• И З В Р Ш И Т Е Л Образец бр.51
  • Весна Деловска од Скопје
  • З А К Л У Ч О К ЗА УСНА ЈАВНА ПРОДАЖБА (врз основа на член 167 став 1, член 169 став 1 и член 170 став 1 од Законот за извршување

  • Скачать 131.47 Kb.


    Дата08.11.2018
    Размер131.47 Kb.

    Скачать 131.47 Kb.

    Заклучок за усна јавна продажба (врз основа на член 67 став 1, член 169 став и член 170 став од Законот за извршување)














    Република Македонија










    И З В Р Ш И Т Е Л







    Образец бр.51

    Весна Деловска










    именуван за подрачјето










    на Основните судови







    И.бр.737/2016

    Скопје 1 Скопје 2










    ул.Антоние Грубишиќ бр.2/1-4










    тел. 02 3111 533









    Извршителот Весна Деловска од Скопје врз основа на барањето за спроведување на извршување од доверителот Насер Џуџевиќ преку полномошник Адвокат Бојан Ваневски од Скопје од Скопје со живеалиште на ул. Народен Фронт бр. 27/2-21, засновано на извршната исправа ОДУ бр. 824/15 од 04.12.2015 на Нотар Верица Симоновска - Синадинова, против должникот Јованка Ѓорѓиева од Скопје со ЕМБГ 2001982455077 и живеалиште на бул. Јане Сандански бр. 116/3-13, за спроведување на извршување во вредност 5.000,00 еур., на ден 30.06.2017 година го донесува следниот:





    З А К Л У Ч О К

    ЗА УСНА ЈАВНА ПРОДАЖБА

    (врз основа на член 167 став 1, член 169 став 1 и член 170 став 1 од Законот за извршување - Сл.Весник на РМ бр. 35/2005, 50/2006, 129/2006, 8/2008, 83/2009, 50/2010, 83/2010, 88/2010, 171/2010, 148/2011 и 187/2013)
    СЕ ОПРЕДЕЛУВА втора продажба со усно јавно наддавање на недвижноста запишана во Имотен лист бр.12658 за КО Кисела Вода 2, при Агенција за катастар на недвижности, со следните ознаки:

    ЛИСТ В:


    КП 823, дел 0, адреса Ј.Сандански 116, бр. на згр. 2, намена на згр. А2, влез 3, кат 04, бр. 13, намена на посебен дел од згр. ПП, со површина 7 м2;

    КП 823, дел 0, адреса Ј.Сандански 116, бр. на згр. 2, намена на згр. А2, влез 3, кат 04, бр. 13, намена на посебен дел од згр. СТ, со површина 50 м2;

    КП 823, дел 0, адреса Ј.Сандански 116, бр. на згр. 2, намена на згр. А2, влез 3, кат ПО, бр. 13, намена на посебен дел од згр. П, со површина 3 м2;

    - во сопственост на должникот Јованка Ѓорѓиева;


    Продажбата ќе се одржи на ден 20.07.2017 година во 9.00 часот во просториите на извршител Весна Деловска со седиште на ул.Антоние Грубишиќ бр.2/1-4.

    Почетната вредност на недвижноста, утврдена со заклучок на извршителот И.бр.737/2016 од 31.03.2017 година, која на првата продажба изнесуваше 41.900,00 евра во денарска противвредност по среден курс на НБРМ на денот на продажбата, на предлог на доверителот за втора усна јавна продажба, се намалува за 1/3 и како почетна цена за продажба на недвижноста се утврдува износ од 27.934,00 евра во во денарска противвредност по среден курс на НБРМ на денот на продажбата, под која недвижноста не може да се продаде на второто јавно наддавање.

    Недвижноста е оптоварена со следните товари и службености: право на залог – хипотека во корист на доверителот Насер Џуџевиќ врз основа на Нотарски акт ОДУ.бр.824/15 од 04.12.2015 година на Нотар Верица Симоновска Синадинова, Налог за извршување И.бр.737/2016 од 29.09.2016 година на Извршител Весна Деловска.

    Должникот кој како сопственик домува во продадената семејна станбена зграда или стан не го задржува правото да домува тука и е должен зградата односно станот да ги испразни во рок од 60 дена од денот на донесувањето на Заклучокот за продажба, а ако тоа не го стори, извршителот на предлог од купувачот присилно ќе го изврши испразнувањето на зградата односно станот.

    На јавното наддавање можат да учествуваат само лица кои претходно положиле гаранција која изнесува 1/10 (една десеттина) од утврдената вредност на недвижноста.

    Уплатата на паричните средства на име гаранција се врши на жиро сметката од извршителот со бр. 250001002663794 која се води кај Шпаркасе банка Македонија АД и даночен број МК5080010500763.

    На понудувачите чија понуда не е прифатена, гаранцијата им се враќа веднаш по заклучувањето на јавното наддавање.

    Најповолниот понудувач-купувач на недвижноста е должен да ја положи вкупната цена на недвижноста, во рок од 15 дена од денот на продажбата, во спротивно ќе се определи нова продажба, а од положената гаранција ќе се намират трошоците на новата продажба и ќе се надомести разликата меѓу цената постигната на поранешната и на новата продажба.

    Овој заклучок ќе се објави во следните средства за јавно информирање – Нова Македонија.

    Заклучокот ќе се достави до странките, заложните доверители, до учесниците во постапката, до лицата кои имаат запишано или законско право на првенство на купување и до надлежниот орган на управата.



    И З В Р Ш И Т Е Л




    Весна Деловска


    Д.-на: Должник, Доверител, Град Скопје и Архива

    Коьрта
    Контакты

        Главная страница


    Заклучок за усна јавна продажба (врз основа на член 67 став 1, член 169 став и член 170 став од Законот за извршување)

    Скачать 131.47 Kb.