коларова

    Sovet na op[tina Vasilevo

    Pretsedatel,



    Дragi Mitev

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    З а п и с н и к од 54- та редовна седница на Советот на општина Василево

    Скачать 40.52 Kb.