Скачать 322.63 Kb.


Дата02.10.2017
Размер322.63 Kb.
ТипЗакон

Скачать 322.63 Kb.

Законот за азил и привремена заšтита, šто Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одрžана на 16 јули 2003 го


Службен весник на република Македонија

Бр. 49/ 25 јули 2003

Законот за азил и привремена заштита, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 16 јули 2003 година.




ЗАКОН ЗА АЗИЛ И ПРИВРЕМЕНА ЗАШТИТА


ГЛАВА И

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Предмет на законот

Член 1

Со овој закон се уредуваат условите и постапката за добивање и престанок на право на азил на странец или лице без државјанство (во натамошниот текст: странец) кој бара признавање право на азил во Република Македонија, како и правата и должностите на барателите и лицата на кои им е признаено право на азил во Република Македонија.

Со овој закон се уредуваат и условите според кои Република Македонија може да даде привремена заштита, како и правата и должностите на лицата под привремена заштита.



Право на азил

Член 2

Правото на азил е заштита, што Република Македонија ја дава под услови и постапка предвидени со овој закон, на следните категории лица:

  • признаен бегалец (бегалец по Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година и Протоколот за статусот на бегалците од 1967 година) и

  • лице под хуманитарна заштита (согласно со член 3 од Конвенцијата за заштита на правата на човекот и основните слободи од 1950 година и член 3 од Конвенцијата против мачење и други облици на сурово, нехумано и понижувачко постапување или казнување од 1984 година).



Барател на право на азил

Член 3

Барател на право на азил, во смисла на овој закон е странец кој бара заштита од Република Македонија, од денот кога тој се обратил на Министерството за внатрешни работи до денот на донесување на конечна одлука во постапката за признавање право на на азил.

Признаен бегалец

Член 4

Признаен бегалец е странец за кој по испитување на неговото барање е утврдено дека ги исполнува условите определени со Конвенцијата od чlen 2 алинеја 1 на овој закон, односно лице кое поради оправдан страв дека ќе биде прогонето заради својата раса, вера, националност, припадност на одредена социјална група или поради своето политичко уверување, е надвор од државата чиј државјанин е, и не може, или поради таков страв не сака да биде под заштита на таа држава; или кое доколку е без државјанство е надвор од државата во која имало вообичаено место на престој, не може или поради таков страв не сака да се врати во неа.

Лице под хуманитарна заштита

Член 5

Лице под хуманитарна заштита е странец на кој Република Македонија ќе признае право на азил од хуманитарни причини и ќе дозволи да остане во рамките на нејзината територија бидејќи во државата чиј државјанин е, или доколку е без државјанство, во која има вообичаено место на престој, би бил подложен на мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување.

Причини за исклучување

Член 6

Странец не може да ужива право на азил во Република Македонија доколку постои основано сомневање дека тој:

  • извршил кривично дело против мирот, човечноста или воено злосторство, согласно меѓународните акти со кои се предвидени овие кривични дела;

  • извршил тешко кривично дело (неполитичко) надвор од територијата на Република Македонија пред да биде прифатен во неа како бегалец;

  • е виновен за дејствија спротивни со целите и принципите на Организацијата на Обединетите нации.

Принцип на невраќање

Член 7

Барател на право на азил, признаен бегалец или лице под хуманитарна заштита не може да се протера или на било каков начин со сила да се врати на границите на државата:

  • во која неговиот живот или слобода би биле во опасност поради неговата раса, вера, националност, припадност на одредена социјална група или политичко уверување;

  • каде би бил подложен на мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување.

Забраната од став 1 алинеја 1 на овој член не се однесува на странец кој претставува опасност по безбедноста на Република Македонија или кој, откако против него е донесена правосилна одлука за злосторство или посебно поради тешко кривично дело, претставува опасност за граѓаните на Република Македонија.

На странецот од став 1 алинеја 2 на овој член, кој поради причините од член 6 на овој закон не може да ужива право на азил во Република Македонија, ќе му се дозволи да остане на територијата на Република Македонија се додека во државата чиј државјанин е или доколку е без државјанство во која имал вообичаено место на престој би бил подложен на мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување.

Странецот од став 3 на овој член за време на престојот во Република Македонија има исти права и должности како и лицата под привремена заштита во Република Македонија.

Семејно обединување

Член 8

На членовите на потесното семејство на признаен бегалец и лице под хуманитарна заштита, на нивно барање, ќе им се признае право на азил.

За членови на потесното семејство, во смисла на став 1 на овој член, се сметаат брачниот другар, доколку бракот бил склучен пред доаѓањето во Република Македонија и малолетните деца кои не се во брак, како и родителите на малолетните деца доколку малолетните деца се стекнале со право на азил.

Принципот на семејно обединување од став 1 на овој член нема да се применува ако:


  • постојат причините за исклучување од член 6 на овој закон и

  • лицата од став 2 на овој член се државјани на друга држава која може да им даде заштита.
Безбедна земја на потекло
Член 9

Безбедна земја на потекло е држава во која нејзините државјани или лица без државјанство кои таму имаат последно вообичаено место на престој се безбедни од прогон поради причините од член 4 на овој закон или од мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување, што се утврдува особено врз основа на почитувањето на човековите права утврдени со меѓународните акти; постоење на демократски институции (демократски процеси, избори, политички плурализам, слобода на мислата и јавното изразување на мислата, достапноста и ефикасноста на правната заштита) и стабилноста на земјата.

Барателот на право на азил во текот на постапката за признавање право на азил може да докаже дека земјата на потекло не е безбедна за него.



Безбедна трета земја (Прва земја на азил)

Член 10

Безбедна трета земја е држава во која барателот на право на азил се задржал, пред доаѓањето во Република Македонија и во која може да се претпостави дека тој може да се врати безбеден од прогон, во смисла на член 4 на овој закон, или од мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување.

За безбедна трета земја, ќе се смета државата:



  • во која не постои сериозен ризик од прогон, во смисла на член 9 став 1 на овој закон;

  • која го почитува и применува принципот на невраќање и

  • која ќе го прими барателот на право на азил, ќе му обезбеди пристап до постапка за признавање право на азил, која ги нуди основните процедурални гаранции и суштински ќе го испита барањето за признавање право на азил.

Барателот на право на азил во текот на постапката за признавање право на азил може да докаже дека третата земја не е безбедна за него.

Принципот на безбедна трета земја од став 1 на овој член нема да се применува ако брачниот другар на барателот на право на азил, децата или родителите законски престојуваат во Република Македонија.


Принцип на локално учество

Член 11

Принципот на локално учество значи обврска на единиците на локалната самоуправа да ја прифатат одговорноста за сместување на признаените бегалци и лица под хуманитарна заштита во зависност на економската развиеност и бројот на жителите на единиците на локалната самоуправа, за што одлучува Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Владата).

Органи за признавање право на азил

Член 12

Постапката за признавање право на азил во прв степен ја спроведува и донесува одлука Министерството за внатрешни работи преку организациона единица надлежна за азил (во натамошниот текст: Одделението за азил).

Второстепената постапка за признавање право на азил ја спроведува надлежна комисија на Владата.


Улогата на Високиот комесаријат за бегалци при

Обединетите нации во постапката за азил

Член 13

Органите од член 12 на овој закон ќе соработуваат со Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (во натамошниот текст: Високиот комесаријат за бегалци) во сите фази на постапката за признавање право на азил.

Министерството за внатрешни работи изготвува и доставува до Високиот комесаријат за бегалци известувања и статистички податоци кои се однесуваат на положбата на барателите на право на азил и лицата на кои им е признаено право на азил во Република Македонија и за спроведувањето на Конвенцијата од член 2 алинеја 1 на овој закон, овој закон и другите прописи од областа на азилот.



Правна помош

Член 14

Барателите на право на азил имаат право на правна помош и објаснување во врска со условите и постапката за признавање на правото на азил.

Барателите на право на азил, во сите фази на постапката можат да контактираат со лица кои даваат правна помош, претставниците на Високиот комесаријат за бегалци, како и невладини хуманитарни организации.

Претставниците на Високиот комесаријат за бегалци имаат право на пристап и контактирање со барателите на право на азил, во сите фази на постапката, каде и да се наоѓаат тие.

ГЛАВА ИИ

ПОСТАПКА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ ПРАВО НА АЗИЛ

1. ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ

Примена на Законот за општата

управна постапка

Член 15

Во постапката за признавање право на азил соодветно се применуваат одредбите на Законот за општата управна постапка, ако со овој закон поинаку не е определено.

Поднесување на барање за признавање право на азил

Член 16

Барател на право на азил мора да побара признавање право на азил кога влегува во Република Македонија. Барањето се искажува на полицијата на граничниот премин или во најблиската полициска станица која е должна да го спроведе барателот на право на азил до Одделението за азил.

Барател на право на азил, кој престојува на територијата на Република Македонија поднесува барање за признавање право на азил до Одделението за азил.

Во случаите од член 8 на овој закон, барање за семејно обединување може да се поднесе до дипломатско-конзуларно претставништво на Република Македонија во странство.

Бесправно влегување и престој

во Република Македонија

Член 17

Барател на право на азил кој бесправно влегол или бесправно престојува на територијата на Република Македонија, а дирекно доаѓа од држава во која неговиот живот или слобода биле во опасност во смисла на член 4 и 5 на овој закон, нема да се казни, ако веднаш побара признавање право на азил во Одделението за азил или се пријави во најблиската полициска станица и го изложи барањето за признавање право на азил, како и оправданите причини за своето бесправно влегување или престој.

Во случајот од став 1 на овој член полицијата веднаш го спроведуваат лицето до Одделението за азил.


Начин на поднесување на барање за признавање право на азил

Член 18

Барањето за признавање право на азил се поднесува писмено или усно на записник, на македонски јазик, или ако тоа не е можно, на јазикот на земјата на потекло или на некој од пошироко прифатените странски јазици.

При поднесување на барањето за признавање право на азил, барателот на азил се фотографира и му се земаат отпечатоци од прсти.

При поднесување на барање за азил, Одделението за азил ќе му издаде потврда на барателот на право на азил, со печат, број и датум на поднесувањето.

Однос со постапката за одобрување на престој

од Законот за движење и престој на странците

Член 19

Од поднесувањето на барање за признавање право на азил до донесување на конечна одлука нема да се применува Законот за движење и престој на странците.

Поднесеното барање за признавање право на азил ќе се смета како повлекување на барањето за издавање на одобрение за престој на странец, во смисла на одредбите на Законот за движење и престој на странците.


Обврска за поднесување на исправи

Член 20

Доколку барателот на право на азил поседува исправи, потребно е истите да ги приложи кон барањето за признавање право на азил кога тие се неопходни за постапката за признавање право на азил, а особено:

  • патна исправа;

  • визи, дозволи за престој или други слични исправи;

  • лична карта или друг идентификационен документ;

  • сертификат за раѓање и склучување на брак (каде што е можно);

  • патни билети и слично, како и

  • други документи или исправи кои можат да бидат од значење во постапката на признавање право на азил.

Исправите од ставот 1 на овој член се чуваат во Одделението за азил во текот на постапката за признавање право на азил, а на барателот на право на азил ќе му се обезбеди фотокопја од поднесените исправи и му се дава потврда дека оригиналните исправи му се во Оодделението за азил.

Право на толкувач

Член 21

Кога барателот на право на азил не го разбира јазикот во постапката, Одделението за азил на тоа лице ќе му обезбеди толкувач на јазикот на земјата на потекло или на јазик што тој го разбира.

Трошоците за толкувач ги обезбедува Министерството за внатрешни работи.

Толкувачот е должен да ги чува како тајна податоците што ги дознал во текот на постапката.

Барателите на право на азил имаат право на толкувач од ист пол, во рамките на можностите.


Јавност во постапката

Член 22

При сослушувањето на барателот на право на азил, јавноста е исклучена.

Под јавност во смисла на став 1 на овој член не се смета лицето кое дава правна помош овластено од барателот на право на азил, толкувачот и претставникот на Високиот комесаријат за бегалци.

Лицата од став 2 на овој член писмено ќе се известат за датумот, времето и местото на сослушувањето.

Лицата кои присуствуваат на сослушувањето се должни како тајна да ги чуваат податоците за кои дознале во текот на постапката, освен ако барателот на право на азил изречно им дозволи комуникација со јавноста, а според мислењето на овластеното службено лице на Одделението за азил тоа нема да штети на текот на постапката.

Одделението за азил може да дава податоци во врска со политиката и праксата во областа на азилот кои се од значење за одредени научни истражувања.

Малолетни лица без придружба и лица со пречки во прихичкиот развој

Член 23

На малолетни лица без придружба и лица со пречки во психичкиот развој, кои бараат признавање право на азил согласно член 2 на овој закон, ќе им се определи старател согласно Законот за семејството.

Повлекување на барањето за признавање право на азил

Член 24

Барањето за признавање право на азил се смета за повлечено и постапката се запира со заклучок доколку барателот на право на азил без оправдана причина не се јави на покана на Одделението за азил.

Против заклучокот од став 1 на овој член барателот на право на азил има право на жалба до надлежна комисија на Владата во рок од 15 дена од денот на доставувањето на заклучокот.

Жалбата го одлага извршувањето на заклучокот.

Примена на одредби за протерување од

Законот за движење и престој на странците

Член 25

Во случај кога одбиеното лице, барател на право на азил, не ја напушти територијата на Република Македонија во времето предвидено во одлуката на Одделението за азил, неговото протерување од Република Македонија, ќе биде спроведено во согласност со овој закон и со одредбите на Законот за движење и престој на странците.

Доставување

Член 26

Писмената во постапката за признавање право на азил ќе бидат лично доставени на барателот на право на азил, или на неговиот законски застапник или полномошник.

2. РЕДОВНА ПОСТАПКА

Спроведување на редовна постапка

Член 27

Редовната постапка за признавање право на азил во прв степен се спроведува од страна на Одделението за азил, кое е должно одлуката да ја донесе во рок од два месеца од денот на поднесувањето на барањето.

Сослушување на барателот на право на азил

Член 28

Барателот на право на азил лично ќе се сослуша, а сослушувањето може да биде и аудио снимено.

Барателите на право на азил, на нивно барање, имаат право да бидат сослушани од овластено службено лице на Одделението за азил од ист пол.

За време на сослушувањето, лицето од став 1 на овој член ги изнесува сите факти и докази што се од значење за утврдување на постоење основан страв од прогон во смисла на член 4 на овој закон.

За време на сослушувањето се води записник. Записникот го потпишуваат лицата што учествувале во сослушувањето.


Причини за одбивање

Член 29

Барањето за признавање право на азил ќе се одбие во редовната постапка кога ќе се утврди дека:

  • не постои оправдан страв од прогон во смисла на член 4 на овој закон;

  • постојат причини за исклучување од член 6 на овој закон и

  • прогонот поради причините од член 4 на овој закон е ограничен само на одредена географска област на државата чиј државјанин е, или доколку е без државјанство во која имало вообичаено место на престој, а постои можност за ефикасна заштита во друг дел на државата, освен ако со оглед на сите околности не може да се очекува лицето таму да побара заштита.



Испитување на основ за признавање право на азил заради

хуманитарна заштита

Член 30

Во случај кога ќе се утврди дека барателот на право на азил не ги исполнува условите за признавање право на азил согласно член 2 алинеа 1 на овој закон, Одделението за азил по службена должност ќе го испита постоењето на причините и условите за признавање право на азил заради хуманитарна заштита согласно член 2 алинеа 2 на овој закон.

Донесување и видови на решенија

Член 31

Врз основа на фактите и доказите утврдени во постапката, Одделението за азил ќе донесе решение за признавање статус на признаен бегалец, решение за признавање на статус на лице под хуманитарна заштита или решение со кое се одбива барањето за признавање право на азил.

Решението со кое барањето за признавање право на азил се одбива ги содржи причините поради кои не е уважено барањето, упатство за правно средство и рокот во кој лицето е должно да ја напушти територијата на Република Македонија, кој не може да биде пократок од 15 дена од денот кога решението ќе стане извршно.



Право на жалба и донесување на одлука

Член 32

Барателот на право на азил може да поднесе жалба против решението на Одделението за азил до надлежна комисија на Владата во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението.

Жалбата го одлага извршувањето на решението.

Решението на надлежната комисија на Владата ќе се донесе во рок од два месеца од денот на поднесување на жалбата.

Против решението на надлежната комисија на Владата може да се поведе управен спор пред надлежен суд, согласно Законот за управните спорови.



По барање на тужителот, Одделението за азил ќе го одложи извршувањето на решението до конечната судска одлука, во случаи и на начин утврден со Законот за управните спорови.

Ново барање за признавање право на азил

Член 33

Во случај кога барателот на право на азил ќе поднесе ново барање за признавање право на азил, тој мора да обезбеди докази дека неговите околности битно се измениле од моментот на донесување на претходното решение со кое е одбиено неговото барање. Доколку тоа не го стори, Одделението за азил ќе го одбие барањето.

3. ИТНА ПОСТАПКА

Цел на постапката

Член 34

Итната постапка се спроведува кога барањето за признавање право на азил е очигледно неосновано, освен ако барањето е поднесено од малолетно лице без придружба или лице со пречки во психичкиот развој.

Очигледно неосновани барања

Член 35

Барањето за признавање право на азил се смета дека е очигледно неосновано ако:

  • нема основа во тврдењето за страв од прогон, бидејќи барањето не е поднесено поради причините утврдени со овој закон, туку поради можност за вработување и подобри услови за живот или кога барателот не дава никакви податоци дека би бил изложен на прогон или кога неговите тврдења се невозможни или противречни;

  • барањето се заснова на смислена измама или злоупотреба на постапката за признавање право на азил;

  • лицето пристигнало од безбедна земја на потекло, освен ако докаже дека земјата на потекло не е безбедна за него и

  • лицето пристигнало од трета безбедна земја, каде можело да бара признавање право на азил, освен ако докаже дека третата земја не е безбедна за него.

Барателот на право на азил извршува смислено дело на измама и злоупотреба на постапката за признавање право на азил согласно став 1 алинеа 2 на овој член, во случај ако:

  • без разумно објаснување, смислено дава невистинити изјави во неговото барање за признавање право на азил, усно или во писмена форма, а тие изјави се од суштествена природа и значење за определување на неговиот статус на признаен бегалец;

  • без разумно објаснување, го засновал своето барање врз лажен идентитет или врз фалсификувани исправи, за кои тврди дека се автентични;

  • намерно уништува, оштетува или крие патна исправа, друг документ или доказ од значење за постапката, со цел да го попречи текот на постапката и да ги доведе во заблуда органите за признавање право на азил во врска со неговиот идентитет;

  • барањето за признавање право на азил е поднесено со цел да се спречи извршувањето на одлуката за протерување од територијата на Република Македонија, а барателот имал доволно можност претходно да бара признавање право на азил;

  • барањето за признавање право на азил на лицето му било одбиено во друга земја, по испитување на суштината на барањето, во постапка што содржела соодветни процедурални гаранции, во согласност со Конвенцијата од член 2 алинеја 1 на овој закон и

  • има добиено право на азил во друга земја и продолжува да ја ужива заштитата на таа земја.

Донесување на решение

Член 36

Во случаите кога барањето за признавање право на азил е одбиено како очигледно неосновано, Одделението за азил донесува решение со кое се одбива барањето за признавање право на азил и се определува рокот во кој лицето е должно да ја напушти територијата на Република Македонија, кој не може да биде пократок од три дена од денот кога решението ќе стане извршно.

Во образложението на решението од став 1 на овој член се наведуваат причините за одбивање на барањето за азил, како и дека при одлучување по барањето за признавање право на азил не биле земени во предвид причините од член 4 на овој закон.

Решението од став 1 на овој член се донесува во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето за признавање право на азил.

Жалба против решението со кое се одбива барањето

Член 37

Против решението со кое се одбива барањето за признавање право на азил во итната постапка барателот на право на азил има право на жалба во рок од три дена од денот на доставувањето на решението.

Жалбата од став 1 на овој член го одлага извршувањето на решението.

По жалбата од став 1 на овој член одлучува надлежна комисија на Владата во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на жалбата.

Против решението на надлежната комисија на Владата не може да се води управен спор.


ГЛАВА ИИИ

ПРЕСТАНОК НА ПРАВОТО НА АЗИЛ

Престанок на правото на азил

Член 38

Правото на азил признаено во Република Македонија престанува за лице кое:

  • доброволно повторно ќе се стави под заштита на земјата чиј државјанин е;

  • откако го изгубило државјанството на таа земја, тоа лице повторно доброволно го стекнало;

  • стекнало ново државјанство и ужива заштита од државата на неговото ново државјанство;

  • доброволно повторно се населило во државата што ја напуштило или останало надвор од неа поради страв од прогон;

  • не може повеќе да продолжи да одбива да користи заштита од земјата чиј државјанин е, бидејќи околностите поради кои на лицето му било признаено право на азил престанале да постојат и

  • е без државјанство, и може да се врати во државата на неговото поранешно вообичаено место на престој, бидејќи околностите поради кои на лицето му било признаено право на азил престанале да постојат.

За престанок на правото на азил поради причините од став 1 на овој член, се спроведува постапка, како и за признавање право на азил, утврдена со овој закон.

ГЛАВА ИВ

ИСПРАВИ

Издавање на исправи
Член 39

За исправи, во смисла на овој закон, се сметаат:

  • идентификациона исправа за барател на право на азил;

  • лична карта за признаен бегалец и лице под хуманитарна заштита и

  • патна исправа за признаен бегалец, согласно Конвенцијата од член 2 алинеја 1 на овој закон.

Исправите од став 1 на овој член, согласно овој закон, ги издава Минстерството за внатрешни работи.

Исправата од став 1 алинеа 1 и 2 на овој член е идентификационен документ кој лицето е должно да го носи со себе и да го покаже на барање на службеното лице кое со закон е овластено да легитимира.

Забрането е да се даде исправа од став 1 на овој член на послуга на друг или лицето да се послужи со туѓа исправа како со своја.

Идентификациона исправа за барател на право на азил

Член 40

Идентификационата исправа за барател на право на азил е со важност до донесување на конечна одлука во постапката за азил, односно до истекот на рокот во кој лицето е должно да ја напушти територијата на Република Македонија по правосилноста на одлуката со која е одбиено неговото барање.

Лична карта

Член 41

Признаен бегалец и лице под хуманитарна заштита, кое наполнило 18 години живот е должно да поднесе барање за издавање на лична карта.

Личната карта за признаен бегалец, се издава со рок на важење од пет години, а за лице помладо од 27 години со рок на важење од три години.

Личната карта за лице под хуманитарна заштита, се издава со рок на важење до една година.

На признаен бегалец и лице под хуманитарна заштита им се определува матичен број за странец.


Патна исправа

Член 42

На барање на признаен бегалец кој наполнил 18 години живот, се издава патна исправа со важност од две години. Важењето на патната исправа може да се продолжува. За лице помладо од 18 години живот, барањето за издавање на патна исправа го поднесува неговиот законски застапник.

Со издавање на патната исправа од став 1 на овој член, признаениот бегалец не се стекнува со право да бара заштита од дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.



Одбивање на издавање и одземање на патна исправа

Член 43

Патна исправа нема да се издаде на признаен бегалец:

  • против кој се води кривична или прекршочна постапка, на барање од надлежниот суд;

  • на кој му е изречена безусловна казна затвор, додека не ја издржи казната и

  • на барање на надлежен орган, доколку не ги намирил имотно-правните или финансиските обврски кон Република Македонија.

Ако причините од став 1 на овој член постоеле пред денот на издавањето на патната исправа, а за нив се дознало подоцна или причините настанале по денот на издавањето, патната исправа ќе се одземе.

Во решението со кое се одбива барањето за издавање на патна исправа, односно се одзема патната исправа, се наведуваат причините.

Против решението од став 3 на овој член може да се поднесе желба до надлежната комисија на Владата.

Жалбата против решението за одземање на патната исправа не го одлага неговото извршување.


Враќање на патна исправа и лична карта

Член 44

По правосилноста на одлуката за престанок на правото на азил, лицето е должно да ја врати издадената патна исправа и личната карта на Министерството за внатрешни работи.

Преминување на државната граница

Член 45

На барател на право на азил или лице под хуманитарна заштита може да му се издаде патен лист за странец, согласно Законот за движење и престој на странците.

Исчезнување или оштетување на исправа

Член 46

Лицето на кое му е издадена исправа согласно овој закон, должно е да го пријави нејзиното исчезнување или оштетување на Министерството за внатрешни работи, во рок од два дена од моментот кога тоа го забележал.

На лицето од став 1 на овој член му се издава потврда за пријавувањето на исчезнатата или оштетената исправа.


ГЛАВА В

ПРАВНА ПОЛОЖБА

Општи обврски

Член 47

Секој барател на право на азил или лице на кое му е признаено право на азил во Република Македонија, за време на престојот во Република Македонија, е должен да се придржува кон Уставот на Република Македонија, законите, другите прописи и одлуките на државните органи, како и во согласност со обврските утврдени со меѓународни договори, ратификувани во согласност со Уставот.

1. ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА БАРАТЕЛИ НА ПРАВО НА АЗИЛ

Права на барателите на право на азил

Член 48

Барателите на право на азил до донесување на конечна одлука во постапката за признавање право на азил имаат право на:

  • престој;

  • сместување и згрижување во Прифатен центар или друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика;

  • основни здравствени услуги;

  • работа само во рамките на Прифатниот центар или друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика и

  • контакти со Високиот комесаријат за бегалци, како и невладини хуманитарни организации заради давање на правна помош во постапката за признавање право на азил.

Министерството за труд и социјална политика се грижи за обезбедување на средства за издржување и здравствена заштита на барателите на право на азил, додека се наоѓаат во Прифатниот центар или друго место за сместување определено од ова министерство.

Должности на барателите на право на азил

Член 49

Барателот на право на азил е должен:

  • да престојува во Прифатниот центар или друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика;

  • да соработува со органите за признавање право на азил, особено да дава лични податоци, да ги предаде идентификационите и други исправи што тој можеби ги поседува, да овозможи негово фотографирање и дактилоскопирање, личен претрес и претрес на багажот и возилото со кое пристигнал во Република Македонија, како и да дава податоци за својот имот и приходи;

  • да се подложи на здравствени прегледи, лекување и пропуштено вакцинирање по барање на органите надлежни за работите од областа на здравството, во случај на опасност по здравјето на луѓето и

  • да ги почитува куќните правила на Прифатниот центар или друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.



2. ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ПРИЗНАЕНИТЕ БЕГАЛЦИ

Личен статус и право на престој

Член 50

Личниот статус на признаениот бегалецот се утврдува според законите на Република Македонија.

Признаениот бегалец има право на престој на територијата на Република Македонија.



Права и должности

Член 51

Ако со овој или со друг закон поинаку не е определено, признаените бегалци имаат исти права и должности со државјаните на Репбулика Македонија, со следните исклучоци:

  • немаат избирачко право;

  • не подлежат на воена обврска и

  • не можат да вршат дејност, да засноваат работен однос и да основаат здруженија на граѓани или политички парии во случај кога со закон како услов е предвидено лицето да има државјанство на Република Македонија.

Признаените бегалци можат да стекнат право на сопственост на движен и недвижен имот, да засноваат работен однос или да вршат дејност, под услови утврдени со закон со кој се регулира ова право за странците во Република Македонија.

Сместување

Член 52

На признаениот бегалец му се обезбедува сместување, согласно принципот на локално учество, преку давање соодветен стан на користење или на парична помош потребна за обезбедување простории за сместување, до обезбедување на средства за својата егзистенција, но најдолго две години од денот на доставувањето на решението за признавање на статус на признаен бегалец.

Во случај кога признаениот бегалец ќе ги одбие дадените простории за сместување во општината, го губи правото на сместување и може да се насели во друга општина по сопствен избор и трошок.



Парична помош

Член 53

Признаен бегалец кој нема приход или не може да го оствари од својот имот има право на парична помош во месечен износ, во вид на основна парична помош на носителот на правото и додаток за другите членови на семејството кои немаат средства за егзистенција (соуживатели на помошта) до обезбедување на средства за својата егзистенција, а најдолго две години од денот на доставувањето на решението за признавање на статус на признаен бегалец.

Паричната помош од став 1 на овој член, се утврдува од просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија остварена во последните три месеци и изнесува за:



  • основна парична помош ( признаен бегалец - самец) 18%;

  • признаен бегалец со еден соуживател на правото 23% и

  • признаен бегалец со двајца и повеќе соуживатели на правото 30%.

По истекот на рокот од став 1 на овој член, признаените бегалци се изедначени со државјаните на Република Македонија, по однос на правото на постојана парична помош и другите права од социјална заштита.




Здравствена заштита

Член 54

До стекнување својство на осигурено лице, согласно Законот за здравственото осигурување, признаениот бегалец има право на основни здравствени услуги, како и државјаните на Република Македонија.

Извори на финансирање и надлежен огран

што се грижи за остварување на правата

Член 55

Средствата за сместување, парична помош и здравствена заштита од членовите 52, 53 и 54 на овој закон, се обезбедуваат во Буџетот на Републиката.

За сместување, доделување на парична помош и здравствена заштита на признаените бегалци се грижи Министерството за труд и социјална политика.



Права од работен однос и социјално осигурување

Член 56

Правото на работа признаените бегалци го остваруваат под истите услови кои со соодветни законски прописи се предвидени за странците со одобрен постојан престој во Република Македонија.

Во случај на примена на мерки за ограничувања на вработување на странци, истите нема да се применуваат врз признаените бегалци кои доаѓаат од држава кон чии државјани се насочени тие мерки, доколку признаениот бегалец исполнува еден од следните услови:



  • престојува најмалку 3 години на територијата на Република Македонија;

  • во брак е со државјанин на Република Македонија;

  • има едно или повеќе деца кои се државјани на Република Македонија.

Во поглед на правата од работен однос, здравствена заштита, пензиско и инвалидско осигурување, признаените бегалци се изедначени со државјаните на Република Македонија.

Трансфер на имот, вложен капитал и добивка

Член 57

Во согласност со законските прописи на Република Македонија признаениот бегалец има право на трансфер на имотот кој е внесен на територијата на Република Македонија и слободно изнесување на вложениот капитал и добивката во друга држава каде е примен заради ново населување.

3. ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ЛИЦА ПОД ХУМАНИТАРНА ЗАШТИТА

Право на прастој

Член 58

Со денот на доставувањето на решението за признавање на право на азил заради хуманитарна заштита, лицето под хуманитарна заштита се стекнува со право на престој на територијата на Република Македонија во траење до една година и истиот се продолжува доколку причините од член 5 на овој закон сеуште постојат.

Сместување

Член 59

На лицето под хуманитарна заштита му се обезбедува сместување согласно член 52 на овој закон, но најдолго една година од денот на доставувањето на решението за признавање на статус на лице под хуманитарна заштита.

Права и должности

Член 60

Лицето под хуманитарна заштита има право на парична помош под услови и во висина утврдени во член 53 на овој закон и право на основни здравствени услуги согласно член 54 на овој закон.

Ако со овој или со друг закон поинаку не е определено, лицата под хуманитарна заштита имаат исти права и должности со странците со одобрен привремен престој на територијата на Репубика Македонија.



Доброволна репатријација

Член 61

По престанок на правото на азил во Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, во соработка со Високиот комесаријат за бегалци, ќе овозможат организирано доброволно враќање на лицата во нивната земја на потекло.


ГЛАВА ВИ

ПРАВО НА ПРИВРЕМЕНА ЗАШТИТА

Услови за добивање привремена заштита

Член 62

Во случај на масовен прилив на лица кои непосредно доаѓаат од држава во која нивните животи, безбедност или слобода се загрозени со војна, граѓанска војна, окупација, внатрешен конфликт пропратен со насилство или масовно кршење на човековите права, Владата може да им даде привремена заштита.

Владата периодично го преиспитува постоењето на околностите од став 1 на овој член и одлучува за продолжување на привремената заштита.

Привремената заштита во Република Македонија не може да трае подолго од две години.

Примена на одредби на овој закон
Член 63

Одредбите на член 6, 7, 8, 14, 17 и 47 на овој закон се однесуваат и на лицата под привремена заштита.
Права на лицата под привремена заштита
Член 64

Лицата под привремена заштита имаат право на:

  • престој и згрижување во Република Македонија за време на привремената заштита, во согласност со економските можности на Република Македонија;

  • право на работа, здравствена заштита и пензиско и инвалидско осигурување под исти услови кои со соодветни прописи се предвидени за странците со одобрен привремен престој во Република Македонија;

  • хуманитарна помош и основни здравствени услуги за невработени лица под привремена заштита и

  • основно и средно образование, а во поглед на повисоките степени на образование, лицата под привремена заштита се изедначени со странците со одобрен привремен престој во Република Македонија.

Престојот од став 1 алинеја 1 на овој член нема да се смета за законски престој во смисла на Законот за движење и престој на странците и Законот за државјанството на Република Македонија.

За остварување на правата од став 1 на овој член се грижи Министерството за труд и социјална политика.



Идентификациона исправа
Член 65
Министерството за внатрешни работи ќе ги евидентира лицата под привремена заштита и ќе им издаде идентификациона исправа.
Идентификационата исправа од став 1 на овој член е со важност до престанокот на привремената заштита во Република Македонија.
Одредбите на член 39 став 2, 3 и 4 на овој закон, се однесуваат и на идентификационата исправа за лица под привремена заштита.
Поднесување на барање за признавање право на азил
Член 66
Лице под привремена заштита има право во секое време да поднесе барање за признавање право на азил.

Лицето под привремена заштита на кое барањето за признавање право на азил му е одбиено, ќе ужива привремена заштита до истекот на времето за кое таа е дадена.

ГЛАВА ВИИ

ОБРАБОТКА И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Централна збирка на податоци

Член 67

Одделението за азил воспоставува, обработува и користи Централна збирка на податоци, согласно Законот за заштита на лични податоци, која содржи лични податоци за баратели на право на азил, признаени бегалци и лица под хуманитарна заштита, податоци за нивниот престој и права што ги користат во Република Македонија.

Размена на податоци

Член 68

Податоците од Централната збирка на податоци не можат да се разменуваат со земјата на потекло на лицето, на кое тие податоци се однесуваат или со земјата на потекло на членовите на неговото семејство.

Заради извршување на одлуката за протерување од територијата на Република Македонија на лице чие барање за признавање право на азил правосилно е одбиено или на кое со правосилна одлука му престанало правото на азил во Република Македонија, Одделението за азил може со надлежните органи на други држави да ги разменува следните податоци:



  • име и презиме, датум и место на раѓање, пол, државјанство, последно живеалиште и адреса на станот, податоци за бројот на членови на семејството и за исправи издадени од земјата на потекло и

  • отпечатоци од прсти и фотографија.

ГЛАВА ВИИ

КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ

Член 69

Со парична казна од 10.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок физичко лице кое:

  • исправите од член 39 став 1 ги дава на послуга, односно се служи со туѓа идентификациона исправа како со своја (член 39 став 4);

  • со наполнети 18 години живот не поднесе барање за издавање на лична карта (член 41 став 1);

  • не ја врати издадената патна исправа и лична карта на Министерството за внатрешни работи при престанок на правото на азил (член 44).



Член 70

Со парична казна до 20.000 денари ќе се казни за прекршок физичко лице кое:

  • не ги чува како тајна податоците што ги дознало во текот на постапката (член 21 став 3 и член 22 став 4);

  • не ја носи со себе идентификационата исправа или ќе одбие да ја покаже на барање на службено лице кое со закон е овластено да легитимира (член 39 став 3);

  • не пријави исчезнување или оштетување на исправата издадена согласно овој закон до Министерството за внатрешни работи во рок од два дена од моментот кога тоа го забележал (член 46 став 1) и

  • дејствува спротивно на член 49 на овој закон.

ГЛАВА ИЏ

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 71

Министерот за внатрешни работи во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе донесе подзаконски пропис за образецот на барање за признавање право на азил, начинот на земање на отпечатоци од прсти и фотографирање на барателите на право на азил, образецот и постапката за издавање и замена на исправи на баратели на право на азил и лица на кои им е признаено право на азил или привремена заштита во Република Македонија и за начинот на водење на евиденција.
Член 72

Со денот на влегувањето во сила на овој закон, постапките за признавање на правото на азил и за признавање статус на бегалец што не се довршени според Законот за движење и престој на странците (“Службен весник на РМ” бр.36/92, 66/92, 26/93 и 45/2002), ќе се довршат според одредбите на овој закон за редовна постапка за признавање право на азил.
Член 73

Правото на азил или статусот на бегалец, признаен на странец или лице без државјансто врз основа на Законот за движење и престој на странците продолжува доколку лицето престојува на територијата на Република Македонија по денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 74

Со денот на влегувањето во сила на овој закон, лицата од Србија и Црна Гора од Косово со статус на привремено хуманитарно згрижени лица во Република Македонија, ќе се сметаат за лица под привремена заштита, согласно со овој закон.
Член 75

Со денот на влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат одредбите од членовите 40-55, членовите 56 став 3, 58 став 1, 59 став 1, 60 став 1 и 61 став 1 во делот што се однесува на патната исправа за бегалец, член 77 став 1 алинеа 7 и 8 и член 79 став 1 алинеа 1, 2 и 7 на Законот за движење и престој на странците.
Член 76

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.


Коьрта
Контакты

    Главная страница


Законот за азил и привремена заšтита, šто Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одрžана на 16 јули 2003 го

Скачать 322.63 Kb.